Агенда 2030 нема никаква врска со сатанизам

Сатанистички симболи Фото: JoaoVictorShemramforash, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Документот Агенда 30, претставува план за одржлив развој на кој се имаат согласено земјите членки на ОН во 2015 година, тој вклучува во себе 17 глобални цели кои покриваат работи, како намалување на нееднаквоста и спречување на глад во светот

Агендата 2030 нема никаква врска со некаков сатанистички план, како што се тврди во објавата. Документот Агенда 30, претставува план за одржлив развој на кој се имаат согласено земјите членки на ОН во 2015 година, тој вклучува во себе 17 глобални цели кои покриваат работи, како намалување на нееднаквоста и спречување на глад во светот

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

МИСЛИТЕ Е ЛАГА ОВА ЗА САТАНИСТИЧКИОТ ДИГИТАЛЕН ИДЕНТИТЕТ И ДИГИТАЛНА ВАЛУТА, САМО ШТО ТОА НЕ Е ЛАГА ТОА Е АГЕНДА 2030 КОЈА ЈА СПРЕМААТ ЦИОНИСТИТЕ ЕВРЕЈСКОТО ХАЗАРСКО ДЕМОНСКО ПЛЕМЕ

Теориите на заговор поврзани со дигиталниот идентитет и дигиталната валута често го поврзуваат „користењето на дигитален идентитет и валута со контрола за тоа кој може да купи храна или да пристапи до пари“. Всушност невистинито се тврди дека луѓето што нема да се согласат да имаат дигитална лична карта нема да можат да купуваат основни работи како што е храната. Понекогаш ова е поврзано со тврдења за 15-минутни градови. Но, нема координиран план за користење на дигитални лични карти за изгладнување или контрола на луѓето и нивните пари.

Паричникот за дигитален идентитет (eID) на ЕУ е европскиот одговор на предизвиците за идентификацијата. Тој ќе им овозможи на корисниците пристап до јавни и приватни услуги преку интернет и офлајн, складирање и споделување дигитални документи и креирање обврзувачки потписи.

Услугите од јавниот и приватниот сектор сè повеќе се нудат преку интернет, создавајќи растечка потреба за безбедна дигитална автентикација. Во исто време, заканите за дигиталната приватност станаа очигледни, а луѓето се сè повеќе загрижени за профилирањето и надзорот.

Рамката на ЕУ за дигитален идентитет е одговорот на овој предизвик. Таа се заснова на принципот дека секој секогаш треба да го контролира својот дигитален идентитет. Дигиталните паричници на ЕУ се средство за постигнување на оваа цел. Граѓаните треба да можат да го носат својот дигитален идентитет со себе низ цела ЕУ, движејќи се непречено преку границите без да ја изгубат контролата врз своите податоци, со приватноста и безбедноста во срцето на проектот.

Многу граѓани веќе користат е-паричници на своите мобилни телефони за чување карти за влез во авион и билети кога патуваат, или виртуелни банкарски картички и картички за лојалност кога купуваат. Овие паричници што ги нудат онлајн платформите честопати им даваат на корисниците пристап до разни е-услуги преку нивните профили – од купување продукти до читање вести, но не мора да нудат целосна контрола врз податоците што ги споделуваат кога користат такви услуги.

Намерата на ЕУ да воведе дигитално евро ги поттикна теоретичарите на заговори да шират дезинформации дека „дигиталната валута ќе биде програмирана и ограничена за користење, со временски период и ќе биде контролирана од државата“.

Не е точно дека дигиталното евро ќе биде ограничено за користење. Тоа ќе коегзистира со готовина и нема да има ограничување за тоа како се трошат парите, пишува „Форбс“. 

Соработуваме со националните централни банки на еврозоната за да разгледаме евентуално издавање на дигитално евро. Тоа би била дигитална валута на централната банка, електронски еквивалент на готовина. И би ги надополнувала банкнотите и монетите, давајќи им на луѓето дополнителен избор за тоа како да плаќаат. Дигиталното евро би било дигитална форма на готовина, издадена од централната банка и достапна за сите во еврозонатанаведува Европската централна банка на страницата за Дигиталното евро.

Дигиталното евро има голем број придобивки за оние што ќе одлучат да го користат. Значи, тоа ќе биде опционално и нема да го замени плаќањето во кеш, туку замислата е да функционираат заеднички. Доколку некој не сака да користи дигитални евра, не мора. Бидејќи дигиталните евра ќе бидат пари на Европската централна банка, тие би биле јавно добро достапно за сите.

Корисниците би можеле да чуваат само ограничен износ на дигитално евро на својата сметка. Ова би обезбедило дигиталното евро да биде безбедно складиште на вредност, слично на готовината, со што ќе се зачува стабилноста на нашиот финансиски систем и ќе се спречи одлив на банкарски депозити, дури и во време на криза. Поврзувањето на нивниот дигитален евро-паричник со банкарска сметка би им овозможило на корисниците да вршат плаќања над лимитот на располагање и веднаш да го покријат секој недостаток, без да мора однапред да го надополнуваат својот дигитален евро-паричник (под претпоставка дека има доволно средства достапни на поврзаната сметка), се наведува во објаснувањата.

Во врска со Агенда 30 што се спомнува во објавата, „Вистиномер“ досега дебанкираше бројни дезинформации кои ја таргетираа Агендата 2030, меѓу кои и таа дека „со неа се цели да се убијат 7 милијарди луѓе“, дека поради неа „се уништува сточарството“, како и тоа дека нејзината цел е да се воспостави „контрола врз човештвото“. Впрочем, станува збор за нешто многу поинакво. Агендата нема никаква врска со некаков сатанистички план, како што тоа се тврди во објавата.

Документот Агенда 30 претставува план за одржлив развој на кој се имаат согласено земјите членки на Обединетите нации во 2015 година, toj вклучува во себе 17 глобални цели кои покриваат работи, како намалување на нееднаквоста и спречување на глад во светот.

Во текот на пандемијата со ковид-19, многу се манипулираше со Агенда 30 од страна на теоретичарите на заговор, но проверувачите на факти на Ројтерс пишуваа дека невистинито е презентирана и дека неосновано ја поврзуваат со ковид-19.

Агенда 2030 е амбициозна иницијатива на ОН од 2015 година за да се решат најголемите човечки кризи до 2030 година и целиот документ може да се прочита на овој линк.

Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција