Агенти на ФБИ не го уапсиле Обама, Трамп објави видео креирано со вештачка интелигенција
Трамп го објави ова видео на неговата социјална мрежа Трут соушл на 21 јули 2025 година, два дена откако Габард изјави дека ќе ги предаде сите документи, поврзани со нејзините наоди за наводното измислување докази за руско мешање од страна на администрацијата на Обама до Министерството за правда за кривична пријава.
Трамп го објави ова видео на неговата социјална мрежа Трут соушл на 21 јули 2025 година, два дена откако Габард изјави дека ќе ги предаде сите документи, поврзани со нејзините наоди за наводното измислување докази за руско мешање од страна на администрацијата на Обама до Министерството за правда за кривична пријава
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
ОКО ЗА ОКО…ТРАМП ЛИКУВА И СЕ РАДУВА НАРЕДИ ДА ДА СЕ АПСИ ОБАМА.
Објавата споделува напис од српскиот портал „Информер“ со фотографија на која се гледа како Доналд Трамп седи до Барак Обама, а две лица од ФБИ го фаќаат Обама за рацете.
Написот на Информер е со наслов: „ФБИ изврши рација и го уапси Обама! Трамп објави шокантно видео, ова е одмазда за заговорот за време на изборите во 2016 година! (ВИДЕО)“.
Но, само што ќе го отворите написот, уште во првата реченица, јасно е наведено дека станува збор за монтирано, а не вистинито видео.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави монтирано Тик-ток видео во кое ФБИ ја апси анимираната верзија на поранешниот американски претседател Барак Обама. Овој гаф на Трамп дојде откако директорката на Националното разузнавање Тулси Габард објави 114 страници цензурирани е-пораки за кои тврди дека откриваат демократска завера за да се оспори изборната победа на Доналд Трамп во 2016 година. Габард тврди дека е-пораките покажуваат дека Советот за национална безбедност во кабинетот на поранешниот американски претседател Барак Обама фалсификувал и манипулирал со разузнавачките податоци за да создаде впечаток дека Русија сакала Трамп да победи, пренесува Блумберг, пишува Информер.
Трамп го објави ова видео на неговата социјална мрежа Трут соушл на 21 јули 2025 година, два дена откако Габард изјави дека ќе ги предаде сите документи, поврзани со нејзините наоди за наводното измислување докази за руско мешање од страна на администрацијата на Обама до Министерството за правда за кривична пријава.
Од видеото може да се види дека тоа е креирано со помош на вештачка интелигенција, односно дека Обама не бил навистина уапсен од страна на ФБИ, како што тврди објавата што ја анализираме.
Дека видеото е ВИ потврдуваат бројни светски медиуми (тука, тука, тука, тука, тука).
Инаку, поранешниот американски претседател Барак Обама, како што објави Гардијан на 23 јули, два дена откако Трамп го објави монтираното видео од неговото апсење, го прекина молкот за повиците на Трамп да биде кривично гонет, отфрлајќи ги обвинувањата на неговиот наследник дека се обидел да организира пуч по изборната победа на Трамп во 2016 година со „изработка“ на докази за руско вмешување.
Од почит кон функцијата претседател, нашата канцеларија вообичаено не им придава важност на постојаните бесмислици и дезинформации што излегуваат од оваа Бела куќа и не излегува со одговор. Но, овие тврдења се доволно скандалозни за да заслужат еден. Овие бизарни обвинувања се смешни и слаб обид за одвлекување на вниманието, соопштиле од канцеларијата на Обама.
Од сите погоре изнесени факти можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар