АИ генерирани и неавтентични фотографии на градоначалникот на Њујорк со мајка му и Џефри Епстин
Во склоп на видеото има 3 фотографии кои се креирани со вештачка интелигенција. За фотографијата за која се тврди дека на неа се наоѓаат мајката на градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани, заедно со Бил Клинтон и Џефри Епстин, проверувачите на факти на Политифакт веќе објаснија дека е невистинита, односно креирана со вештачка интелигенција
Во склоп на видеото има 3 фотографии кои се креирани со вештачка интелигенција. За фотографијата за која се тврди дека на неа се наоѓаат мајката на градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани, заедно со Бил Клинтон и Џефри Епстин, проверувачите на факти на Политифакт веќе објаснија дека е невистинита, односно креирана со вештачка интелигенција
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува:
Во видеото е градоначалникот на Њујорк- растен, воспитуван, подготвуван од Епстин и компанија да во 2025 се појави онака најкул, најнеутрален, најмигрант на свет, да му се спротивстави на злото и да победи во трката за градоначалник. Зар верувате во случајни ( со квалитет, работа, емпатија) позиции? “Just left Ghislaine’s townhouse… after party for film. Bill Clinton and Jeff Bezos were there… Jean Pigozzi, director Mira Nair…etc. Film received tepid reaction although women like it much more… Hillary Swank and Gere at stupid party in Bloomingdales cheap sportwear department… very weird.”… Ова е дел од атмосферата опишана на забавата на која присуствувала мајката на Зохран. Присутни биле Бил Клинтон, Џеф Безос… затоа веројатно се ставени во видеото – дури и ако е генерирано, не значи дека не е точно, имајќи ја предвид пораката што ја праќа – метафората е јасна, симболиката е силна НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО П.С. Видеото е генерирано, но актерите во видеото се спомнати во фајловите на Епстин и тоа на едно место. Пораката не е дека градоначалникот на Њујорк буквално го растеле Епстин, Клинтон, Безос, туку дека е нивен конструкт.
Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани е роден во 1991 година, а мејлот потекнува од 2009 година, така што доколку Мамдани навистина бил на таа забава со мајка му, би имал околу 18 години во тоа време, и не би бил дете како што е прикажано на фотографијата, пишуваат проверувачите на факти на Политифакт.
Тие додаваат дека фотографијата за првпат била споделена на социјалната мрежа Икс од страна на профил каде е карактеризирана како креирана со вештачка интелигенција и во објаснувањето пишува – „оваа фотографија е креирана со вештачка интелигенција и претставува непостоечки настан. Зохран Мамдани е роден во 1991 година од мајка Мира Наир која иако била на забава во 2009 година со Бил Клинтон и Џеф Безос, Мамдани во тоа време имал 18 години.“
Mira Nair holding her baby Zohran Mamdani with Bill and Jeff aka Mira Nair holding a Little terrorist with two big terrorists pic.twitter.com/bzXMrWKMtQ
— DFF (@DumbFckFinder) January 31, 2026
Во склоп на видеото во објавата што ја рецензираме има уште една фотографија. Кога „Вистиномер“ ја постави во сервисот Гугл и пребаравме повеќе информации за фотографијата, добивме резултат дека и оваа фотографија е создадена со вештачка интелигенција.

За дополнителна потврда, ја искористивме и алатката Хајв модерејшн (Hive moderation) за да провериме дали се работи за фотографија која е креирана со помош на вештачка интелигенција. Сервисот Хајв, покажува дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција со веројатност од 99,7 проценти.

И третата фотографија, на која наводно е мајката на градоначалникот со Епстин на плажа, е креирана со вештачка интелигенција, а тоа го пренесуваат светските медиуми (11 секунда на ова видео). Истото го констатираат и медиуми во Украина.
Мајката на градоначалникот, филмската режисерка од Индија со успешна интернационална кариера Мира Наир, е спомената во мејл од траншата најнови објавени документи во досието Џефри Епстин од страна на Министерството за правда на САД. Мејлот, според Ројтерс, е од 21 октомври 2009 и го пратила Пеги Сигл на мејл адресата на Епстин и во него пишува дека „Наир присуствувала на забава во викендичката на соработничката на Епстин, Гилен Максвел, после премиерата на неименуван филм“.
Фактот што Епстин е примател на ваков мејл од Сигл имплицира дека тој добива новости за забавата, сугерирајќи дека не бил таму, пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс.
Инаку, филмот „Амелија“ чија режисерка е Мира Наир, беше промовиран во 2009 година.
Невистинито е наведеното во првиот дел од објавата што ја рецензираме дека „на видеото е градоначалникот на Њујорк“ кој бил „растен воспитуван и подготвуван од Епстин и компанија да во 2025 се појави онака најкул, најнеутрален, најмигрант на свет, да му се спротивстави на злото и да победи во трката за градоначалник.“
Нема докази дека градоначалникот на Њујорк е „конструкт на Епстин, Клинтон и Безос“. Мајката на Зохран Мамдани има богата режисерска кариера.
A Зохран Мамдани победи во Њујорк поради неговата кампања со големи ветувања и политики за намалување на цените за живот на луѓето во Њујорк, вклучително бесплатни градинки, исплатливо домување, исплатлив јавен превоз, предлогот за формирање на градска продавница во која цените ќе бидат ниски, a се заложи и за повисоки даноци за богатите.
Не може да се потврди наведеното во објавата која ја рецензираме за „некаква метафора дека ништо не е случајно“, односно дека „градоначалникот е конструкт на Безос, Клинтон и Епстин“.
Самиот градоначалник на Њујорк ги коментираше фотографиите на следниот начин:
На лично ниво, неверојатно е тешко да се гледаат фотографии за кои знаете дека се лажни, дека се фотошопирани и креирани со вештачка интелигенција и сепак таквите фотографии да допрат до цел свет во ера на дезинформации.
Мамдани се согласи со поговорката дека „лагата може да патува до половина свет додека вистината сè уште ги облекува чевлите“ и рече дека е важно владините претставници да преземат намерни чекори за да ги ограничат злоупотребите на оваа технологија што еволуира.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека фотографиите во оваа објава се АИ генерирани и се неавтентични.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар