Албанските антиваксери монтирале непостоечка изјава на потпретседателката на САД

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави (САД) во ниту еден момент не рекла дека сите хоспитализирани лица со Ковид-19 во САД се вакцинирани. Видеото што кружи не содржи ниту една вистина. Истото видео е сечено и монтирано од страна на организирана група, која е против вакцинацијата и чија цел е попречување на процесот на имунизација во нашата држава. Напротив, Харис апелираше до сите да се вакцинираат, пишува Порталб.мк.

 

Монтираното видео е целосно извадено од контекст и првично е објавено од лицето Kрешник Османи на Фејсбук и потоа е споделено повеќе од 450 пати од други корисници и истото го гледале над 10 илјади други.

 

Во монтираното видео, потпретседателката Камала Харис се слуша како вели дека во моментов сите хоспитализирани од Ковид-19 се вакцинирани лица, исто така и сите лица кои починале од вирусот, се вакцинирани.

 

Делта варијантата се шири многу брзо и во многу случаи е многу посериозна, а вакцината нема да ве заштити од оваа варијанта. Колку што знам, сите луѓе кои моментално се хоспитализирани со Ковид-19 се вакцинирани. Повторувам. Факт е дека сите лица кои се во болница се вакцинирани против Ковид-19. Уште полошо, сите тие што во последно време починале од Ковид-19 биле вакцинирани, се вели во монтираното видео.

 

Монтираното и сечено видео на Камала Харис Крешник Османи го споделил со наслов во кој тој вели дека потпретседателката никогаш порано не била толку искрена.

 

Меѓутоа, речиси секој збор што го „цитирал“ споделувачот на оваа дезинформација, Крешник Османи, не излегол од устата на Потпретседателката Камала Харис и видеото е монтирано за да се попречи процесот на имунизација, искористувајќи го кредибилитетот кој го ужива потпретседателката Харис.

 

Оригиналното и немонтирано видео на Потпретседателката Камала Харис беше објавено на 12 јули 2021 година и трае 45 минути.

 

Порталб.мк го пронајде оригиналното видео:


Инаку, на оваа прес-конференција која се одржа при еден собир за мобилизација на населението за што помасовно вакцинирање, со лепење и сечење беше изваден од контекст апелот на Потпретседателката Камала Харис за вакцинација.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција