Албион Џемаили
Aлбион Џемаили, градоначалник на Општина Боговиње
ОБРАЗОВНАИЕ
Албион Џемаили, е роден на 16.11.1971 во Боговиње, каде што завршил основно училиште. Средно медицинско училиште завршил во Тетово, а дипломирал на Фармацевтскиот факултет на Универзитетот во Тирана.
Албион Џемаили е автор на бројни научни трудови и преводи. Во моментот ги следи постдипломските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Фармацевтски факултет, насока Медицински менаџмент со Фармако-економија.
КАРИЕРА
Кариерата ја започнува како фармацевт во неговото родно место.
Подоцна, во 2006 година се вработува во Министерството за здравство во Скопје. Од 2006 година е советник и дел од Инспекторатот во фармацевтскиот оддел, Скопје.
Од 2006 до 2008 година бил претседател на Извршниот одбор на Фондот за зравство.
Од 2015 година е активен член на Фармацевтската комора.
ИЗВОР:
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар