Александар Панов
Александар Панов е градоначалник на Општина Кавадарци од 2009 година, и моментално е во вториот последователен мандат.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Александар Панов e роден на 11 август, 1969 година, во Кавадарци. Женет е и татко на две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Со високо образование се стекнал на Правниот факултет при УКИМ -Скопје, каде дипломирал во 1996 година.
КАРИЕРА
По дипломирањето, веднаш започнал со стажирање во адвокатска канцеларија во Кавадарци.
Во мај 1999 година се вработил во ЈП „Комуналец”- Кавадарци, како правник, а од декември 2008 до април 2009 година ја извршувал функцијата раководител на ЈП „Македонски пошти”, подружница Кавадарци.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
Прв пат за градоначалник бил избран на локалните избори во 2009 година, а во 2013 година втор пат ја добива довербата од граѓаните.
Бил член на Надзорниот одбор на ЗЕЛС, како и член во Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската унија.
ИЗВОРИ
Веб-сајт на ЗЕЛС – Гласило април 2013
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар