Amaro ma non troppo: Назначувањето на Шекеринска за заменик генсек на НАТО ја поларизираше јавноста

Радмила Шекеринска | Фото: Vlada.mk, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Поврзувањето на одлуката на Бајден да ù дозволи на Украина користење ракети со долг дострел со именувањето на Шекеринска на функцијата заменик генереален секретар на НАТО е само дел од мозаикот на хејтерските изливи на социјалните мрежи, кои добија реакции со ироничен набој.

Поврзувањето на одлуката на Бајден да ѝ дозволи на Украина користење ракети со долг дострел со именувањето на Шекеринска на функцијата заменик генереален секретар на НАТО, е само дел од мозаикот на хејтерските изливи пуштени на најјако на социјалните мрежи, кои добија реакции со ироничен набој. Изразот „amaro ma non troppo“ (горчливо, но не премногу) е, веројатно, најприближната илустрација за приемот на овој политички успех на Шакеринска кај владејачката структура

 

Пишува: Стојан Синадинов

 

Откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го објави именувањето на Радмила Шекеринска за нареден заменик-генерален секретар со избрани зборови – таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата, што значи да се биде полноправна членка, како и дека со нетрпение очекува да работи со неа,  неодминлив е впечатокот дека повторно сведочиме на веќе познатата поделба околу значајни политички моменти.

Именувањето на Шекеринска за заменик генерален секретар секако дека е еден од најзначајните моменти во поновата македонска политичка историја – таа е само трета жена на таа функција, односно 18-ти по ред заменик генсек во историјата на Алијансата , па броењето на честитките од политичките лидери и партии, како и нивното задоцнување, веќе два дена ја преокупира домашната, но и регионална јавност.

Фото: Принтскрин

А како и да не ја преокупира, кога ќе го прочитате описот на должностите што ги извршува заменик генералниот секретар во структурата на НАТО:

Во нивната секојдневна работа, генералниот секретар е директно поддржан од личната канцеларија и заменик генералниот секретар, кој му помага на генералниот секретар и го заменува во негово отсуство. Заменик генералниот секретар е и претседавач со голем број високи комитети, ад-хок групи и работни групи.

Изразот „amaro ma non troppo“ (горчливо, но не многу) е, веројатно, најприближната илустрација за приемот на овој политички успех на Шeќеринска кај владејачката структура кога ќе ги прегледате реакциите на социјалните мрежи.

Хејтерски речник „пуштен на најјако“

Зајадливоста во коментарите по назначувањето на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО (овде и овде и овде), пропратени со хејтерски речник „пуштен на најјако“, одат паралелно со „списокот“ на наводните жртви кои државата и нејзините граѓани ги поднеле при приемот на Северна Македонија во НАТО, како и со малициозно портретирање на нејзината личност и политичка кариера.

Сега кога Рада Прада стана заменик генерален секретар на НАТО целата наша национална жртва добива смисла. Зарем не? Дадовме име и презиме, и устав и корени, за богатите да станат побогати и помоќни, пишува во објава на Фејсбук.

Како што стојат работите, „катастрофичарите“ со двете раце го прифатија именувањето на Шекеринска, бидејќи повторно имаат материјал за тролање: ете, и НАТО е на колена и пред распад, па затоа Шекеринска е именувана на таква висока функција, се тврди во објавата на Фејсбук.

Понатаму, се коментира тајмингот на нејзиното именување, односно Шекеринска станала заменик генерален секретар само два дена откако Бајден дозволи Украина да употребува американски ракети за напад врз Русија:

Објавата на Бајден е сериозна ескалација на војната и точно два дена подоцна ние стануваме дел од тоа застрашувачко сценарио? Два дена откако Бајден дозволи Украина да употребува американски ракети за напад врз Русија, a не само за одбрана како што беше цели две години и до пред два дена. Објавата на Бајден е сериозна ескалација на војната и точно два дена подоцна ние стануваме дел од тоа застрашувачко сценарио?, се вели, меѓу другото, во објавата на Фејсбук.

И во следната објава се поврзуваат одлуката на Бајден за дозволата Украина да ги користи најсофистицираните американски ракети за удари длабоко на територијата на Русија и именувањето на Шекеринска за втор човек на НАТО:

Бајден даде зелено светло со намера да го доведе светот во катастрофален судир и веднаш Рада ја устоличија во НАТО. Балканот им е важен, Украина уште повеќе. За што? За војна во која Зеленски не може да победи и да ја провоцираат Русија од Европа да направи кратер. Ама Рада ќе биде тука да помогне и ние како Французите и Англичаните да бидеме ставени на коцка како колатерална штета. Гледај ја Рада, гледај го искубаниот Борис Џонсон или Макрон…исти нато бројлери. Ако стане голема, Рада ќе не мобилизира на јуриш на Москва. Лудило, се вели во објавата на Фејсбук.
Тролањето на Шекеринска на социјалните мрежи оди дотаму што нејзиното именување на една од највисоките функции во Алијансата се споредува со Хитлер!
Тоа е исто како да се радуваме на Хитлер дека добил некое признание или функција. И ова не е никаков успех на македонскиот народ, кратко и јасно, нејзин личен успех. Радмила е толку себично створење, без ронка емпатија, што цел ПОЛИТИЧКИ живот и кариера газела преку лешеви за лични интереси. Нека и честито, не и честитки за Македонија. Затоа што Радмила е последна личност што би заштитувала нечии интереси, освен сопствените, се вели во оваа објава на Фејсбук.
Поврзувањето на одлуката на Бајден да ù дозволи на Украина користење ракети со долг дострел со именувањето на Шекеринска повторно е присутно и во други постови.

Што се случи на 19 ноември 2024г. за Македонија? Најглупата влада во поновата историја на Република Македонија потпиша партнерство со ѓаволот против Русија, фалејќи се дека е прва од регионот што „успеала” да го потпише тој договор. Тоа е денот кога пореметениот Зеленски истрела шест американски ракети со долг дострел во внатрешноста на територијата на Русија од кои што противвоздушната одбрана на руската армија соборила пет а шестата ја оштетила. ДПМНЕ-овската убедливо најбеспаметна влада плус, на истиот ден, се испофали дека ја поддржала НАТО сдс-овската марионета Шеќеринска, која токму на 19 ноември 2024г. е избрана за заменик генерален секретар на НАТО, а НАТО е веќе во војна со Русијасе наведува, меѓу другото, во неколку објави (тука и тука) на Фејсбук.

Истиот материјал кој содржи дезинформации за создавање наратив се повторува и во други објави, најавувајќи „крај на НАТО“, а, секако, не е пропуштена ниту приликата за ситење на некој гаф на Шекеринска од минатото, као и ѕиркање во нејзиниот паричник.

 

Иронијата како лек за омразата

Секако дека именувањето на Шекеринска за заменик генсек на НАТО предизвика дузина позитини коментари на социјалните мрежи. Наспроти хејтерските изливи – на кои им е „земена мерка“ која ја залужуваат – коментарите во редица објави на Фејсбук ја потенцираат компетентноста на Шекеринска за таа висока позиција во Алијансата, со пригодни честитки за нејзиното именување, аспектирајќи го и регионалниот контекст. Но, се анализираа и некои задоцнети честитки од страна на владејачките партии.

За новинарското прашање кон премиерот, зошто не честитал на Радмила Шеќеринска за изборот во висока функција во НАТО (ОД СТРАНА НА НАТО! – не го заборавајте тоа како фактор), одговорот на Мицкоски е ГРОЗЕН по најмалку 2 основи. Прво, се искажува со смешна ароганција, речиси еквивалентно со поткревањето на пантолоните кога сите ракоплескаа во Собранието за влезот на Северна Македонија во НАТО, во период кога плукаше по „Северна” за овие неколку месеци да го лиже тоа. Безобразлукот број еден е што одговара небаре Владата воопшто имала опции да поддржи кандидат од ДРУГА ДРЖАВА! Гледајте што вика: „Kако Влада, имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји, рече премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера Радмила Шеќеринска беше избрана за оваа функција.”
За потоа, веднаш да ретерира во тотално погрешна насока! За функција во НАТО не бира премиерот, бира НАТО, и тоа според знаење и способност, а не затоа што персоната Мицкоски мерела на тасот за колку патлиџани колку обединувачки тегчиња ставила…, се анализира ставот на Мицкоски во неговата задоцнета честитка во објава на Фејсбус.

Во други објави, пак, не е пропуштена приликата за „пресметка“ со идеолошките неистомисленици на ироничен начин (овде, овде и овде).

Во секој случај, и оваа политичка аквизиција на Шекеринска по кој знае којпат го потврдува доминантниот црно-бел наратив на домашната политичка сцена.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција