Американски порно актер претставен како македонски кардиохирург од Мелбурн

Фотографијата се поврзува со името доктор Џони Синс (Johnny Sins). Доколку го пребарате ова име на Гугл, ќе видите дека станува збор за американски порно актер Стивен Волф.

Фотографијата се поврзува со името доктор Џони Синс (Johnny Sins). Доколку го пребарате ова име на Гугл, ќе видите дека станува збор за американски порно актер Стивен Волф

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Д-р Јован Симов е кардиолог роден во Мелбурн, одлучи да дојде во Македонија и да работи со својот народ.

Иако во Австралија можеше да има многу повисока плата, за него поважно е знаењето да го вложи таму каде што најмногу треба.

Денес е ценет и почитуван во својата професија.

Доколку на Гугл побарате д-р Јован Симов кардиолог од Мелбурн, нема да најдете ништо.

Фотографијата од наводниот доктор Јован Симов ја побаравме на Гугл и ја најдовме на неколку места на социјалните мрежи и тоа во објави и од 2020 година (тука, тука, тука, тука, тука).

Фотографијата се поврзува со името доктор Џони Синс (Johnny Sins). Доколку го пребарате ова име на Гугл, ќе видите дека станува збор за американски порно актер Стивен Волф.

Витиномер претходно пишуваше за слични измами со порно актер од Шпанија кој беше претставуван како млад и успешен доктор или студент по медицина од Македонија.

Ваквите измами на социјалните мрежи се многу честа појава, а луѓето ги споделуваат овие лажни вести без претходно да проверат за што станува збор.

Вистиномер и претходно има пишувано за објави во кои се споделуваат фотки од порноактери кои лажно се претставени како нашинци со цел да се користат за манипулации со емоции.

Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како сатира.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција