АНАЛИЗА: 2018 – што ќе донесе за бизнисот и за граѓаните?
Домаќинско тршење на државните пари, внимателно менаџирање со јавниот долг, поголемо кредитирање на компаниите, ослободување на бизнисот од притисокот на политиката, спроведување на законите без селективен пристап. Ова се само дел од проритетите, што според економистите треба да бидат не само на економската туку и на политичката агенда за да се испорачаат позитивни економски резултати во новата 2018 година, пишува економската анализа на Portalb.mk. Дел од познавачите сметаат дека инфраструктурата треба да биде еден од клучните сегменти кон кои ќе се насочи Владата. Дали во 2018 година ќе се испорача посакуваниот раст на БДП повисок од 3 отсто?
ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ПОМАЛ БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ…
Во текот на 2017 година не беше можно да се очекуваат директни економски подобрувања, временскиот рок за позитивни ефекти беше прекраток, но какво било промашување и неостварување на проекциите за 2018 година, нема да може да се оправда. Не би требало да има воопшто проблем за да се оствари проектиранит раст од 3,2%, особено што оваа проектирана стапка ќе се спореди со годината која измина и во која речиси да немаше конкретни економски активности – вели економистот Арбен Халили.
Како и домашното така и меѓународното опкружување е динамично и тешко предвидливо што на крај укажува дека е понекогаш неблагородно да се обидуваме со точност да го предвидиме растот на економската активност – се разбира настојувањата треба да бидат проценките за растот кои се презентираат од креаторите на политиките и кои претставуват темели на буџетот да ги реални и да ги земаат предвид најголемиот дел од ризиците и предизвиците со кои се соочува економијата. Во оваа насока многу поважно е да се детектираат клучните точки и потребните структурни прилагодувања кои ќе обезбедат одржливи и значајно повисоки стапки на раст на среден (не само на краток) рок и на тоа треба да биде главниот фокус – вели за Порталб универзитетскиот професор Борче Треновски.
ИНВЕСТИЦИИ ВО 2018 …
Во овие рамки планирано е интензивирање на сите активности на патната и железничката инфраструктура, комунална и енергетска инфраструктура, инвестиции во здравство, образование и детска заштита, а особено се зголемени средствата за одбрана и гасификација – појасни министерот за финансии Драган Тевдовски, образложувајќи ги новите буџетски трошења.
Инфраструктурата ќе биде значајна за економијата во 2018 година. Подобрување на пристапот до граничните премини, посебно со Косово и со Албанија, каде од двете страни веќе имаме конкретни чекори, и двете земји се доближуват со автопатите кон границите со Македонија, Косово кон граничниот премин на Блаце, а Албанија веќе најави спроведување на инвестиција во автопатот „Руга е Арбит” кој што ќе излезе на границата кај Дебар, а од ова страна засега не се гледа конкретен чекор за поврзување со овие патишта – вели за Порталб економистот Арбен Халили.
Освен надежта дека со промената на власта работите ќе почнат да се одвиват во позитивна насока, дека идната власт ќе знае да ги проектира и реализира проекти кои и се програмски приоритети, и сето тоа ќе придонесе за побрз економски раст и развој. Но тоа, засега, се само очекувања без некоја реална основа. Концептот на штедење а без некакви конкретни проекти во функција на развојот не е најдобра опција. Сметам дека штедењето, односно намалувањето на задолжувањето во вакви условии нема да биде продуктивно. Во услови кога се соочуваме со политичка криза, кога домашната економија е скоро без никаква акумулација и се соочува со т.н. временска дистанца во примената на нови знаења и технологии, кога странските инвеститори се воздржани за нови инвестиции, да се промовира штедење и намалување на задолжувањата е потполно погресшен приод – вели универзитетскиот професор Семи Бислими.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар