АНАЛИЗА: 35 Години независност, јавниот долг од 1,8 скокна на 10,7 милијарди евра
Борба за економски раст повисок од 4%, лазечко темпо на примена на нови технологии, долгови и камати за заеми скоро колку вредноста на БДП. По 35 години државна независност, економијата стана зависна од кредити, не успеа значајно да ја подобри конкурентноста и постојано е изложена на надворешни ризици поради големата увозна зависност – велат аналитичарите за Порталб. Една од најважните битки беше онаа за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот
Борба за економски раст повисок од 4%, лазечко темпо на примена на нови технологии, долгови и камати за заеми скоро колку вредноста на БДП. По 35 години државна независност, економијата стана зависна од кредити, не успеа значајно да ја подобри конкурентноста и постојано е изложена на надворешни ризици поради големата увозна зависност – велат аналитичарите за Порталб. Една од најважните битки беше онаа за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот
Стабилен курс на денарот, увозна зависност, кредити, минус во трговската размена
Од 1993 досега, стапка на економски раст повисока од 5% е испорачана само трипати – во 2006 година 5,1%, во 2007 од 6,5%, и во 2008 раст од 5,5%. Од друга страна економијата била во рецесија повеќепати, во критичните години по осамостојувањето, 1993 БДП бил во минус со 7,5%, а рецесија има и во двете години потоа. Економски тешки години, со негативен раст биле 2001, 2009, 2012, 2020.
Според професорот Сами Бислими, поради отсуство на структурни реформи за зајакнување на економијата и неповолната структура на стопанството, сите овие години не успеавме да оствариме одржливи и повисоки стапки на раст на БДП, што би ги почувствувале граѓаните – вели
Економијата го губи „здивот“, ние дури ги изгубивме шансите за опоравување. Изгубеното време не се враќа, потрошените тешки милијарди испарија скоро без никаква економска оправданост. Ние сме длабоко навлезени во економско – финансиска криза. Дополнителниот БДП е скоро со иста вредност колку што изнесуваат обврските на име на камати на јавниот долг– вели Бислими.
Годините по осамостојувањето беа исклучително тешки за економијата – со наследена хиперинфлација за која мораше да се бара решение – објаснува за Порталб, професорот Љубе Трпевски, еден од поранешните гувернери на НБМ, во чиј прв мандат се случи и девалвацијата на денарот.
Имајќи предвид дека по осамостојување се соочивме со големата хиперинфлација која од тогашната федерација се прелеа и во нашата држава, мораше да се преземат мерки за смирување на инфлацијата. Се оцени дека тоа може да се направи со стабилен девизен курс на денарот, со што дефакто, се воведе политика на фиксен курс на денарот иако законски се дозволени одредени осцилации на курсот. Кај оваа стратегија постои опасност курсот на денарот да биде процент и тоа да влијае дестимулирачки на извозот, а стимулирачки на увозот. Сепак, многу анализи покажуваат дека курсот е реален – вели Трпевски.
Во 1993 г. инфлацијата во земјава изнесувала 229,6%, во 1994 година се намалува на 55,4% а во 1995 г. се спуштила на 9,2 %. Во годините потоа, една од највисоките стапки на инфлација од 18,7% беше измерена во 2022 – кризна ковид година. Во изминатите две години повторно се води борба со ценовен притисок, со годишна инфлација повисока од 4%.
Во овие 35 години независност јавниот долг на државата значајно се зголеми. Според економистите, најважното прашање е за што се потрошија овие заеми и дали овие милијарди евра го подобрија стандардот на граѓаните.
Ние живееме со пари од задолжување. Се соочуваме со раст на буџетскиот дефицит, раст на дефицитот во надворешно трговската размена, раст на дефицитот во тековната сметка, приходите во капиталната сметка се минимални, додека финансиската сметка е секогаш со негативно салдо. Оваа година се соочуваме со драстично на намалување на приливот на странски директни и други инвестиции, што налага потреба од дополнително задолжување за да се воспостави рамнотежа во платниот биланс. Во спротивно ќе се соочиме со состојба на инсолвентност, т.е. неспособност за навремено враќање на доспеаните долгови. Нас нè чека банкрот, со зголемување на задолжувањата, состојбата на банкрот само се одложува – смета Бислими.
Според достапните податоци од Министерството за финансии, во 2002 година вкупниот Јавен долг изнесувал 1.829.900.000 евра или 43,2% од БДП, денеска, на крајот од првото полугодие од 2026 г., изнесува 10.726.000.000 евра или 58,8% од БДП.
Монетарното осамостојување се случува на 26 април 1992 година со воведување на новата валута, најпрвин како вредносен бон, а потоа и како парична единица денар. На крајот на 1993 година и официјално завршува процесот на замена на боновите со новата домашна валута.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар