АНАЛИЗА: Цените на зелечукот до „плафон “, што открива статистиката?
За килограм сезонска свежа зелка или за килограм сезонско овошје, портокал, од 60 до 90 денари. Ова беа дел од цените на денот кога стапи на сила владината одлука за замрзнати маржи. Што се случува со цените на земјоделските производи? Во јануари годинава индексот на трошоците за земјоделско производство се зголемил за 5,9 отсто, додека индексот на крајниот производ предаден за откуп или доработка пораснал за повеќе од 20 отсто, пишува Порталб.мк
За килограм сезонска свежа зелка или за килограм сезонско овошје, портокал, од 60 до 90 денари. Ова беа дел од цените на денот кога стапи на сила владината одлука за замрзнати маржи. Што се случува со цените на земјоделските производи? Во јануари годинава индексот на трошоците за земјоделско производство се зголемил за 5,9 отсто, додека индексот на крајниот производ предаден за откуп или доработка пораснал за повеќе од 20 отсто, пишува Порталб.мк
Што покажува статистиката – какви се трошоците за земјоделското производство а какви се цените на крајниот производ?
Новите податоци од Заводот за статистика за јануари во однос на истиот месец лани покажуваат дека индексот на цената на земјоделскиот производ кој се продава на откупувачите или дистрибутерите е далеку повисок од индексот на трошоците за земјоделско производство и инвестиции.
Конкретно, податоците покажуваат дека индексот на цените во земјоделството во јануари годинава во споредба со истиот месец во 2024 година на страната на инпутот (трошоци и инвестиции за производство) се зголемил за 5,9 отсто, додека на страната на аутпутот (како откупен готов производ или за натамошна обработка) пораснал за дури 20,8 отсто. Трошоците за семиња и за минерални ѓубрива се намалиле, додека најголем пораст од 39,3 отсто имало кај трошоците за одржување на опрема и објекти, а за 23,1 отсто е зголемен индексот на цени за ветеринарни услуги.
Од друга страна, индексот на излезните цени на овошјето и зеленчукот во јануари годинава во споредба со истиот месец лани покажува алармантна состојба. На страната на аутпутот, индексот на цени на зеленчукот се зголемил за дури 44,2 отсто, а кај растителното производство за 23,5 отсто.

Од националната федерација на фармери алармираат дека за високите цени на овошјето и зеленчукот не се виновни земјоделците туку високите маржи што ги диктираат дистрибутерите и трговците.
Имаме еден ланец – земјоделци производителите коишто ги носат своите производи во откупни центри, оттаму се продаваат на дистрибутерите, кои пак, ги даваат на трговците. Не можат нас да нè обвинат за високите цени затоа што откупувачите се тие кои ги кажуваат цените. Вие како потрошувачи купувате сурови на производи, на пример како домати, по 120 денари, додека на земјоделците им се откупуваат по 30 денари. Сето тоа е заради високите маржи коишто токму овие дистрибутери и трговци ги ставаат и за жал, кремот или заработката од нив ја земаат токму тие, а не оние вистинските производители, изјави неодамна Васка Мојсовска, Претседателка на Националната федерација на фармери.
Сумираните податоци покажуваат дека во последниот квартал од 2024 година вредноста на откупените и продадените земјоделски производи изнесувала 177.150.000 евра што е за 121,6 отсто повеќе во однос на истиот период од 2023 година.
Маржите „замрзнати“ – какви се цените?
На денот кога стапи на сила владината одлука за замрзнати цени, во маркетите се забележаа надолни корекции на дел од прехранбените производи, но и кај производите за хигиена. Сепак, цените на овошјето и на зеленчукот, како земјоделски производи, и натаму се високи.
Конкретно, на истиот ден кога стапија на сила фиксираните маржи, килограм мандарини чинеше 120 денари, портокалите се продаваа за 90 денари, а килограм круши за 140 денари. Од сезонскиот зеленчук, на пример, килограм зелка се продаваше од 60 до 90 денари. Килограм краставици достигна фантастични 175 денари, а доматот 140 денари.
Владата донесе одлука да се ограничи маржата на 1000 прехранбени и непрехранбени производи, а конкретно за зеленчукот и овошјето маржата се ограничи на 15 отсто. По оваа одлука од Владата се очекува надолна корекција на цените најмалку за 10 отсто. Од друга страна, во февруари вредноста на синдикалната потрошувачка кошница достигна 67.773 денари и во однос на лани истиот период е зголемена за 6.300 денари.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар