АНАЛИЗА: Дали новите решенија за пензионирање ќе ја „подмладат“ адиминистрацијата?

:

Задолжителното пензионирање на 64 годишна возраст за мажи и на 62 годишна возраст за жени треба да биде решение што ја регенерира администрацијата, но треба да се спроведе внимателно бидејќи тоа значи регрутирање на нови пензионери – коментираат економистите за Порталб“ . Според последните достапни податоци, просечната возраст на администрацијата изнесува 46 години а има и институции каде таа е над 52 години

 

 

Ќе има ли ефект – едни ќе одат како пензионери, други ќе влезат како вработени!  

Со измените на Законот за работни односи, кои се веќе во собраниска процедура, работниот век на вработените под државна капа се намалува за три години. До крајот на оваа година, според проценките на надлежните,  околу 6.000 вработени во јавниот сектор ќе наполнат 64 години, со што, според новите предложение законски измени, ќе го исполнат условот за пензионирање.

Целта на ова решение, според власта пред сè е „подмладување“ на администрацијата со што ќе се отвори патот за зголемување на нејзината ефикасност и продуктивност. Ова решение треба да биде дел од пакетот реформи на вкупниот пензиски систем и поместувањето на границата за пензинирање е неминовно во состојба на технолошки прогрес, на кој не може да се „спротистави“ ниту државната управа – коментираат економистите.

Не е спорно дека на долг рок долната возрасна граница на пензионирањето на вработените ќе се поместува постојано нагоре. Секако тоа е долгорочен процес и промените треба да се постепени и претпазливи. Сегашното решение дека пензионирањето, по желба на вработениот, може да се помести за дури три години (од 64 на 67 год.) создаде состојба во која во државната администрација и пошироко во јавниот сектор, наместо по исклучок, останувањето на работа до полни 67 години стана правило за вработените. Со тоа каналите за природна замена на вработените се прекинаа и поместија за три години, а постојат проценки и дека учинокот на овие вработени е многу намален. Природно беше дека властите ќе мора да го адресираат овој проблем – вели професорот и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски.

Според податоците од Регистерот за вработени во јавниот сектор, просечната возраст на вработените во јавниот сектор изнесува 46 години, а дури 30% од вкупниот број на вработени се на возраст од 46 до 55 години.

Број на вработени по возраст

                                              46-55 години                  29.11%

36-45 години                 26.92%

56-64 години                 22.58%

26-35 години                 18.29%

                                               18-25 години                   1.98%

над 64 години                  1.12%

Со предложените законски измени, сепак се остава можност да се работи и до 67 годишна возраст – во здравството и во образованието но и во случаи каде одредена институција има потреба од вработените, но со согласност на раководното лице. Во предложеното законско решение пишува дека новиот модел нема да има финансиски последици по Буџетот – од каде, пак, се финансираат пензиите.

Спроведувањето на овој закон не  предизвикува финансиски последици врз Буџетот на Република Северна Македонија – пишува во предложениот закон.

Административците кои ќе се пензионираат по новиот закон – од вработени ќе станат пензионери што значи дека буџетските расходи за плати ќе се намалат, но дали ќе се „пополнат“ сите ослободени работни места? Од повеќе фактори, според економистите, ќе зависи успешноста на оваа операција.

Новото решение веројатно ќе даде некои подобри резултати на тоа поле, пред сè во јавниот сектор, но факт е дека тешко ќе се спроведува во приватниот сектор каде што тоа ќе зависи од договорот и слободната волја на работодавачот и вработениот. Исто така, треба да се утврди и стратегија за постепено зголемување на границата за пензионирање нагоре но тоа да се прави на долг рок и многу постепено, на пример поместување за 1-2 месеци на секои 3-4 години и да се види какви ќе се ефектите од таквите решенија. Во секој случај станува збор за многу сложена и важна материја на која треба да се пристапува претпазливо – вели професорот Поповски. 

Во земјава на крајот на октомври имало 324.379 пензионери. По увидот во новиот Стратегиски план 2020 – 2022 година на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, „Порталб“ веќе објави дека проекциите укажуваат на тоа дека во 2022-та година за редовна исплата на пензии ќе бидат потребни повеќе од 1 милијарда евра, сума која е постојан раст на годишно ниво.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција