АНАЛИЗА: Дали политичкиот „туш“ од Бугарија ќе ги олади економските релации со Македонија?

Штетата од бугарското вето е направена. И за Македонија, на патот кон европските интергации, но и во Бугарија, која допрва ќе треба да се соочи со последиците од оваа одлука. Нашиот источен сосед, географски близок, се вбројува во најзначајните трговски партнери на земјава, значајна инвестициска дестинација за нас, но и ние за нив, пишува Порталб“. Бугарски капитал во земјава е регистриран во повеќе сектори.  Пругата кон Бугарија, пак, и натаму, скоро три децении, останува „пуста желба “ како мега – проект на харија кој во реалноста сè уште не го дочекал звукот на возовите.

 

Македонија и Бугарија разменуваат стоки и услуги во вредност од 640 милиони евра…   

Иако тертиторијално ни е блиска, Бугарија, сепак, не е во првата „петторка“ земји со кои Македонија има најголем обем на размена. Конкретно,  со вкупна размена во износ од 482 милиони евра во период од јануари до октомври, Бугарија се наоѓа на шестото место. Пред Бугарија, според вкупната трговска размена се Германија, која воедно е и на првото место, потоа Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

                                    Вкупна трговска размена на Македонија

                               Германија                           2,8 милијарди евра

                               Велика Британија             1,0 милијарди евра

                               Србија                                  636 милиони евра

                               Кина                                     532 милиони евра

                               Грција                                  512 милиони евра

                               Бугарија                              482 милиони евра

Во споредба со лани истиот анализиран период, вкупната размена со Бугарија е намалена за цели 55,4 милиони евра. Намалување има и во размената со Германија и со Србија, но зголемување има со Кина и со Велика Британија. Анализата на податоците кои ги објави Заводот за статистика, покажува дека македонскиот извоз во Бугарија позначајно се намалил во однос на бугарскиот увоз во земјава. Конкретно, Македонија во првите десет месеци од годинава во Бугарија извезла стоки и услуги во вредност од скоро 223 милиони евра, додека увозот од Бугарија бил во износ од близу 260 милиони евра.                                     

                                         2020 година ( до октомври)                 2019/2020 

Извоз во Бугарија       223 000 000 евра                                         83,1%

Увоз од Бугарија          260 000 000 евра                                         96,2%

На годишно ниво вкупната трговска размена меѓу Македонија и Бугарија изнесува близу 640.000.000 евра.

 

Бугарските инвестиции во Македонија „тежат“ 24.000.000 евра!

Буграски капитал во земјава е регистриран во различни дејности – од трговија до банкарство.

Иако инвестициите од Бугарија се бројат во десетици милиони евра, сепак Бугарија не е меѓу првите инвеститори во Македонија. Лани, сумираните податоци покажуваат дека вкупните директни инвестции на Бугарија во Македонија изнесувале скоро 24 милиони евра.

                                Вредност на бугарски инвестции во Македонија

                        2019 година                                    23,47   милиони евра

                        2018 година                                    11,54 милиони евра

                        2017 година                                   -11,76 милиони евра

Пред  Бугарија, според  вредноста на СДИ во земјава се Германија со 49 милиони евра, Кина 25 милиони евра, Словенија 37,5 милиони евра, Австрија 31,4 милиони евра, Грција 30 милиони евра и Бермуди 96 милиони евра.

Бугарски капитал во земјава е пенетриран во повеќе дејности и сектори, а позначаен е финансиско-банкарскиот. Имено, бугарско сопствеништво е присутно во „Капитал банка“, „УНИ Банка“ и „Централна Кооперативна Банка“.

На крајот од минатата година беше најавена една од поголемите буграски инвестиции, на софтверската компанија „Скејл Фокус“ со план во период од пет години да бидат инвестирани 45 милиони евра.

Непосредно пред да се случи бугарското вето, властите во земјава објавија дека времено се повлекуваат од инвестирање во бугарската нуклеарна централа „Белене“ и дека инвестициските планови на државата се насочуваат кон грчката електрана „Александрополис“, со  образложение дека овој проект има поголеми шанси за побрза реализација. Во исто време Владата најави инвестции од 50 милиони евра токму во патната инфраструктура која нè поврзува со Бугарија. 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција