АНАЛИЗА: Даночна реформа – што ќе значи таа за „џебот“ на граѓаните?

Фото: pixabay.com

Ако ја прашате власта – даноците нема да се зголемуваат туку ќе се прошири даночната основа, ако ги прашате економистите и фирмите – најавената даночна реформа ќе донесе нов „товар“ на грбот на приватниот сектор. „Порталб“ преку ставови на економисти, бизнисмени, даночни експерти, невладини организации ќе анализира каков ефект ќе има најавениот нов даночен модел – кој ќе добие, а кој ќе изгуби со реформите, веќе е извесно дека стартуваат етапно, но првиот чекор ќе се направи на 1 јануари 2023 година

Ако ја прашате власта – даноците нема да се зголемуваат туку ќе се прошири даночната основа, ако ги прашате економистите и фирмите – најавената даночна реформа ќе донесе нов „товар“ на грбот на приватниот сектор. „Порталб“ преку ставови на економисти, бизнисмени, даночни експерти, невладини организации ќе анализира каков ефект ќе има најавениот нов даночен модел – кој ќе добие, а кој ќе изгуби со реформите, веќе е извесно дека стартуваат етапно, но првиот чекор ќе се направи на 1 јануари 2023 година

 

Данок за штедачите

Еден од предлозите како дел од даночната реформа е воведување на данок за каматите на штедните влогови орочени над една година.  Ваквото решение според експертите е „меч со две острици“ во период кога  каматите за штедење се минимални, па дури и беа негативини,  што беше една од причините за забавување на штедењето. Сега кога се прават обиди за стимулирање на штедењето, особено во услови на инфлација,   се најавува мерка која повторно може да ги дестимулира граѓаните и фирмите парите да ги чуваат во банките.  Еве кои се ставовите на експертите во однос на овој најавен нов данок:

 

Арбен Халили, економист:

Оданочувањето на штедните влогови драстично ќе придонесе кон демотивација на граѓаните па и на фирмите кон негување на практиката за штедење по банките, а тоа ќе значи помалку ликвидни и ефтини финансиски средства за комерциалните банки. Од друга страна, самото оданочување на штедните влогови ќе направи луѓето да се вратат во старите навики, кога парите ги чуваа под перница, а тоа значи мотивација и на сива економија, бидејки кеш плаќањето ќе биде поголемо споредбено со целите на Народната банка па и на Министерството за финансии, плаќањето да биде сè повеќе и повеќе преку платежни картички или на електронски начин

 

Павле Гацов, даночен експерт:

Планираното оданочување на каматите од орочените депозити над една година ќе делува дестимулативно врз домашното штедење. Имено штедењето секако е неисплатливо во услови на висока инфлација, а оданочувањето на ниските камати ќе го зголеми чувството на граѓаните дека не е добар потег долгорочното штедење во домашните банки

 

Сами Бислими, универзитетски професор:

Даночна реформа да, но во друга насока. Оданочување на штедните влогови ќе предизвика пад на штедењето, со што ќе предизвика пад на кредитниот потенцијал на банките. И без оданочување на штедните влогови штедењето ќе опадне, поради високата стапка на инфлација, која ги топи депозитите. Високата стапка на инфлација кај нас и во еврозоната предизвика не само намалување на штедењето, тешко дека ќе се одлучат за конверзија на денарските заштеди во евра. Тие што имаат заштеди веројатно ќе се одлучат на купување на недвижности. Наместо оданочување на заштедите, со даночните реформи треба да се пристапи кон оданочување на профитот на банките според методот на прогресивно оданочување. Оданочувањето на штедните влогови нема да има скоро никаков финансиски-фискален ефект, а ќе има негативни импликации (повлекување на заштедите)

Зелен данок, стеснување на листата на повластени со 5 отсто ДДВ 

Во нацрт-коцептот за даночна реформа се предвидува и стеснување на листата на производи и услуги  со повластена даночна стапка од 5 отсто – ова по автоматизам значи зголемување на ДДВ кај таа група на производи, директен данок кој го плаќаат граѓаните и фирмите. Сега на „повластената“ листа се наоѓаат поголем број на суровини за земјоделско производство но и производи како што се одреден вид на машини, компјутери, медицинска опрема како и превоз на патници. 

 Едно од предложение решенија се даночни измени во областите од акцизата и зелено оданочување – кои секако ќе бидат на товар на граѓаните и на фирмите. Според власта – со овој дел од даночната реформа е таргетирана заштитата на човековата околина. Зеленото оданочување спред најавите ќе се однесува на стимулирање на даночните обврзници да го намалат загадувањето на животната средина. Според Стратегијата за реформи на даноци ова значи зголемување на кофициентот за оданочување по CO 2 – односно раст на данокот.

Уште едно предлог решение се кое ќе бидат засегнати граѓаните – оданочување на капитални добивки.

Почетокот на примената на оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и удели во инвестициски фондови мора да биде поврзано со софтверско решение според кое данокот ќе се пресметува, задржува и плаќа од страна на брокерските куќи и друштвата за управување со инвестициски фондови, кои впрочем ги имат двете потребни информации за формирање на даночната основа на која се применува даночната стапка: набавната цена и цената на продажбата на ХВ, односно уделот – вели даночниот експерт Гацов.

 

Во следните продолженија „Порталб“ ќе анализира што ќе значи даночната реформа  при воведување на даноци за вработени хонорараци и за фирмите кои ги исплаќаат, дали реформата ќе ја постигне целата – зајакнување на  економијата преку сузбивање на неформалниот (сив) сектор.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција