АНАЛИЗА: Детали за Буџетот 2021–повеќе пари од даноци, планирани и локалните избори

 

Догодина ќе се троши најголемиот Буџет во износ од 4 милијарди и 25 милиони евра. Приходите се планирани на ниво од 3 милијарди и 457 милиони евра, со буџетски дефицит од 568 милиони евра. Контурите на новиот Буџет се поставени како рамка на оптмистичко сценарио – стивнување на здравствената криза во првиот квартал од следната година што треба да донесе економско заздравување и раст на БДП од  4,1%, „Порталб“ објавува детали од буџетот.

 

Очекувања за 2021 –  умерена инфлација, раст на  вработеноста

Раст на извозот и увозотинвестициите во позитива, намалување на невработеност, умерена инфлација – креаторите на економските политики во новиот Буџет за 2021г. вградија амбициозни проекции за следната буџетска година – под претпоставка дека здравствената криза ќе помине.

Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 7,7%, при што значајно влијание врз инвестициите е предвидено да имаат враќањето на довербата на деловните субјекти, планираните инвестиции на јавниот сектор, зголемената поддршка за развој на приватниот сектор, иновациите и зајакнување на конкурентноста, како и интензивирањето на странските инвестициисе наведува во Буџетот за 2021 година.

И останатите параметри кои го дефинираат економскиот раст се со позитивен предзнак, па така извозот се очекува да се зголеми за 14 % а увозот за 13,2%.

 

      Буџет 2021 година

Извоз                                                                + 14,0%

Узвоз                                                                 +13,2%

Бруто – инвестиции                                         +7,7%

Приватна потрошувачка                                 +3,5%

 Јавна потрошувачка                                         +4,3% 

Инфлација                                                           +1,5%

Се предвидува и намалување на невработеноста, која сега е во пораст по долги години намалување.

Според основното сценарио, во 2021 година се очекува раст на бројот на вработени од 1,9%, што ќе резултира со дополнително намалување на стапката на невработеност наредната година предвидува власта.

 

Буџетските приходи ќе растат  – ќе се продаваат државни станови и државно земјоделско земјиште

На приходната страна, која во однос на годинава е зголемена за 8,3%, се очекува раст по сите основи –приходи од даноцинеданочни приходипридонесикапитални приходи.

Буџетски приходи                2021/2020

Даночни приходи               1 918 000 000 евра               +8,0%

Придонеси                           1 110 000 000 евра               +5,0%

Неданочни приходи            275 700 000 евра                +12,1%

 Капитални приходи               52 000 000 евра                 +49,0%

 Донации                                 101 000 000 евра                 +29,0%

Интересна е проекцијата за речиси удвојување на „капиталните приходи“ во однос на годинава. Од Владата најавија дека следната година како извор за финасисрање на „дупката“ во буџетската каса ќе биде продажбата на државни фирми – загубари но и продажба на државно зејоделско земјиште. Токму овие извори се нотирани и во Буџетот за 2021 година: 

Во Буџетот  се планирани 3,2 милијарди денари како капитални приходи по основ на продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда од АД „Македонски Телеком

Кај даночните приходи најголем прилив во износ од 1,3 милијарди евра се очекува по основ на ДДВ, а најголема приходна ставка ќе бидат придонесите за социјално осигурување – со износ од 1,1 милијарда евра.

 

Трошењата ќе се намалат во однос на годинава

Стивнувањето на Ковид-кризата треба значајно да ги намали трошењата на државата преку ставката „субвенции и трансфери“  од каде во најголем дел се финансираат мерките за помош на економијата. До година, трошењата преку оваа ставка во однос на годинава се речиси преполовени и ќе изнесуваат 332 милиони евра.

      Буџетски расходи                               2021/2020

Плати и надоместоци          510 000 000 евра                                +4,1%

Стоки и услуги                        347 000 000 евра                              +18,6%

Субвенции и трансфери     322 000 000 евра                                -45,3%

Социјални трансфери        1 962 000 000 евра                                 +1,7%

Најголем пораст на трошењата во однос на годинава има кај ставката за стоки и услуги којшто, меѓу другото, се објаснува и со претстојните локални избори во 2021 година. Најголем износ на буџетски пари и натаму ќе се одлева за социајлни трансфери. Раст има и кај расходите за плати и надоместоци.

Расходите за стоки и услуги се проектирани на ниво од 21,3 милијарди денари, со што ќе се обезбеди редовно и непречено подмирување на обврските на буџетските корисници со сведување на минимум на сите помалку продуктивни трошења од Буџетот, обезбедување на средства за здравствена заштита на населението, спроведување на локалните избори и пописот во 2021 година, како и исполнување на НАТО стандардите – се наведува во буџетскиот документ.                  

За исплата на пензии догодина од Буџетот ќе се потрошат 1 милијарда евра кои се дел од најголемата ставка за социјални трансфери. Во однос на годинава голем раст за 20% се планира кај капиталните инвестции, па така се наведува:

Капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари ( 374 000 000 евра)  или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година, при што за финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори и тоа: буџетски средства, ИПА фондови и заеми

Буџетот за следната година е проектиран врз основа на оптимистичко сценарио.

Натамошното пролонгирање на инфекцијата од коронавирусот, како во земјата така и на меѓународно ниво, може да резултира со заострување на ограничувачките мерки, реперкусии врз глобалните синџири на снабдување и надворешната побарувачка, влошени очекувања на деловните субјекти и домаќинставата, намален прилив на инвестиции и парични дознаки од странство и оттука негативни последици врз севкупната домашна економска активност – се наведува во Буџетот.

Повеќе пари за трошење догодина ќе имаат Собранието, Пртеседателот на држава, Министерствата за политички системза одбрана, за внатрешни работиза финансиинадворешни работи, УЈП, Министерството за животна срединаза транспорт и врски, за труд и социјална политика, МОН, Министерство за здравство

Помалку пари се планирани за Агенција за разузнавање, Владата, ДИК, Министерство за економија, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Министерство за информатичко општество и администрација, Агенција за иселеништво… 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција