АНАЛИЗА: Догодина Попис на земјоделството, го губиме ли изворот на храна?

Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Следната година Попис на земјоделство, првпат по 20 години – последниот беше спроведен во 2007 година. Ќе се пребројуваат земјоделските семејства, фирми од секторот земјоделство, земјоделски задруги, претприемачи што се регистрирани со претежна дејност во областа на земјоделското производство, пишува Порталб. 

Следната година Попис на земјоделство, првпат по 20 години – последниот беше спроведен во 2007 година. Ќе се пребројуваат земјоделските семејства, фирми од секторот земјоделство, земјоделски задруги, претприемачи што се регистрирани со претежна дејност во областа на земјоделското производство, пишува Порталб. Дел од експертите велат дека оваа операција мора да биде спроведена транспарентно за да донесе веродостојни податоци

 

Дел од земјоделските гранки во пад, пописот важен за вистинската слика

На годишно ниво, вредноста на дел од земјоделските гранки кои се најзастапени е во пад. Податоците што ги обработи Порталб од базата на Заводот за статистика покажуваат дека во оваа група се „житното производство“ кое во 2024 г. имало вредност од 106.000,000 евра и кај „добиток“ каде вредноста  изнесувала 119.300.000 евра.  Вредноста на производството на индустриски, фуражни и градинарски култури е зголемена. Според земјоделците, овој пораст е резултат меѓу другото и на растечкиот тренд на цените во 2024 г. и на зголемените површини со тие култури.

Што ќе значи Пописот на земјоделството кое учествува со скоро 6 отсто во вкупниот БДП на државата?

Според луѓето од овој сектор, пребројувањето е важно, бидејќи треба да даде целосна слика за состојбата, да резултира со база за креирање на реални и одржливи мерки за земјоделството – вели за Порталб агрономот и земјоделец Ристо Велков.

Тој посочува дека:

На ниво на државата не е направена „Педолошка анализа“, што значи стручно испитување на почвата за да се знае која култура во која почва може да се сади. Пописот е многу важна операција која ќе опфати меѓу другото и пребројување на  добитокот и на обработливите површини. Пописот ќе треба да даде одговор за сточниот фонд, за земјоделското производство, евиденција и за лозарството и за градинарство. Дел од овие податоци треба да се познати и преку бројките за доделени субвенции. Важно ќе биде процесот да е транспарентен. 

Во нацрт-законското решение се прецизира дека со пописот нема да бидат опфатени само домаќинствата со куќни градини.

Ќе се прибираат податоци за земјоделското стопанство, за органското производство, за работна сила, за добитокот и добиточното производство, наводнувањето и ѓубрењето на земјиштето, механизацијата и опремата и  користените мерки за рурален развој – се наведува во текстот.

Субвениции и откуп

Во моментов според земјоделците, дел од гранките се во постојан пад, а еден од главните проблеми со кои се соочуваат е нередовната исплата на субвенциите.

На ниво на државата има околу 530.000 хектари обработлива површина, но колку од тоа навистина се обработува? Се соочуваме со пад во одредени култури. Најважно е однапред да се знаат откупните цени и да има откупни дистрибутивни центри кои беа ветувани. Важна е и навремената исплата на субвенции – што е регулирана со закон – до крајот на тековната година, освен за дел од градинарите и сточарите – објаснува Велков.

Според последните достапни податоци од Заводот за статистика, во вториот квартал од годинава во споредба со истиот лани, откупот од индивидуалните земјоделци е намален за 15,1 отсто, додека продажбата од сопствено производство е зголемена за 15,7 отсто. Според структурата, пораст има кај секторите „риба“ и „алкохолни пијалаци“, додека пад е регистриран во сточарството, овоштарството и лозарството.

Што точно се случува во земјоделството – треба да покаже Пописот за кој треба да се обезбедат и финансии. Во предложениот законски текст не се прецизира колку ќе чини операцијата.

Спроведувањето на Пописот на земјоделството во 2027 година ќе предизвика финансиски импликации врз Буџетот за тековната година во која треба да се спроведе, но и за годината по Пописот, за обработка на податоците  – се наведува во предложениот текст и се нотира дека пописи на земјоделството се спроведени во 1960, 1969 и 2007 година.

Според временската рамка, Пописот ќе се спроведе во периодот од 01 октомври до 30 ноември 2027 година во траење од 30 денови.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција