АНАЛИЗА: Долговите на државните фирми, претпријатија, болници, општини, министерства – достигнаа 312 милиони евра !

Фото: Порталб

И на квартално и на годишно ниво – раст на долговите на државните институции, општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта. На крајот од првиот квартал од годинава долговите достигнаа скоро 312.000.000 евра, пишува „Порталб“. Новите податоци покажуваат дека дел од општините го зголемиле долгот а анализата покажува  и дека растат долговите кон приватниот сектор, внатре во самиот јавен сектор и кон странство

 

И на квартално и на годишно ниво – раст на долговите на државните институции, општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта. На крајот од првиот квартал од годинава долговите достигнаа скоро 312.000.000 евра, пишува Порталб“. Новите податоци покажуваат дека дел од општините го зголемиле долгот а анализата покажува  и дека растат долговите кон приватниот сектор, внатре во самиот јавен сектор и кон странство

 

Кој, колку и кому должи?

Две државни фирми, две јавни претпријатија и една општина се на првите пет позиции од новата „должничка листа“ на Министерството за финансии, според висината на доспеаните, а неплатени обврски. На прво место е  АД „МЖ Транспорт“, државна фирма која на крајот од првиот квартал должела  64 милиони евра.

                                    Доспеани-неплатени обврски март 2021

ЈП „МЖ Транспорт“                                                  63,8 милиони евра 

АД „Македонски енергетски ресурси“                 25,5 милиони евра

ЈП „Колекторски систем“ Скопје                          12,5 милиони евра

Општина Тетово                                                        11,2 милиони евра

ЈП „Водоводкуманово“ – Куманово                        7,9 милиони евра

На новата должничка листа се наоѓаат 1.193 државни институции, јавни претпријатија формирани на локално и на централно ниво, здравствени установи, општини, институции од културата, трговски друштва  и акционерски фирми  во сопственост на државата – и кај голем дел од нив е регистриран раст на долговите. „Порталб“ направи компаративно споредување на долговите на крајот од првиот квартал годинава во однос на состојбата на крајот од декември и на годишно ниво – и во двата случаи  вкупниот долг е зголемен. Така, во споредба со декември вкупните доспеани, а неплатени обврски се зголемени за 22,2 милиони евра, а во однос на истиот период лани за 36,4 милиони евра.

                                   Доспеани а неплатени обврски

Март 2021                                         311.500.000 евра

Декември 2020                                 289.300.000 евра

  Март 2021                                          275.100.000 евра  

Растечки долгови во првиот квартал од годинава се регистрирани внатре во самиот јавен сектор, кон приватниот сектор, кон странство. Конкретно, најголем дел од долгот или скоро 151.000.000 евра се кон јавниот сектор, а 135.000.000 евра се доспеани обврски кон приватен сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации. Ако се анализираат долговите според видот на институциите односно субјектите, најголем дел отпаѓаат на јавните претпријатија и фирми во државна сопственост во износ од 123  милиони евра, општините долажт 62,2 милиони евра а на трето место е здравството, односно Јавни здравствени установи со доспеани а неплатени обврски во износ од 53 милиони евра.

                                               Долгови март 2021

ЈП и државни фирми                            122,7 милиони евра

Општини                                                    62,2 милиони евра

Јавни здравствени установи                  53,1 милион евра

Кај сите е регистриран пораст на долговите во однос на декември 2020-та година. Во првите десет државни субјекти со најголеми неподмирени обврски на крајот од првото тромесечје  од годинава се и општините Охрид и Карпош, АД Елем – Скопје, ЈП МРТ и ЈП Водовод и канализација – Скопје. Повеќе од два милиона евра должат различни здравствени установи како Универзитетска клиника за детски болестиОпшта болница  – ОхридЈЗУ Универзитетска клиника за хематологијаОпшта болница – Куманово, Скопските клиники  за онкологија и за гинекологија, Институт по белодробни заболувања кај децата – Козле, Институтот за трансфузиологија и други. На листата како должници се наоѓаат и речиси сите општини вклучувајќи го и Град Скопје.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција