АНАЛИЗА: Должничка листа – болници, училишта, ресори со десетици милиони евра доспеани, а неплатени обврски!

Фото: portalb.mk

Пет министерства на крајот од третиот економски квартал пријавиле доспеани, а неплатени обврски во износ повисок од 300 илјади евра, а вкупно 15 ресори се наоѓаат на новата „должничка листа“ што ја објавува Министерството за финансии. На листата повторно се голем број на здравствени установи, болници, клиники, училишта, институции од културата. „Порталб“ веќе ги објави доспеаните долгови на државните агенции, државни фирми, општини, јавни претпријатија

Пет министерства на крајот од третиот економски квартал пријавиле доспеани, а неплатени обврски во износ повисок од 300 илјади евра, а вкупно 15 ресори се наоѓаат на новата „должничка листа“ што ја објавува Министерството за финансии. На листата повторно се голем број на здравствени установи, болници, клиники, училишта, институции од културата. „Порталб“ веќе ги објави доспеаните долгови на државните агенции, државни фирми, општини, јавни претпријатија.

 

 

Девет министерства со вкупни доспеани, а нелатени обврски од 3,5 милиони евра !

Од министерствата најголем износ на доспеан, а неплатен долг од 860.600 евра има Министерството за култура, доспеани, а неподмирени долгови имаат и Министерството за правда во износ од 573.100 евра, Министерство за надворешни работи 486.500 евра, Министерство за образование и наука на крајот од третиот квартал пријавило доспеани обврски во износ од 452.000 евра, Министерство за здравство  295.500 евра, Министерство за економија 202.000 евра, Министерство за информатичко општество и администрација должи 184.500 евра, а Министерство за земјоделство пријавило доспеани, а неплатени обврски во износ од 184.300 евра. И Министерството за внатрешни работи пријавило обврски во висина од 171.600 евра додека Министерството за одбрана има доспеани, а неплатени обврски од 90.500 евра.

Со долгови пониски од 30.000 евра се Министерство за животна средина, Министерство за политички систем, Министерство за финансии, Министерство за економија-Биро за метрологија и Министерство за локална самоуправа.

Вкупните обврски – доспеани, а неплатени сметки на јавните здравствени установи изнесуваат 62,1 милион евра и за три месеци – во споредба со вториот квартал се зголемени за околу 1,5 милиони евра.

Конкретно, од универзитетските клиники во земјава со највисоки износи на долгови се ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство со доспеани обврски во износ од 3,5 милион евраЈЗУ Универзитетска клиника за торакална  хирургија должи 2,7 милион евра, а ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија пријавиле обврски во износ од околу 2,2 милиони евра.

На должничката листа се болници речиси од сите градови во земјава.

                          Доспеани, а неплатени обврски на болниците   

Градска општа болница „8-ми Септември“            4.400.000  евра

Општа болница-Куманово                                          3.100.000 евра

Општа болница-Охрид                                                2.900.000 евра

Клиничка болница-Битола                                         2.200.000 евра

Општа болница-Струга                                             2.000.000 евра

Општа болница-Кичево                                              1.950.000 евра

Само болниците во Куманово, Охрид, Битола, Струга и Кичево заедно со скопската Градска болница „8 -ми Септември“ вкупно пријавиле доспеани, а неплатени обврски на крајот од третиот квартал во износ од 16.400.000 евра.  Долгови имаат и институциите на културата – така НУ “Драмски театар” Скопје пријавил долг во износ од 90.000 евра, НУ “Албански театар” Скопје 37.600 евра, а НУ Театар комедија-Скопје имал досепани, а неплатени обврски во износ од 15.500 евра. Уште четири театри пријалвиле дека на крајот од третиот квартал имале доспеани обврски кои не се платени навреме.

Од поголемите државни фирми и акционерски друштва, долгови во износ од 1,4 милион евра пријавиле АД „Македонска пошта“ – Скопје, потоа АД „ЕЛЕМ“ – Скопје 1,4 милион евра,  JП „МРТ“ – Скопје има неплатени обврски во износ од 3,7 милион евра, а државното АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор должи 2,3 милион евра.

На должничката листа меѓу првите  „50 најголеми должници“  и натаму се поголем број на општини со пријавени милионски долгови – Тетово, Охрид, Гостивар, Карпош, Делчево, Струга, Кавадарци…

На најновата должничка листа доспеани, а неподмирени обврски пријавиле 816 државни субјекти од различни сектори во вкупен износ од 329,4 милиони евра, при што во однос на вториот квартал од годинава има намалување на долговите за 2,5 милиони евра пред се поради намалување на долговите на јавните претпријатијатија и на државните фирми. Зголемување на доспеаните, а неплатени обврски има кај општините, општинските јавни комунални претпријатија, во здравството.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција