АНАЛИЗА: Должнички круг – се враќаат стари, се создаваат нови долгови, дел ќе се плаќаат до 2041

Фото: Мета.мк

Според Владата, состојбата со задолжувањата е под контрола и во рамките на планот. Според дел од економистите, продлабочениот буџетски дефицит и зголемениот дефицит на тековната сметка на државата се сигнал дека без задолжувања, економијата и јавните финансии  не можат да функционираат, пишува Порталб. Според податоците од Министерството за финансии, за една година, долгот на државата кон домашните кредитори е зголемен за скоро 540.000.000 евра

Според Владата, состојбата со задолжувањата е под контрола и во рамките на планот. Според дел од економистите, продлабочениот буџетски дефицит и зголемениот дефицит на тековната сметка на државата се сигнал дека без задолжувања, економијата и јавните финансии не можат да функционираат, пишува Порталб. Според податоците од Министерството за финансии, за една година, долгот на државата кон домашните кредитори е зголемен за скоро 540.000.000 евра

 

Државата повторно издаде 15 годишни обврзници

Издавањето на државните хартии од вредност коишто котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 – се огласи Mинистерството за финансии по најавените и реализирани нови задолжувања на домашниот пазар преку издавање на државни записи и државни обврзници.

Според податоците од Министерството за финансии, на домашниот пазар, до крајот на оваа економска година, планирани се 11 раздолжувања по основ на доспеани обврски и исто толку задолжувања. Податоците од Известувањата за ДХВ покажуваат дека само во текот на јули кон домашните кредитори за исплата доспеале 90.551.461 евра. Од друга страна државата во текот на истиот месец спроведе план за заем од скоро 140.000.000 евра. Конкретно, преку Берзата се објави продажба на државни обврзници со рок на доспевање од 15 и 3 години и задолжување преку записи со рок на доспевање од 12 месеци. Едната обврзница со рок на доспевање од 15 години е во износ од  6.116.233, а другата скоро 33.000.000 евра. Обврзницата со рок на доспевање од 3 години е во износ од 2 милионa евра. Дополнително преку државни записи со рок на доспевање од 12 месеци, државата позајмува 51.528.409 евра и 47.270.292 евра.    

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Ваквото темпо на задолжување заедно со поскапувањата на горивата, според опозициската СДСМ, укажуваат на колапс.

Државата излезе на берза со нови обврзници од 41 милион евра – ново задолжување. За две години Мицкоски нè задолжи за повеќе од 2,5 милијарди евра. Ова историјата не го памети– реагираа од СДСМ.

 

Од Министерството за финансии, пак, посочија дека со новите заеми на домашниот пазар се исплатиле скоро 190.000.000 евра, а кон странските кредитори 801.200.000 евра.

Според дел од економистите без одржлив економски раст кој ќе се потпира на инвестиции и развој, нема одржливи јавни финансии.

Македонската економија нема производен капацитет да испорачува поголема нова вредност, ниту за задоволување на домашната потрошувачка, а уште помалку за зголемен извоз. Ние се соочуваме со раст на буџетскиот дефицит, раст на дефицитот во надворешно трговската размена, раст на дефицитот во тековната сметка, приходите во капиталната сметка се минимални, додека финансиската сметка е секогаш со негативно салдо. Оваа година се соочуваме со драстично намалување на приливот на средства на име на странски директни и други инвестиции, што налага потреба од дополнително задолжувањевели за Порталб професорот Сами Бислими.

Заклучно со 26 јули, кон домашните кредитори државата должи 4.479.018.019 евра.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Според пресметката на Порталб врз основа на податоците од Министерството за финансии, долгот во однос на истиот месец лани е зголемен за дури  537.873.540 евра, додека од почетокот на годинава, пак, зголемувањето е за скоро 285.000.000 евра.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција