АНАЛИЗА: Едни општини го „топат“ долгот – други го зголемуваат, раст на финансиските обврски на јавните претпријатија !
Само за три месеци вкупниот долг на сите општини во земјава се зголемил за 2,2 милиона евра. Иако Владата законски овозможи намалување на долговите на локалните власти со директни финансиски инјекции, сепак, најновите податоци од Министерството за финансии упатуваат на тоа дека дел од општините го зголемиле долгот, а дел успеале да го намалат на квартално ниво, пишува Порталб.мк. На новата должничката листа на која се наоѓаат близу 1.200 државни институции и фирми, јавни претпријатија, здравствени и образовни институции и министерства, се и речиси сите општини и Градот Скопје
Само за три месеци вкупниот долг на сите општини во земјава се зголемил за 2,2 милиона евра. Иако Владата законски овозможи намалување на долговите на локалните власти со директни финансиски инјекции, сепак, најновите податоци од Министерството за финансии упатуваат на тоа дека дел од општините го зголемиле долгот, а дел успеале да го намалат на квартално ниво, пишува Порталб.мк. На новата должничката листа на која се наоѓаат близу 1.200 државни институции и фирми, јавни претпријатија, здравствени и образовни институции и министерства, се и речиси сите општини и Градот Скопје
Доспеани, а неплатени долгови – кои општини колку должат
Високо на должничката листа котираат општините, според доспеани, а неплатени обврски. „Порталб“ веќе ги објави најновите податоци за долговите на институциите под државна капа, но забележително е дека општините и натаму се високо рангирани.
Меѓу првите 30 најголеми должници на крајот од првиот квартал од годинава, се шест општини и Градот Скопје. Од општините и натаму најголем долг има Тетово – 11,2 милиони евра. Во споредба со состојбата на крајот од декември 2020, долгот на општина Тетово е зголемен за 1,5 милиони евра.
Според висина на долг, следна е општина Охрид, со 7 милиони евра и во однос на претходниот квартал, има намалување за 122.300 евра. Општина Карпош на крајот од март имала долг од скоро 4,9 милиони евра, помалку за 73.000 евра, споредено со претходен квартал.
Доспеани, а неплатени обврски, за март 2021 (во милиони евра)
- Тетово 11,2
- Охрид 7
- Карпош 4,9
- Гостивар 4
- Делчево 3,1
- Струга 2,9
- Град Скопје 2,8
И Општина Гостивар бележи намалување на долгот на квартално ниво. На крајот од март годинава должела 4 милиони евра, што е помалку за 510.000 евра во однос на состојбата на крајот од декември. Мало намалување на долгот има и кај општина Делчево, која е на листата во првите 30 најзадолжени субјекти на крајот од првиот квартал, со долг од 3,1 милион евра, помалку за 500 евра во однос на состојбата на крајот на декември минатата година. Општина Струга исто така, го намалила долгот во трите месеци, кој заклучно со март изнесувал скоро 3 милиони евра, со пад на доспеани обврски за 140.000 евра.
Град Скопје за разлика од претходната декемвриска листа, каде има доспеани, а неплатени обврски од 276.000 евра, на мартовската листа пријавува обврски од 2,8 милиони евра.
Вкупно, долговите на локалните власти во првиот квартал годинава, во споредба со последниот квартал лани, се зголемени за 2 милиона евра.
Доспеани а неплатени обврски
- Март 2021 година 62,2 милиони евра
- Декември 2020 година 60 милион евра
Во однос на декември, сепак, дел од општините успеале да го намалат долгот. Меѓу нив се и Студеничани, Василево, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, Дебар, Арачиново и други. Останува фактот дека општините, и покрај операцијата за топење на долговите со државни средства, и натаму пријавуваат милионски обврски. Во обид да го намалат должничкото салдо дел од градоначалниците во договор со доверителите ја исплаќаа главницата на долговите, по различни основи, но со отпишани камати, како модел да се намали долгот на локалната власт, а во исто време и фирмите кои побаруваа средства за да ги наплатат побарувањата. Освен општините, високо на должничката листа котираат и Јавните претпријатија на локално и на централно ниво.
Така, ЈП Колекторски систем должи 12,5 милиони евра, ЈП Водовод Куманово 7,9 милиони евра, ЈП МРТ 5,9 милиони евра, ЈП Водовод и канализација – Скопје 5,6 милиони евра, ЈП Комунално претпријатие – Тетово 4,7 милиони евра, а ЈП Чистота и зеленило Куманово должи 4,3 милиони евра.
Останатите јавни претпријатија имаат долг помал од 4 милиони евра. На ниво на државата сите јавни претпријатија на локално и на централно ниво, заедно со државните трговски друштва, должат 175 милиони евра, со тренд на пораст на долгот во споредба со последниот квартал од минатата година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар