АНАЛИЗА: Економски настани во 2020 – збогум за економски најтешката година!

Рецесија – како последица на економската криза. Вртоглав пад на извозот, увозот, индустриското производство.  Буџетските приходи се стопија, расходите се зголемија – се бараат пари дома и во странство за покривање на трошоците што ги предизвика Ковид 19. Јавниот долг достигна историски највисока стапка – над 50 отсто од БДП. Во 2020 та, по 13 години без банкроти, се стави клуч на врата на една банка.  „Порталб“  ги селектира економските настани и параметри што ја одбележуваат една од најтешките економски години.

 

Рецесија, предвремени избори, затворање на банка 

Во годината што измина, пандемијата на тест ја стави хуманоста , но и алчноста. Сакандалот со злоупотреба на државната помош за плати ја револтираше јавнста – парите наместо за работниците завршиле во џеб на газдите. Овој скандал најпрво се обелодени во јули, повеќе од 700 фирми кои земале помош во април и во мај не ја намениле за вработените.  Ова се случи и во декември, кога УЈП обелодени дека 179 фирми земале државни субвенции, но вработените останале со празни сметки. Владините институции постапуваат за да се вратат партите , но останува отворено прашањето како дел од фирмите кои веќе еднаш направија злоупотреба, успеале повтрно да добијат помош, и повторно да ја злоупотребат.

Во годината што измина се „тресеше“ буџетската каса. Во мај 2020-та Ребаланс на Буџетот, со потпис на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска. Ова прекројување требаше да биде прв катализитор за владините мерки за поддршка на граѓаните и на фирмите во време на економска криза. Октомври 2020 – нов Ребаланс на буџетот за спас од кризата. Овојпат со потпис на новиот министер за финансии Фатмир Бесими. И по двете прекројување во интрес на имплемантација на мерките за помош, власта и опозицијата останаа со различен став – колку пари беа планирани, а колку реално се потрошија за поддршка на приватниот сектор.

Економската криза,  кој го притисна Буџетот да даде повеќе пари за ублажување на последиците,  го „набилда“ Јавниот долг. Внатрешната и надворешната задолженост достигна  5,6 милијарди евра или 51,5% од БПД.  Државата  кон надвор должи 3,5 милијарди евра, а на внатрешните кредитори 2,1 милијарди евра.

Забавена економска активност, воздржани инвеститори, значаен пад и кај извозот и кај увозот. Сите овие економски трендови ја втурнаа економијата во рецесија – со најнови прогнози на НБРМ дека падот на БДП ќе биде 4,9%. Вртоглав пад особено се регистрира кај бруто – инвестиции, со проекција дека до крајот на 2020 та ќе изнесува – 13%.

Предвремени парламентарни избори во јули – споведени дури шест месеци по формирање на техничка Влада која требаше да биде вовед за изборите во април. Пандемијата го одложи изборниот процес кој неминовно  мораше да се случи. Заев се врати во премиерскиот кабинет, но дел од дотогашните економски министри ги напуштија функциите. Од Министерството за финанасии замина Нина Ангеловска. Овој ресрор со новата коалициска поделба припадна на ДУИ, со што „чувар“  на јавните пари стана Фатмир Бесими. ДУИ го задржа и Министерството за економија на чие чело остана Крешник Бектеши.  Министерството за транспорт го напушти Горан Суграевски, а не негово место дојде Благој Бочварски. Вицепремерот Кочо Анѓушев ја напушти Владата пред изборите, а по нив вицепремерското место за економски прашања му припадна на Фатмир Битиќи. Новиот коалициски партнер БЕСА го презеде Министерството за земјоделство каде како министер беше назначен Аријанит Хоџа.

Еден од настаните по кои ќе се запамети економската 2020-та е пропаѓањето на Еуростандард банка  – особено ако се знае дека овој банкрот се случува дури 13 години по последниот ваков случај – пропаста на Македонска Банка. Дестици милиони евра останаа „заглавени“ како  пари на фирми и граѓани кои треба да се враќаат преку стечајна постапка, но дали парите ги има? Која е вистинската причина за пропаста на банката, дали имало злоупотреба, незаконско постапување кое на крајот го плаќаат клиентите? На дел од овие прашања ќе треба да одговори  истрагата. НБМ поднесе кривични пријави, сопственците на банката, пак, обвинија дека Народната банка неосновано посегнала по крајната одлука – клуч на врата на Еуростандард.     

Економската криза ќе се прелее и во новата 2021 година. Оптимистичкото сценарио предвидува „одлепување“ од дното и рестартирање на економијата. Власта најавува нови мерки за поддршка и следната година, економистите веќе предупредија на внимателно менаџирање со јавните финасии со оглед на тоа што последиците од ковид-19 кризата ќе се „лечат“ подолго време.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција