АНАЛИЗА: Етничката структура на администрацијата во 2022 година

Фото: pixabay.com

Различни институции имаат различна процентуална застапеност на етничките заедници меѓу своите вработени. Етничките Македонци доминираат во ресорите одбрана, финансии, земјоделство, а етничките Албанци во Министерствата за политички систем и за економија, пишува Порталб.мк

Различни институции имаат различна процентуална застапеност на етничките заедници меѓу своите вработени. Етничките Македонци доминираат во ресорите одбрана, финансии, земјоделство, а етничките Албанци во Министерствата за политички систем и за економија, пишува Порталб.мк

 

 

Вработени во министерства според етничка припадност

Според податоците, речиси во сите министерства процентот на етничките Албанци е над 25 отсто. Во четири ресори застапеноста е помала од 20 отсто, но има министерства каде тој е над 40 отсто. Конкретно, во Министерството за политички систем застапеноста на етничките Албанци изнесува 84,36 отсто, а во Министерството за економија 47,55 отсто. Во овие два ресори застапеноста на Македонците изнесува 5,15 отсто, односно 42 отсто во ресорот економија.

Во Министерството за одбрана, пак, етничките Македонци се застапени со 79,48 отсто а етничките Албанци со 12,95 отсто. Во Министерството за транспорт и врски пак застапеноста на етничките Албанци изнесува 17,07 отсто, а во Министерството за земјоделство 18,01 отсто.

Инфографик: Суад Бајрами/Порталб.мк

Најголем процент на етнички Турци има во Министерството за економија 4,90 отсто, во Министерството за политички систем застапеноста е 4,10 отсто, во Министерството за образование 3,85 отсто и во Министерството за земјоделство 3,58 отсто.

Етничките Бошњаци со највисок процент се застапени во Министерството за локална самоуправа со 5,56 отсто и во Министерството за економија со 2,1 отсто. Во МНР застапеноста на Бошњаците е нула. Етничките Срби со највисок процент од 4,55 отсто се застапени во Министерството за култура, а етничките Роми со највисок процент од 2,93 отсто се во Министерството за правда.

„Етничката структура на самостојните органи на државната управа, исто како и структурата кај другите органи и министерства, е премногу различна од институција до институција“, се вели во Извештајот за регистарот на вработени во јавниот сектор за 2022 година.

 

Вработени во општините, Владата, Собранието

Во Владата, етничките Македонци се застапени со 70,6 отсто, Албанците со 13,9 отсто, Турците со 4 отсто, Србите имаат удел од 2,2 отсто, Ромите 5,5 отсто, а Бошњаците скоро 1,5 отсто. Во Собранието, Македонците се 66,67 отсто, а Албанците скоро 28,2 отсто. Во институцијата Народен правобранител има речиси еднаква процентуална застапеност – Македонците со 45,2 отсто, а Албанците со 40,5 отсто.

И во општините етничката структура многу се разликува. На ниво на Град Скопје застапеноста на Македонците изнесува 84,5 отсто, на Албанците 10,94 отсто, на Србите 1,95 отсто, на Ромите 1,05 отсто, на Турците 1,2 отсто, на Бошњаците 0,6 отсто, а на Власите 0,45 отсто.

Со 100 отсто застапеност се етничките Албанци во општините Арачиново, Боговиње, Липково, а над 80 отсто се во Теарце, Студеничани, Сарај, Желино, Врапчиште,

Етничките Македонци со 100 отсто застапеност се во Берово, Босилово, Валандово, Василово, Демир Капија, Демир Хисар, Зелениково, Кавадарци, Кратово, како и во Прилеп, Пробиштип, Ранковце и уште неколку други. Во најголемите општини предводени од градоначалници од албанскиот блок, етничката застапеност е различна. Така во Општина Тетово 79 отсто се Албанци, а скоро 18 отсто се Македонци. Во Струга 67,6 отсто се Албанци, а 24,3 отсто се Македонци. Во Општина Гостивар 73,7 отсто се Албанци, а скоро 15,4 отсто се етнички Македонци.

Сумирано според етничката структура 78.833 од вработените во јавниот сектор се Македонци, 23.855 се Албанци, 2.675 се Турци, 1.651 се Роми, 1.542 се Срби, 569 се Бошњаци, 527 се Власи, а 813 се други или воопшто не се изјасниле за етничката припадност.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција