АНАЛИЗА: Јавниот долг „лимитиран“ на 60 отсто, но ќе надмине 66 отсто од БДП – детали од владиниот план за задолжувањата
Во најава е нов заем од 500 милиони евра. Државата ги доби првите 500 милиони евра од унгарскиот кредит, веќе е најавена и втората „транша“, најверојатно повторно од Будимпешта, пишува Порталб.мк. Новите задолжувања веќе ги цртаат проекциите за зголемен јавен долг
Во најава е нов заем од 500 милиони евра. Државата ги доби првите 500 милиони евра од унгарскиот кредит, веќе е најавена и втората „транша“, најверојатно повторно од Будимпешта, пишува Порталб.мк. Новите задолжувања веќе ги цртаат проекциите за зголемен јавен долг
Во 2029 стабилизација на јавниот долг на ниво од 60 отсто
За да се задржи нивото на јавен долг во одржливи рамки, без притоа да се наруши фискалната одржливост, се утврдува лимитот на вкупниот јавен долг на среден и на долг рок којшто не треба да го надмине нивото од 60 отсто од БДП. Среднорочните проекции прикажани во оваа стратегија покажуваат дека јавниот долг во однос на БДП ќе го намине максималниот праг од 60 отсто. Во 2025 година се очекува умерен пад, а опаѓачкиот тренд ќе продолжи во периодот 2026 – 2028 г. и во 2029 година кога се очекува да се стабилизира на 60 отсто од БДП – се наведува во новиот документ на „Стратегијата за управување со јавен долг“.
Оваа 2024 година завршува со веќе земениот унгарски кредит од 500 милиони евра. За следната 2025 година, во најава е уште една „транша“ од 500 милиони евра, најверојатно, повторно од Будимпешта, но сè уште се прават анализи за состојбите на меѓународниот финансиски пазар. Ова задолжување, веќе извесно ги помести границите на јавниот долг. Годинава, според проценките од новите документи на Министерството за финансии, ќе заврши со ниво на јавен долг од 66,4 отсто.
И покрај растечкото ниво на јавниот долг, од Владата тврдат дека нема да има неоправдани задолжувања и дека нема да биде згрозена финансиската стабилност на државата.
Политиката на управување со јавен долг ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата – се наведува во новата Фискална стратегија.
За 5 години треба да се вратат 6 милијарди евра по основ на државен долг
Се земаат нови заеми, а на „врата“ ќе тропнат доспеаните за отплата. Според пресметките на Министерството за финансии, за пет години само централната власт по основ на доспеани обврски треба да врати 6 милијарди евра на домашните и на странските кредитори.
Најголем износ, 1,5 милијарди евра, треба да се врати во 2028 година. Најголемите суми се по основ на еврообврзници. Во секоја од следните 4 години треба да се исплати по една еврообврзница или вкупен износ од 2.400.000.000 (две милијарди и четиристотини милиони евра) само по основ на главница.
Во 2025 година, според проценките на Министерството за финансии, задолжувањето по основ на државниот долг се лимитира на 600 милиони евра, односно тоа треба дa биде максималниот износ на заем кој ќе биде земен од домашните и од странските кредитори.
На истекот од 2024 година, според последните достапни податоци, јавниот долг на крајот од првото економско полугодие изнесувал 60,5 отсто или 8.870.900 евра.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар