АНАЛИЗА: Јавниот сектор „зајакнат“ со скоро 2.500 нови вработени – 72,3 % Македонци, а 21,7% Албанци
Од институциите на ниво на државата, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци, со скоро 40 отсто има кај Народниот правобранител. Најниска од 12,73 отсто има кај Претседателот на државата, пишува Порталб. На ниво на министерствата, 66,35 отсто од вработените се Македонци, 26,03 отсто Албанци, а припадниците на останатите заедници се застапени со помалку од 3 отсто, покажуваат новите податоци на Извештајот од Регистарот за вработени во јавниот сектор за 2025
Од институциите на ниво на државата, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци – со скоро 40 отсто, има кај Народниот правобранител. Најниска од 12,73 отсто има кај Претседателот на државата, пишува Порталб. На ниво на министерствата, 66,35 отсто од вработените се Македонци, 26,03 отсто Албанци, а припадниците на останатите заедници се застапени со помалку од 3 отсто, покажуваат новите податоци на Извештајот од Регистарот за вработени во јавниот сектор за 2025
Бројот на вработени во јавниот сектор зголемен на годишно ниво
Во 2025 година во јавниот сектор во државата работеле 129.793 лица и во споредба со состојбата во 2024 г., бројот е зголемен за 2.471 лице. Но иако бројот на вработени според етничка припадност се зголемува и кај Македонците и кај Албанците, процентуалниот удел е помал во однос на состојбата со 2024 г. поради квантитативен пораст на вработените во јавниот сектор. На ниво на целиот јавен сектор во државата, според етничкиот клуч, 72,37 отсто од вработените се етнички Македонци додека 21,70 отсто се етнички Албанци.

Според податоците од Регистарот, просечната возраст на вработените во јавниот сектор во РСМ изнесува 46,6 години.
Најголема просечна возраст од 52,7 години има кај советот на јавни обвинители, додека пак најмала просечна возраст од 40,8 година има кај секретаријатот на Влада,се наведува во Извештајот.
Етничка структура на вработените по видови на институции
На ниво на сите министерства, етничките Македонци се застапени со 66,35 отсто, а етничките Албанци со 26,03 отст0, следуваат Турците со застапеност од 2,45 отсто, Србите со 1,36 отсто и Ромите со 1,29 отсто додека останатите заедници се застапени со помалку од еден отсто. Во Владата на РСМ, застапеноста на етничките Македонци изнесува 74,57 отсто, а на етничките Албанци 14,45 отсто, додека дел од другите заедници имаат удел од 3,76 отсто до 0,58 отсто. Во Јавното обвинителство, пак, застапеноста на Македонците изнесува 80.04 отсто, а на Албанците 16.12 отсто. Во Уставен суд 72.13 отсто од вработените се Македонци, а 18.03 отсто Албанци, додека на трето место со 4.92 отсто се Турците. Во регулаторните тела 70,38 отсто од вработените се етнички Македонци, 23,95 отсто се етнички Албанци додека 2,52 отсто се Турци.

Највисока процентуална застапеност на припадниците на Албанската заедница, со над 30 отсто има кај Народниот правобранител со учество од 39,29 отсто, потоа со 33.33 отсто се застапени во Самостојни стручни органи ( дел од комисиите, Државен архив, ДЗС, ДКСК и други), а со 32.48 отсто во Правни лица со јавни овластувања ( комори на лекари, адвокати, нотари ..). Според видот на институциите, најниска застапеност на етничките Албанци од 12,73 отсто има кај Претседателот на државата и во Владата со 14,45 отсто. На ниво на министерствата пак најниска процентуална застапеност на етничките Албанци има во Министерството за спорт со 12,20 отсто, Министерството за одбрана со 13.79 отсто и Министерството за дигитална трансформација со застапеност од 14.47 отсто. Највисока застапеност пак има во Министерството за односи меѓу заедниците 52.47 отсто, Министерството за здравство со 43.85 отсто и во Министерството за економија, со застапеност од 39.86 отсто.
—
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар