АНАЛИЗА: Како се полнеле и празнеле општинските каси на Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево
Помалку приходи и пониски расходи во однос на планот – сумирани се податоците за финансиите на локалните самоуправи во 2024 година. Кај сите има потфрлување и на страната на полнење и на страната на празнење на општинските каси, пишува Порталб.мк. На локално ниво, највисоки износи се трошат за плати и придонеси, договорни услуги, градежни објекти. На приходната страна пак дел од општините не успеале да го остварат планот за наплата на даноците
Помалку приходи и пониски расходи во однос на планот – сумирани се податоците за финансиите на локалните самоуправи во 2024 година. Кај сите има потфрлување и на страната на полнење и на страната на празнење на општинските каси, пишува Порталб.мк. На локално ниво, највисоки износи се трошат за плати и придонеси, договорни услуги, градежни објекти. На приходната страна пак дел од општините не успеале да го остварат планот за наплата на даноците
Наплата на данок на имот, највисоки расходи за плати
Општина Арачиново од годишните планирани приходи за 2024 реализирала 81,5 отсто. На приходната страна големо потфрлување има кај клучниот извор на финансирање, од данок на имот собрала 69.500 евра, што е само 53, отсто во однос на планот. Помалку пари се собрани и од данок на доход и од данок на специфични услуги. Буџетските трошења на оваа општина во однос на планот се реализирани со стапка од 78,3 отсто. Најголем дел од буџетот или 1,8 милиони евра се потрошиле за плати и придонеси, а повисоки трошковни ставки се „договорните услуги“ и „поправки и тековно одржување“.

Општина Гостивар е една од оние кои успеале да ја наполнат општинската каса блиску до планот – со реализација на вкупните приходи од 95,8 отсто. Наплатата на данокот на имот изнесува 90,5 отсто, а нешто повеќе од годишниот план била реализацијата по основ на данок на доход. Највисока приходна страна се државните трансфери. На расходната страна и оваа општина лани имала помала реализацијата во однос на планот, од 95,5 отсто. За основни плати и придонеси биле потрошени 16,7 милиони евра. Повисоки трошковни ставки се „други градежни објекти“, „поправки и тековно одржување“ и „договорни услуги“.
Во однос на планот за годишните приходи, Општина Дебар успеала да оствари 92,8 отсто и потврдувањето е како последица на понискиот износ на државните трансфери. Оваа локална самоуправа успеала да наплати повисок износ од планираниот по основ на данокот на имот со натфрлање од околу 15 отсто, а повеќе пари од планираното наплатила и од данок на доход и од данок на специфични услуги. На буџетската расходна страна, вкупните трошења се реализирале со стапка од 91,2 отсто. И кај оваа општина највисока расходна ставка се основните плати и придонеси за што лани биле потрошени 4,9 милиони евра. Повисоки износи се одлеале по основ на „други градежни објекти“ и „комунални услуги, греење, транспорт“.

Во групата локални самоуправи кои успеале да наплатат повеќе даноци во однос на планот е Општина Кичево. Вкупните буџетски приходи лани биле реализирани со 90,9 отсто, а целосното неостварување е главно поради понискиот износ на државни трансфери. Наплата на данокот на имот изнесува 14,7 отсто повеќе во однос на планот, а повеќе пари се собрале и од данокот на доход додека најголем износ е собран од наплата на „даноци на специфични услуги“. На расходната страна од буџетот на општината реализацијата изнесувала 90,7 отсто. За исплата на плати и придонеси лани се потрошиле 11,4 милиони евра, а зад оваа ставка, според износот е ставката „други градежни објекти“. Позначајни износи се одлеале и по основ на „договорни услуги“ и „разни трансфери“.
*******
Во следната анализа на „Порталб“ ќе бидат објавени буџетските податоци за Струга, Тетово, Чаир, Сарај и Град Скопје.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар