АНАЛИЗА: Каква вода пиеме – повеќе од 24% од домовите без одвод, во 21 век се користат септички јами
Од 2013 до 2022 година, на ниво на државата, повеќе од 91 % од анализите на примероците покажале дека водата за пиење била исправна. Од друга страна, има алармантни податоци дека голем процент на домовите сè уште се надвор од јавната канализациска мрежа , пишува Порталб. Голем дел пак од оние што имаат одвод, тој не води до колекторски систем за прочистување, што е уште еден загрижувачки наод за состојбата со квалитетот и третманот на водата. Во 2025 г. дури 72, 6% од отпадните води не биле прочистени
Од 2013 до 2022 година, на ниво на државата, повеќе од 91 % од анализите на примероците покажале дека водата за пиење била исправна. Од друга страна, има алармантни податоци дека голем процент на домовите сè уште се надвор од јавната канализациска мрежа , пишува Порталб. Голем дел пак од оние што имаат одвод, тој не води до колекторски систем за прочистување, што е уште еден загрижувачки наод за состојбата со квалитетот и третманот на водата. Во 2025 г. дури 72, 6% од отпадните води не биле прочистени
Во 21 век дел од граѓаните сè уште пијат вода што воопшто не е проверена
Од 2013 до 2022 година повеќе од 90% од испитувањата на водата за пиење на ниво на државата, покажале дека водата за пиење е исправна, односно санитарно-хигиенската состојба била во границите на очекуваното, се наведува во годишната „Статистика на животната средина за 2025“ што ја објавува Државниот завод за статистика.
Додека гостиварци ги помина најпеколните летни денови без вода за пиење од градскиот водовод, а партиите меѓусебно се обвинуваа чија е вината за состојбата во Гостивар, но и во други населени места во државата, Порталб направи увид во досегашните статистики на надлежните институции поврзани со прашањето “Каква вода пијат граѓаните“.
Статистичкиот извештај за 2025 г. на ДЗС, што се објавува еднаш на две години, открива дека во период од една деценија, повеќе од 90% од земените мостри покажале дека водата за пиење на ниво на државата била исправна за користење и за пиење.
Процентот на неисправни мостри, според физичко-хемиската анализа, се движи од 2.6 % до 5.5 %, а процентот на неисправни мостри, според микробиолошката анализа, се движи од 0.9 % до 3.0 %– пишува во статистичката анализа.
Иако повеќе од 90% од домаќинствата користат вода за пиење од јавен водовод, сепак, во документот се нотира дека во 21 век сè уште се користи вода што не е проверена.
Иако податокот дека 91.4 % од вкупниот број индивидуални домаќинства се снабдуваат со вода за пиење од јавен водовод претставува статистички висок показател, фактот дека на почетокот на 21 век, во срцето на Европа, сè уште дел од домаќинствата пијат вода што не е проверена ниту биолошки ниту хемиски, претставува показател што треба да загрижува– се наведува во статистичкиот извештај
Притоа се нотира дека тоа што граѓаните живеат во рурални средини не може да биде оправдување за ваквата состојба.
Фактот дека поголемиот број од домаќинствата што не се снабдуваат со вода за пиење од јавен водовод се концентрирани претежно во ретко населени рурални населби не може да биде оправдување за недоволната грижа на државата во секој стан, до секое домаќинство, да донесе квалитетна вода за пиење– објавува ДЗС.

Од друга страна, дури 7,3% од вкупниот број на станови не се опремени со одводна канализација, 13% од домаќинствата сè уште користат септичка јама, а 4,3 % пак од отпадните води се излеваат како „слободен истек“.
Ако притоа се додаде и фактот дека поголем дел од изградената канализациска мрежа не води до современи колекторски системи, состојбата треба сериозно да нѐ загрижи, особено надлежните институции и единиците на локалната самоуправа – се наведува во анализата на статистичарите.
Најновите податоци за 2025 година покажуваат дека од вкупното количество испуштени отпадни води, дури 72.6 % не биле прочистени, а 27,4% пречистени.. Во новиот „Стратешки план 2026-2028“ на МЖСП е посочено дека ќе има проекти за изградба на канализациски мрежи, одводни канали, колекторски системи и атмосферски канализации. Меѓу другите најавени се изградба на водоснабдителен систем во Теарце и водоводно-канализациска мрежа во повеќе рурални места околу Делчево, Тетово, Демир Хисар. Неготино. Според достапните податоци од Министерството за животна средина, последната објавена „Национална стратегија за заштита на животната средина“ е објавена во 2018 година и се однесува до 2027 година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар