АНАЛИЗА: Колку пари и за кои проекти ќе се троши буџетот догодина

Фото: vlada.mk

Значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура – Коридор 8, инвестции во Коридорот 10, физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен, изградба на автопатска делница Скопје-Блаце, гасовод меѓу Скопје и Косово, Македонија и Грција… Ова се дел од планираните јавни инфраструктурни инвестиции во новиот буџет за 2022 година. „Порталб“ го анализира развојниот дел на Буџетот кој ги опфаќа планираните јавни инвестиции

Значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура – Коридор 8, инвестции во Коридорот 10, физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен, изградба на автопатска делница Скопје-Блаце, гасовод меѓу Скопје и Косово, Македонија и Грција… Ова се дел од планираните јавни инфраструктурни инвестиции во новиот буџет за 2022 година. „Порталб“ го анализира развојниот дел на Буџетот кој ги опфаќа планираните јавни инвестиции

 

 

Министерството за образование и догодина преку развојната компонента ќе има пари за инвестиции во училишта, спортски сали, училишни и студентски домови. Така, за изградба и реконструкција на основни училишта предвидени се 5,5 милиони евра – најголем дел за реконструкција на училишта, додека за спортски сали во основни училишта предвидени се 6,5 милиони евра. За изградба и реконструкција на средни училишта предвидени се 2 милиони евра, а за спортски сали во основните училишта 25.000 евра. За реконструкција на студентските домови предвидени се 400.000 евра, додека пак за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови со новиот Буџет планирани се средства во износ од 4,2 милион евра.

Со новиот Буџет за 2022 година предвидени се старо-нови проекти во Министерството за здравство, конкретно за реконструкција и доградба на објектите на јавните здравствени установи, како охридската специјална болница „Свети Еразмо“, за градежни активности во Општа болница Струмица, Поликлиника Сарај, за Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје; Клиничка болница Битола, за КАРИЛ и други планирани се 4,2 милион евра, за медицинска опрема 5 милиони евра, за амбуланти во рурални подрачја 8.000 евра, за општа болница Кичево скоро 1 милион евра, а за долго најавуваниот нов клинички центар во Скопје и за болницата во Штип 9 милиони евра.

Клучни развојни ставки преку Министерството за локална самоуправа се прекугранична соработка за што се планирани 1,8 милион евра и рамномерен регионален развој со планиран износ од 4,4 милион евра.

За развојните проекти поврзани со финансиска поддршка на општините, преку Министерството за финансии се обезбедени 7 милиони евра, за регионален развој 1,4 милион евра, за рурален развој 12,3 милиони евра а преку ИПА 2 – инструмент за претпристапна помош планирани се 42,5 милиони евра.

Преку Министерството за економија за гасификацијата, конкретно за дополнителните инвестициони вложувања и трошоци за проектите кои се во тек на реализација, како и за трошоците за идните проекти поврзани со гасификацијата планирани се 10,1 милион евра, а за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија одвоени се 1 милион евра.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, која е клучната институција за странските директни инвестции во 2022 година, за проекти и за изградба на инфраструктура во слободните економски зони ќе има на раполагање 10,1 милион евра.

Министерството за внатрешни работи за реформи во полицијата – креирање на современа полиција, согласно ЕУ стандардите, одржување на поволна безбедносна состојба, спроведување на владеење на правото согласно националното законодавство догодина ќе може да потроши 7,4 милиони евра, а за изградба, реконструкција и адаптација на објекти на полициските станици, граничните премини и сместувачките капацитети на МВР на располагање ќе бидат 3 милиони евра.

Министерството за одбрана преку развојниот дел на Буџетот догодина преку ставката „Интеграција во НАТО“ ќе има на располагање речиси 84 милиони евра.

Преку Министерството за животна средина, следната година за Дојранското Езеро се предвидени 763.000 евра додека за колекторски систем Охрид и Струга не се предвидени средства – за оваа намена проектирани се суми за 2023 и 2024 година.

Со позначајни суми за капитални расходи располага Министерството за транспорт и врски. За олеснување на трговијата и транспортот предвидени се 6,5 милиони евра, за локални патишта 12 милиони евра, за водовод и канализација за општините 3,7 милиони евра, за водоснабдување и одведување на отпадни води 7,3 милион евра, за стартешкиот енергетски проект – гасификацијата, предвидени се 4,5 милион евра а за инвестиции во железничката инфраструктура 42 милиони евра.

Преку Министерството за земјоделство за хидросистемот „Злетовица“ одвоени се 3,5 милион евра, за хидросистемот Лисиче 500.000 евра а за наводнување на јужната долина на Вардар 2,6 милион евра и позначајна сума од 5 милиони евра е предвидена за наводнување на територијата на целата држава. Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за поддршка на рурален развој предвидени се 18,2 милион евра, а за рурален развој 5,7 милион евра.

За Јавното обвинителство одвоени се 5,5 милиони евра конкретно за спроведување односно имплементација на Законот за кривична постапка. Агенцијата за вработување за поттикнување на вработувањето ќе располага со скоро 28 милиони евра.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција