АНАЛИЗА: Линеaрното зголемување на пензиите – предизборен или економски потег?
Премиерот „пресече“ – пензиите ќе се зголемат линерно, пред избори, за 1.000 денари. Власта експресно ги предложи, а парламентот исто така експресно ги изгласа за законски измени со кои се отвори патот за линеарен пораст на пензиите. Со овој потег повторно се напушти сегашниот модел за раст на пензиите – усогласување според стапката на инфлацијата и растот на просечната плата. Експертите што ги консултираше „Порталб“ велат дека новата „линеарка“ е предизборен потег пред локалните, но и „предвесник“ на предвремени парламентарни избори
Премиерот „пресече“ – пензиите ќе се зголемат линеaрно, пред избори, за 1.000 денари. Власта експресно ги предложи, а парламентот исто така експресно ги изгласа за законски измени со кои се отвори патот за линеарен пораст на пензиите. Со овој потег повторно се напушти сегашниот модел за раст на пензиите – усогласување според стапката на инфлацијата и растот на просечната плата. Експертите што ги консултираше „Порталб“ велат дека новата „линеарка“ е предизборен потег пред локалните, но и „предвесник“ на предвремени парламентарни избори
Зошто линеaрно, а не процентуално зголемување на пензиите
Во ек на изборна кампања за локалните избори, на 1 октомври пензионерите ќе добијат пензија повисока за 1.000 денари – еднаш во септември годинава, а потоа и во март следната година. Законските измени се изгласаа по скратена постапка, со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“.
Многу е важен моментот на ваквата одлука. Се премостува сегашното законско решение за процентуално зголемување и се посегнува по линеарно. Мислам дека се чекаше овој момент. Кога ќе кажете „линеарно“ зголемување тоа звучи убаво во предизборие. Мислам дека најавите за зголемување на социјалните трансфери, па и самиот ребаланс на буџетот се во контекст на изборите, вели економскиот аналитичар Абил Бауш.
Одлуката за линеарен пораст на пензиите за вкупно 2.000 денари се спроведе без да се соопшти финансиска анализа и аргументи за оправданоста на овој модел за пораст. Единствено се кажа дека тоа го барале пензионерите и дека целта била да подобри стандардот на оваа категорија на граѓани.
Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе. Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка. Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и којашто посветено ја спроведуваме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Тоа што отсега се најавува линеарен пораст на пензиите во март навестува и предвремени избори, вели за „Порталб“ професорот Ванчо Узунов.
Пензиите не се социјална категорија. Ако која било власт сака да им помогне на пензионерите, има други механизми. На ваков начин се прави неправда на оние кои додека работеле плаќале поголеми придонеси. Дополнително, тоа што уште сега се најавува мартовски зголемување на пензиите за 1.000 денари, мислам дека е знак за предвремени парламентарни избори на пролет, вели за „Порталб“ Узунов.
Од опозициската СДСМ најавуваат дека ќе покренат иницијатива пред Уставниот суд за оценка на уставноста на законските измени за линеарно зголемување на пензиите.
Власта го урива системот на процентуално зголемување на пензиите со тоа што овој пат најголем дел од пензионерите или околу 93 отсто ќе бидат оштетени во два наврата, и при првото и при второто зголемување. Во првата фаза во добивка со околу 70 денари ќе бидат околу 7,3 отсто од пензионерите кои примаат минимална пензија, вели за „Порталб“ Јована Тренчевска, поранешна министерка за труд и социјална политика, сегашен пратеник од СДСМ.
Законските измени за линеарно зголемување веќе се адресирани до пратениците и треба да се усвојат пред распишување на локалните избори. Во предложените измени не се наведува поединечната сума за пораст на пензиите туку се потенцира дека вкупната сума за процентуален пораст на сите пензии ќе биде распределена линерно.
Сите видови на пензии кои се исплаќаат во Македонија на 1 септември 2025 и на 1 март 2025 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за зголемување на пензиите пресметан како збир од 50 отсто на порастот на индексот на трошоците на живот и 50 отсто на порастот на просечната исплатена плата, се дели со вкупниот број на корисници на пензија, се наведува во предложените законски измени.
Во земјава заклучно со мај имало 344.796 пензионери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар