Анализа локални 2021: Арачиново со најголема излезност, Сарај и Липково со градоначалници во првиот круг

Фото: portalb.mk

Сарај и Липково добија градоначалници уште во првиот круг на локалните избори во 2021 година. Во вториот изборен круг имаше зголемена излезност речиси во сите општини предводени од градоначалници од албанскиот блок, освен во Струга. Во 2021 година се случи промена на политичките сили во Тетово, а во Гостивар тогашниот градоначалник успеа да го освои и вториот мандат. Врз основа на податоците од ДИК,  „Порталб“ направи анализа на резултатите од локалните избори 2021 година во општините предводени од градоначалници од албанскиот блок

Сарај и Липково добија градоначалници уште во првиот круг на локалните избори во 2021 година. Во вториот изборен круг имаше зголемена излезност речиси во сите општини предводени од градоначалници од албанскиот блок, освен во Струга. Во 2021 година се случи промена на политичките сили во Тетово, а во Гостивар тогашниот градоначалник успеа да го освои и вториот мандат. Врз основа на податоците од ДИК,  „Порталб“ направи анализа на резултатите од локалните избори 2021 година во општините предводени од градоначалници од албанскиот блок

 

Бетонирани позиции, но и промена на „политичките сили“ во водечки општини 

Со освоени 107.595 гласови за градоначалници, ДУИ се рангираше на третата позиција по вториот круг на локалните избори во 2021 година  (по ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) и имаше најмногу гласови во албанскиот политички блок. На четврто место, а како втора коалиција од албанскиот кампус со 57.296 гласови беше Алијанса на Албанците и Алтернатива, додека на петто место, како трета партија од албанскиот блок со 26.734 гласови беше рангирана БесаДемократската партија на Албанците ДПА на Мендух Тачи во вториот круг освои 4.145 гласови со што се позиционираше на осмо место.

Вториот изборен круг на локалните избори 2021 г. ќе биде пресуден за поголемите општини во кои се водеше битка меѓу ДУИ и тогашните „опозиционери“ во албанскиот блок.

Во Гостивар по вториот круг, локалната власт останува во „рацете“ на Арбен Таравари кој го стартува вториот градоначалнички мандат, како претставник на коалицијата АА и Алтернатива со освоени 58,18% од гласовите додека ДУИ освојува 40,34%. За разлика од Гостивар, ДУИ понесува победа во Струга со Рамиз Мерко кој освојува 53,27% од гласовите додека за АА и Алтернатива гласаат 45,38% од гласачите. 

И по бројните „заткулисни“ пазарења меѓу македонскиот и албанскиот политички блок, Кичево останува под „јурисдикција“ на ДУИ – Фатмир Дехари освојува 53,57% од гласовите додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44,82%. Локалните избори 2021г. ќе донесат промена на политичките сили во Тетово, со освоени 55,81% од гласовите власта ја презема Биљал Касами од Беса додека ДУИ добива доверба од 42,73% од гласачите.

Скопски Чаир – мегдан за мерење на партиските мускули меѓу ДУИ и Коалицијата АА и Алтернатива.  По вториот изборен круг на чело на Чаир останува Висар Ганиу од ДУИ, освојувајќи 55,19% од гласовите. 

 

Излезноста – важна не само за легалитетот туку и за легитимитетот

На локални избори 2021 година од вкупно 1.801.965 избирачи, во првиот круг на гласање излегоа 911.314 или излезност од 50,57%. Во вториот круг гласаа 532.804 граѓани или излезност од 50,69%.

Податоците од ДИК покажуваат дека највисока стапка на излезност, која во вториот круг се доближи до 63% имаше во Арачиново, а најмала од 37,95% имаше во Липково, каде градоначалникот со убедливо мнозинство од излезените гласачи, беше избран уште во првиот круг.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк                   

За успешност на изборниот циклус за локални избори, според Изборниот законик, на гласање треба да излезат 33% од запишаните гласачи, а во првиот круг на изборите победник може да биде оној кој ќе освои 50% плус еден глас од оние кои гласале.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина –  дефинира  Изборниот законик.

Сепак овие „математики“ можат да бидат разнишани од бројот на неважечки ливчиња кои според досегашната пракса се движат во рамка од 3%.  

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција