Анализа на говорот на премиерот Никола Груевски на Мечкин Камен

Тимот на Вистиномер изврши анализа на говорот на премиерот Никола Груевски на Мечкин Камен, според ветувањата дадени во предизборната програма. Во анализата може да се информирате на кои ветувања се однесуваат делови од говорот, како и нивниот статус. Следува извадок од говорот кој се однесува на конкретни спроведени проекти.

gruevski_krusevo1_sl111

Датум: 02.08.2013 | Извор: МТВ

nevistina[…] Затоа сметам дека е рамно на победа да инвестираш во образованието на младите и тоа процент од БДП на кој завидуваат и многу поуспешни држави од нас […]

На 25 октомври 2012 година, премиерот изјави дека 6 проценти од бруто домашниот производ на земјата се издвојуваат за образованието што е над просекот на ЕУ каде се одвојува 5,5 проценти, што се покажа како неточно. Изјава: 6% од БДП на земјата се издвојуваат за образованието

votek[…] да обезбедиш најсовремени лабаратории за универзитетите и бизнисот […]

Досега се отворени две нови лабаратории на ПМФ и четири нови лабаратории на ФИНКИ. Ветувањето е со рок до 2015 година.  Оцена: Во тек. Ветување: Проект „Лабаратории“

ispolneto[…] да се намалат партиципациите за факултет и со тоа да се олесни пристапот за секого […]

Партиципацијата на факултетите е намалена во 2010 година. Линкови: Партиципацијата на студентите намаленаПомала партиципација за државните универзитети

ispolneto[…] да има бесплатни учебници за сите ученици […]

Постои информатички систем за внесување податоци и дистрибуција на бесплатни учебници http://ucebnici.mon.gov.mk/.

[…] многу нови или пак модернизирани спортски сали и училишта […]

За оваа изјава постојат неколку ветувања, меѓу кои: Опремување на средни и основни училишта (делумно исполнето), Проект „Градиме и реконструираме училишта“ (се истражува, рок за исполнување 2015 година), 145 училишни спортски сали (во тек, рок за исполнување 2014 година)

delumnoispolneto[…] дисперзирани студии блиску до сите […]

Дисперзирани студии кои се планирани се отворени во сите предвидени градови со исклучок на факултет во Гевгелија. Ветување: Отворање на нови факултети

ispolneto[…] како што е и победа проектот кој го работиме со Кембриџ со кој од следните години македонските ученици ќе учат од најдобрите учебници и по наставни програми од Англија, или пак како ниедна друга земја во светот, освен Јапонија, што овозможуваме целосна стипендија за секој наш човек кој ќе успее да се запише на 100-те односно 200-те во техничките науки највисоко рангирани универзитети во Светот, нешто што до пред две години беше само сон, а сега е реална и изводлива опција. Секој нов млад човек кој ќе стекне образование е победа! […]

Во 2012 година започна доделувањето на целосните стипендии за студентите кои ке се запишат на највисоко рангираните универзитети во светот. Линк: Кралев: Целосни стипендии за 12 лица кои ќе студираат на еден од 100-те врвни странски универзитети

delumnoispolnetoПобеда е да ја намалиш цената на лековите […]

Методологијата за утврдување на единствени и референтни цени на лекови е донесена од страна на Владата на Република Македонија на 30.10.2011 година, и истата е објасвена во Службен весник на РМ на 09.11.2011 година. Што се однесува до делот од ветувањето каде се напоменува дека со ваквата методологија, цените на лековите ќе се намалат, иако министерот за задравство Никола Тодоров го тврди истото, сепак фармацевтските компании во јавноста излегоа со информации дека иако големопродажната цена на дел од лековите ќе се намали, во исто време ќе се зголеми малопродажната маржа, со што лековите во аптеките ќе поскапат. Ветување: Утврдување на единствените и референтни цени на лекови

votek[…] да инвестираш во најмодерна опрема за клиниките и болниците и истите да ги градиш и реновираш […]

Нова медицинска опрема засега добиле клиничката болница во Битола и Штип, а се очекува во скоро време опрема да и биде дадена и на болницата во Струмица. Ветувањето има рок до септември 2013 година. Ветување: Набавка и ставање во употреба на најсовремена медицинска опрема

Се истражува[…] да обезбедуваш бесплатна обука и студиски престој за нашите лекари во странство за да стекнат нови знаења и да помогнат на нашите пациенти, да спасуваат и продолжуваат животи […]

Досега нема информација за испратени лекари на студиски престој во странство, додека на бесплатна обука беа испратени седумнаесет лекари во 2012 година. Ветување: Специјализации за лекари во странство (рок 2015 година)

ispolneto[…] да носиш реномирани странски лекари за да изведуваат интервенции дома додека нашите лекари не го надополнат тој простор каде што како и секоја земја имаме дефицит […]

Лекари од странство ќе изведуваат интервенции и ќе ги обучуваат домашните лекари 

ispolneto[…]  да овозможиш бесплатно ин витро за прво и за второ дете […]

Кон крајот на јули 2013 година, владата овозможи бесплатно ин-витро и за второ дете. Извор: Владата овозможи бесплатно ин-витро и за второ дете

ispolneto[…] да се осврнуваш на правење систем за подобра комуникација на лекарите и пациентите, за подобар однос, во сечиј интерес. Секој нов човечки живот, секоја излечена болест, секој добар збор и однос е победа!

Оваа година Министерството за здравство го имплементираше системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ и тоа во делот на електронско упатување со закажување и Е-рецепт.

neispolnetoПобеда е и приклучувањето на Македонија во Јужен тек, и тоа во ситуација кога на почетокот Македонија не беше ни споменувана во овој проект, но со големи залагања обезбедивме влез во него. Сега се создадени и обезбедени условите кои овозможуваат да се започне со оперативни активности и на внатрешната гасоводна мрежа, помеѓу градовите, во секој град посебно и до секое домаќинство, погон, институција, фарма или фабрика во населените места. […]

Според предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година, градежните работи околу гасоводните системи требаше да започнат уште во 2012 година, но на терен се уште не е почнато со изградбата, односно се доцни веќе година и пол со реализацијата на овој проект. Ветување: Гасификација на Република Македонија

ispolneto[…] И новиот аеродром во Скопје […]

Реновирањето на аеродромот Александар Велики беше завршено во текот на месец септември 2011 година. Ветување: Реновирање на аеродромот Александар Велики

[…] модернизираниот во Охрид […]

Аеродромот во Охрид беше модернизиран и пуштан во употреба во април 2011 година.

delumnoispolneto[…] новите автобуси за градски превоз […]

До крајот на 2012 година во град Скопје беа донесени 68 двокатни и 39 нископодни автобуси,  со што делумно е исполнето ветувањето за обновување на возниот парк во Скопје. Ветување: Нови градски автобуси во Скопје

votek[…] становите за социјално ранливи семејства […]

Во изминатиот период се изградени дел од предвидените станови за ранливите семејства. Останатиот дел се очекува да биде завршен до крајот на 2014 година. Ветување: Станови и куќи за станбено необезбедени лица / Станови и куќи за ранливи групи

[…] посебните програми за нивно вработување како што е оној за вработување на 1 600 лица во државните институции, процес кој е во самиот финиш и од есенва ќе се почне и со првите вработувања по однос на оваа програма. И новиот проект за организирано помагање на поимотните кон посиромашните кои деновиве го промовираше владата е една за некого мала, но за некого многу голема победа.

Проектот за вработување на 1 600 лица во државните институции воопшто не е споменат во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година. Сепак мора да се напомене дека во програмата се опфатени повеќе програми за вработување на ранливите групи, кои се започнати и се во тек, меѓу кои и: Самовработување на 3.750 лица со кредитирање до сопствен бизнис; 1.000 дополнителни вработувања преку мерката самовработување и формализација; 3750 самовработувања од идеја до бизнис со грант од 3.000 евра; Практиканство како поддршка за прво вработување.

Победа се и нови изградените, реконструирани, или модернизирани локални, регионални патишта […]

Од сите регионални патни правци чија реконструкција е дел од програмата на Влада на Република Македонија, повеќе од половина не се реконструирани, 2 патни правци се веќе реконструирани, а остатокот се во тек или се уште не се започнати. Ветувања од оваа област:  Реконструкција на локалните патишта (Оценка: Во тек), Реконструкција на регионален пат Радовиш-Конче-Лубница (Оценка: Неисполнето), Реконструкција на регионален пат Струга- Дебар (Оценка: Неисполнето), Реконструкција на регионален пат Кавадарци- Мушов гроб (Оценка: Неисполнето), Реконструкција на регионален пат Анѓелци- Вељуса (Оценка: Неисполнето), Делница Радовиш- Струмица (Оценка: Неисполнето), Патен правец Штип- Струмица (Оценка: Се истражува), Доизградба на клучката Брвеница (Оценка: Неисполнето), Магистрален пат Косел-Охрид-Граничен премин Св. Наум (Оценка: Во тек), Реконструкција на регионален пат Македонски Брод- Прилеп (Оценка: Исполнето), Ресен- Маркова нога, потег од Макази – Долно Дупени (Оценка: Исполнето), Регионален пат од Скопје до Сончев Град (Оценка: Неисполнето), Изградба  на регионален пат од Кичево до Дебар преку Извор (Оценка: Се истражува)

votek[…] автопатите кои се изградени или кои ги градиме како оној од 28 километри кај Демир Капија, и заложбите што ги правиме за нови автопатски решенија за кои сме во интензивен процес на заокружување на финансиската и правната конструкција.

Во текот на изминатиот период се работи на изградбата на автопатот кај Демир Капија како дел од Коридорот 10. Ветување:  Делница Демир Капија – Смоквица (Коридор 10)

ispolnetoИсто како што е и легализацијата на дивоградбите, и откупот на дворовите за семејствата […]

Ветување: Имплементација на законот за постапување со бесправно изградени објекти

[…] покачувањето на гаранцијата за штедни влогови до 30 000 евра, овозможувањето на услови за легализација на фармите, земјоделската механизација […]

Законот за финансиски друштва предвидува штедните влогови на граѓаните до 30.000 евра во една банка да бидат 100 отсто осигурени.

Со измените на Законот за земјоделско земјиште во 2012 година, објектите изградени на земјоделско земјиште ќе можат да се легализираат за едно евро од квадрат.

Се истражуваЗа земјоделецот е победа тоа што секоја година добива високи земјоделски субвенции […]

Предвидени се субвенции од 670 милиони евра: за 2011 – 115 милиони евра, за 2012 – 130 милиони евра, за 2013 – 135 милиони евра, за 2014 – 140 милиони евра, за 2015 – 150 милиони евра

[…] што се распределува земја по објективни и правични услови […]

Почнувајќи од септември 2011 година, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува по минимум еден оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост секој месец, со исклучок на месеците: јануари, септември и октомври 2012 година, и февруари и март 2013 година, а ветено е целосно завршување на распределбата на преостанатите 20.000 ха слободно државно земјиште на земјоделците. Ветување: Распределбата на преостанатото слободно државно земјиште на земјоделците

ispolneto[…] што државата финансира 50% од трошоците за развој на неговата дејност […]

Овој проект не е опфатен во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година. Сепак Владата на РМ има донесено мерка за покривање на 50% од трошоците за земјоделска механизација и за отворање на нови бизниси во руралните средини.

ispolneto[…] што ќе може земјата која со години ја работи и од неа живее да си ја купи под поволни услови и на многу рати и да си биде негова, да не се плаши дека може да ја загуби.

Овој проект не е опфатен во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година. Сепак со измените на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост донесени во јуни 2013 година, воведена е можност земјоделецот кој ја обработува земјата подолго време да ја откупи по поволни услови.

Во говорот на премиерот имаше и многу ветувања кои се веќе архивирани и ќе се следи нивното исполнување.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција