Наставници без научно звање и нелегални објекти во Универзитет Тетово

Универзитет ов Тетово. Фото: вебсајат на УТ

 

Финансиските извештаи за работата на државниот Универзитет Тетово (УТ) се најдоа под лупа на државната ревизија. Опфатен е периодот од 2017 година, а се анализирале сметките на Основниот Буџет и Сметката на Буџетот од самофинансирачки активности, при што се најдени неправилности, пишува Portalb.mk.  На забелешките и утврдените наоди имало одговор од одговрното лице на Универзитетот, но, во задоцнет рок

 

Пишува Анета Додевска

Државниот тетовски универзитет се соочува со дефицит на кадар, дел од вработувањата не биле во согласност во внатрешните правилници, а проблемтично било и менаџирањето со дел од парите кои се добивале од самфинансирачки активности. Ова се дел од наодите од последниот ревизорски извештај, кој под скенер го стави работењето на Универзитетот во Тетово во 2017 година. Во еден дел од извештајот, во прашање се доведува и стручноста на кадарот.

„За реализација на образовниот процес, Универзитетот ангажира наставници по договори за давање  на интелектуални услуги, што опфаќа 39% од наствниот кадар, при што дел од лицата кои ја извршуваат реализацијата на наставата немаат наставно научно звање, а лицата ангажирани како соработнички кадар се со работни обврски кои не соодветствуваат со педагошките обврски на соработничкиот кадар“ – се наведува во ревизорскиот извештај.

Според наодите во ревизорскиот извешатај, 61% од наставниот кадар е во редовен работен однос. И покрај бројните барања до ресорното министерство за одборување на вработувања, согласност не е добиена, па останатите 39% недостаток на кадар Универзитетот ги надполнувал преку ангажмани со договор на дело. Со увид во документација биле утврдени 392 договори за давање на интелектуални услуги за изведување настава, испити и вежби.

„Поради недоволниот наставно научен кадар кој е во редовен работен однос, Универзитетскиот сенат во својот состав го нема потребниот број на членови, а Универзитетскиот совет не е основан согласно законските одбредби“ – утврдил ревизорот.

„Кај дел од кандидатите за избор во наставно научни звања не можевме да се увериме во исполнување на критериумите предвидени во Правилникот за критериумите и за постапката за избор на наставно-научни звања и во асистенти-докторанти“ – се нотира во извештајот, со забелешка дека во одлуките за избор не е наведен периодот за кој е извршен изборот, а со избраните лица не се склучени договори за вработување во звањето за кое се избрани.

“Во текот на ревизијата извршено е усогласување на Правилникот, а со секое лице од наставно-научниот и соработничкиот кадар е склучен договор во звањето за кое е избран“ – објавува ревизијата.

Во 2017 година од наплата на партиципација и кофинансирање за студирање се обезбедиле 249.161.000 денари и со извршениот увид во документацијата било утврдено дека распределбата на овие средства се врши врз основа на Правилник кој не бил одборен од страна на Министерството за образование. Вакво барање било испратено и во 2016 година, но до денска тоа не е одборено од ресорното министерство.

 

ДЕЛ ОД ОБЈЕКТИТЕ ДИВОГРАДБИ – ИМА ВИНА И КАЈ ВЛАДАТА?

Со извршениот увид во доставената документација до ревизорите се констатираат бројни пропусти во врска со деловниот простор што го користи Универзитетот во Тетово.  Дел од објектите во кои е сместен Универзитетот се сметаат за „бесправо изградени“ или се уште не се предадени  на користење од страна на МОН на образовната институција. Така, меѓудругото, ревизорот нотира:

„На местото „Село Мала Речица“ КО Мала Речица – Тетово, чиј сопственик е РМ, извршена е адаптација на објектот наменет за Факултетот за уметности. Иако Универзитетот има поднесено барање во февруари 2014 година до МОН да се донесе одлука недвижните ставри да се дадат на негово кристење,  Владата на РМ нема донесено одлука за престанок и давање на трајно користење без надоместок. Објектот наменет за Факултетот за природно-математички науки е изграден на земјиште кое во сопственост на повеќе приватни лица и во тек е постапка за легализација на објектот“.

Проблем е лоциран и во објектот во кој се наоѓаат Економскиот и Правниот факултет, кој нема одобрение за употреба. Уште во 2013 година било доставено барање за вршење на технички преглед, но ресорното министерство по разгледување на барањето го одбива.

„До денот на ревизијата Универзитетот ги нема комплетирано сите потребни документи за да се отпочне постапка за вршење технички преглед на објектот и да се даде одборение за употреба“ – се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите препорачуваат Универзитетот во Тетово во соработка со надлежните институции да ги интензивираат активнстите за легализација на објектите што ги користи и запишување на право на користење на целокупниот недвижен имот за да може истиот и сметководствено да се евидентира.

 

„ЗАДОЦНЕТ“ ОДГОВОР НА РЕВИЗОРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ

Универзитетот Тетово испратил забелешки на нацрт-ревизорскиот извештај, но по истекување на роковите дадени за одговор.

„Од страна на одговорното лице доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, но по истекот на законски утврдениот рок и истите немаат влијание на констатираната состојба“ – наведува ревизорот.

Во задоцнетиот одговор, од Универзитетот посочуваат дека образовната институција и покрај тоа што се соочува со големи проблеми од секаков вид, се обидува да ја почитува позитивната законска регулатива во земјава.

„И покрај тешката материјално-финансиска состоба, со слабо опремена инфраструктура за дел од факултетите, како и прблемите во врска со недостаток на наставно-научен кадар, сукцесивно во континуитет се прават сериозни напори целокупното работење да се канализира во согласност со законската регулатива“ – пишува меѓудругото во одговорот на ДУТ. Од таму наведуваат дека до сега упатиле бројни барања за вработување на стручен кадар, но алармирале и за финансиските проблеми како и за проблемите  поврзани со нерешениот стауст на дел од објектите во кои се сместени факултетите од универзитетскиот комплекс. 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција