АНАЛИЗА: (Не)оправдана даночна реформа

Фото: Pixabay.com

Официјално, првиот човек на Министерството за финансии, Фатмир Бесими,  ја започна јавната дебата за најавената даночна реформа. На маса аргументите “за“ и “против“. Голем дел од економистите велат “да“ за даночна реформа, но не на начин со кој во ист кош ќе се стават и богатите и сиромашните. “Порталб’ во третото продолжение на “Анализа“ ги сумира ставовите на експертите за тоа каков ефект ќе се постигне со најавените реформи

Официјално, првиот човек на Министерството за финансии, Фатмир Бесими, ја започна јавната дебата за најавената даночна реформа. На маса аргументите „за“ и „против“. Голем дел од економистите велат „да“ за даночна реформа, но не на начин со кој во ист кош ќе се стават и богатите и сиромашните. „Порталб’ во третото продолжение на „Анализа“ ги сумира ставовите на експертите за тоа каков ефект ќе се постигне со најавените реформи

 

Кој ќе добие а кој ќе “изгуби“ со даночната реформа…

Сегашниот нацрт – предлог за даночната реформа не е конечен, можни се измени, но она што е извесно е дека сепак ќе има промени во даночната полиитика кои ќе ги засегнат и граѓаните и фирмите. Една од клчните работи на кои предупредувата економистите е „тајмингот“ во кој се најавува реформата, во услови на економска и енегргетска криза и сеуште присутна здравствена криза. 

Најавите за даночна реформа во делот на данокот на доход, данокот на добивка и ДДВ се чини не соодветствува на актуелната економска состојба која е под сериозен притисок на политички, енергетски, логистички и здравствени влијанија, што не е „пријателско“ окружување за евентуално зголемено зафаќање, односно зголемување на даночниот товар за граѓаните и компаниите.. Во објаснувањата на предлагачот се нагласува дека се предлага проширување на даночната основа без притоа да се зголемува даночната стапка, но се пропушта да се појасни дека иако не се менува номиналната даночна стапка, ефективната даночна стапка се зголемува (објаснувањето е слично како за каматните стапки на банките, разликата меѓу номинална и ефективна каматна стапка) што како ефект дава зголемен даночен товар за даночните обврзници, вели за „Порталб“ даночниот експерт Павле Гацов.

Според економистот Арбен Халили целта на даночната реформа е да се обезбедат повеќе пари во Буџетот во услови кога отсуствува реформа во јавната администрација, а граѓаните и фирмите сега, во ек на економската и енергетска криза, сè потешко успеаат да ја одржат ликвидноста.

Единствено оваа реформа е во корист на државата со цел да собере повеќе пари во буџетот, но сметам дека ние имаме потреба за малку поболни, но ефикасни реформи а тоа подразбира драстично намалување на јавната и државната администрација, пропорционално со вкупниот број на резидентното население, вреднување на нивната ефикасност, и секако со тоа олеснување на државата од преголемиот товар, како најголем работодавач, што во нормален свет нема никаква економска логика, вели економистот Халили.

Ниту граѓаните ниту фирмите нема да можат да издржат какво било „зголемување“ на давачките, велат економистите. 

Со ваков концепт на даночна реформа ниту стопанството нешто добива, напротив, се одзема здивот на компаниите, ниту пак нешто ќе добијат граѓаните. Според мене, со даночната реформа не смее да се зголеми фискалната пресија, оти стопанството и граѓаните не ќе можат да го издржат тоа. Даночните реформи треба да се одвиват во две точки и тоа воведување на прогресивно оданочување на доходот и евентуално одредени поместувања во данокот на имот. Даночните реформи се прават во кординација на монетарната власт, за да не се доведеме во состојба на контадикторности на мерките на монетарната и фискалната политика, смета универзитетскиот професор Семи Бислими.

Според најавите, се очекува со новите даночни политики да се соберат дополнителни 54 милиони евра во централниот буџет – пари кои според власта , повторно треба да завршат во економијата за поквалитетно здравство, образование… Во оваа фаза сè уште се изнесуваат аргумените за најавената реформа – но на маса се неколку проблемтични пршања: „оданочување“ на хонорарно ангажирани работници, оданочување на каматите за штедните влогови, зелен данок, особено во делот на зголемени давачки за возила кои ќе се категоризираат како  загадувачи. Едно од контрадиктрните решенија е предлогот за уникување на даночно ослободување по основ на реинвестирана добивка во услови кога се прават напори за стимулирање и субвенционирање на инвеститори.

Предлогот за укинување на даночното ослободување по основ на реинвестирање на добивката не го стимулира развојот и обновата на опремата кај микро и малите компании и е во спротивност со владините политики на субвенционирање на инвестициите во опрема, хали, софтвер и сл. за големите компании. Со најавениот предлогголем број од компаниите ќе ја изгубат  можноста да користат даночни поволности како мотив за нови инвестиции, вели даночниот експерт Гацов.

Кај данокот на личен доход неменувањето на состојбите, значи повторно враќање на истиот даночен режим кој функционираше во 2018 година, прогресивно оданочување на доходот од работа со праг од 1 милион денари на годишно ниво кој би се оданочувал со 10%, а разликата со 18% и зголемен рамен данок од 15% за оданочување на доходот од капитал. Враќањето на ова решение чија примена беше одложена заради слабостите, според економистите, ќе значи повторно силна реакција од фирмите кои работат со проекти на кои се ангажирани различни профили на вработени.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција