АНАЛИЗА: Нови фискални прогнози – понизок раст на БДП, повисока инфлација и подлабок буџетски дефицит
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот 2026 година, веќе е извесно дека економскиот раст ќе биде понизок од сега планираниот на ниво од 3,8 отсто, пишува Порталб. Извесно е и дека инфлацијата ќе биде значително повисока во однос на сегашниот план. Јавниот долг кој на крајот на 2025 надмина 10.000.000.000 евра, во апсолутен износ ќе се зголемува
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот 2026 година, веќе е извесно дека економскиот раст ќе биде понизок од сега планираниот на ниво од 3,8 отсто, пишува Порталб. Извесно е и дека инфлацијата ќе биде значително повисока во однос на сегашниот план. Јавниот долг кој на крајот на 2025 надмина 10.000.000.000 евра, во апсолутен износ ќе се зголемува
Јавен долг над 61 отсто, инфлација од 4,5 отсто
Економскиот раст за годинава и следната година веќе е „стопен“ во новите буџетски документи кои се предворје на ребалансот на Буџетот. Според податоците од новата Фискалната стратегија 2027 – 2031 година, растот на БДП за годинава е намален од 3,8 отсто на 3,5 отсто, додека инфлацијата од сегашните 2,5 отсто се зголемува на дури 4,5 отсто.

Еден од поалармантните параметри е дефицитот на тековната сметка, односно трговскиот дефицит кој од сегашните – 3,8 отсто се зголемува на – 5 отсто. Новите фискални прогнози упатуваат на зголемување на невработеноста на 11 отсто, а намалување на вработеноста на 47 отсто. Според информациите, владината процедура за усвојување на ребалансираниот буџет треба да почне оваа недела. Министерската за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска веќе потврди дека минусот во државната каса ќе биде подлабок од планираниот, но не повисок од ланскиот на ниво од 4 отсто.
Можно е да има одредени корекции како резултат на мерките во рамките на акцизите за нафтата и нафтените деривати, така што може да има одредени отстапувања, но консолидацијата значи дека нема да имаме буџетски дефицит поголем од оној од минатата година. Многу внимателно се работи на трошењата и обврските се сервисираат навремено – најави министерката за финансии.
Буџетски дефицит и јавен долг
Според економистите, со ова е извесно и дека и оваа година нема да се одржи утврдената граница од 3 отсто буџетски дефицит.
Споредбата на последователните фискални стратегии открива системска тенденција на одложување на фискалните цели. Целта за дефицит под 3 отсто – утврдена со Законот за буџети и усогласена со Мастришките критериуми – се поместува третпат по ред: сега, од 2027 за 2028 година (Табела 1). Секое одложување не е неутрален технички чин – тоа значи повеќе камати, помал фискален простор и поголема изложеност на ризик при нови шокови. Кога исклучокот станува правило, тоа го губи кредибилитетот – наведуваат економистите од Фајнанс Тинк.
Во однос на Јавниот долг, кој на крајот на 2025 година надмина 10 милијарди евра, годинава ќе достигне 61,5 отсто и нивото од над 60 отсто ќе се одржува до крајот на 2028 година, со тенденција на зголемување во 2027 година. Според економистите, загрижувачки е трендот на пораст на расходите по основ на камати.
Нивната динамика во Фискална стратегија е загрижувачка: од 17,8 милијарди денари во 2024, каматите растат на 34,1 милијарди во 2031 — зголемување од 91 отсто за осум години, или двојно повеќе отколку пред десетина години (Табела 3). Во 2025 тие веќе изнесуваа 70 отсто од вкупните капитали расходи, а иако проекциите за 2031 нудат поповолна слика (36 отсто), таа е изградена врз претпоставка за трикратен скок на капиталните инвестиции – сценарио кое историски никогаш не е реализирано – преценуваат од Фајнанс Тинк.
Како главна причина поради која се „пробива“ поставениот лимит на Јавниот долг од 60 отсто, од Министерството ги посочуваат обврските кои доспеваат за отплата во следните години, пред сè по основ на еврообврзници.

Според последните достапни податоци од Министерството за финансии, на крајот од првиот економски квартал Јавниот долг изнесува 10.747.400.000 евра или 59,9 отсто од БДП.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар