АНАЛИЗА: Нула или минимална реализација на капиталните инвестиции испорачале над 70 отсто од министерствата

Фото: Portalb.mk/Suad Bajrami

Заклучно со 14 април реализирани се 10, 3 отсто од капиталните инвестиции. Првиот квартал од годинава заврши со остварување од само 8,95 отсто од планираните јавни инвестиции на годишно ниво. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првите три месеци од годинава дел од ресорите кои управуваат со поголеми буџети за јавни инвестиции имаат ниска стапка на остварување, па дури има и министерства и институции кои имаат реализација 0 (нула), пишува Порталб.мк

Заклучно со 14 април реализирани се 10,3 отсто од капиталните инвестиции. Првиот квартал од годинава заврши со остварување од само 8,95 отсто од планираните јавни инвестиции на годишно ниво. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првите три месеци од годинава дел од ресорите кои управуваат со поголеми буџети за јавни инвестиции имаат ниска стапка на остварување, па дури има и министерства и институции кои имаат реализација 0 (нула), пишува Порталб.мк

 

14 министерства со остварување на јавните инвестиции од 0 до 15 отсто 

Министерството за финансии – функции на држава кое годинава за капитални расходи (инвестициски проекти и на локално и на централно ниво) има на располагање 59,5 милиони евра, за три месеци испорачало реализација од само 7,74 отсто. Дел од ресорите под чија „капа“ се значајни инфраструктурни проекти во првиот квартал од годинава испорачале ниски, па дури и незначителни стапки на реализација на јавните инвестиции.

Така, Министерството за транспорт кое за годинава има буџет од фантастични 268,4 милиони евра, за три месеци испорачало реализација на капитални расходи од само 2,61 отсто.  Слично, 2,39 отсто реализација од вкупната сума од 82,5 милиони евра има и во Министерството за животна средина, а реализација од 3,15 отсто во однос на вкупните 9,4 милиони евра има во Министерството за социјална политика и демографија. Помалку од 10 отсто реализација има и во Министерството за економија  5,18 отсто, во Министерството за финансии 6,44 отсто и во Министерството за здравство 9,19 отсто. Министерството за образование со буџет за капитални расходи во износ од 37,6 милиони евра, за три месеци потрошило само 10,5 отсто од парите а новото Министерство за спорт од планираните 7,8 милиони евра реализирало 15,09 отсто. Новото Министерството за енергетика кое доби 3,3 милиони евра за капитални инвестиции, во првиот квартал испорача остварување од само 1,46 отсто, а Министерството за дигитална трансформација 1,43 отсто. Министерството за јавна администрација, пак, е со реализација од 0,95 отсто.

 

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Неодамна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното, иако за три месец остварувањето е под 10 отсто.

Во јануари и февруари времето беше студено, а како што знаете, најголем дел од капиталните расходи се поврзани со инфраструктура. Очекувам зголемена реализација во следните месеци, изјави министерката.  

Повисока стапка на остварување на капиталните расходи има во Министерството за внатрешни работи со 32,3 отсто, Министерството за култура 25,39 отсто, Министерството за земјоделство со 21,86  отсто, Министерството за одбрана со 21,02 отсто, и во ресорите со помали буџети за јавни инвестиции, како Министерството за односи меѓу заедниците со остварување од 99,45 отсто,  

Има и ресори кои во првиот квартал испорачале 0 (нула) реализација на капиталните расходи и во оваа група се Министрството за правда,  Министерство за надворешни работи и трговија и Министерството за локална самоуправа.

За три месеци со 0 (нула) реализација на јавните инвестиции има и во повеќе институции, дирекции и агенции, меѓу нив се Агенцијата за разузнавање, ДКСК, ДИК, Уставен суд, Агенцијата за управување со одземен имот, ПИОМ, МАНУ.

Капиталните расходи за годинава се позиционирани на историски износ од 768 милиони евра и се нотирани како клучни за остварување на планираниот економски раст.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција