АНАЛИЗА: Општини, болници, јавни претпријатија со најголеми долгови 

Фото: pixabay.com

Општина Тетово повторно се искачи на високото „трето“ место на долгата должничка листа на Министерството за финансии. Меѓу субјектите со највисоки износи на долгови освен општините се и државни фирми и јавни претпријатија. Милионски износи на долгови пријавиле и јавните здравствени установи. „Порталб“ ги рангира и анализира субјектите со најголеми износи на доспеани, а неплатени обврски.

Општина Тетово повторно се искачи на високото „трето“ место на долгата должничка листа на Министерството за финансии. Меѓу субјектите со највисоки износи на долгови освен општините се и државни фирми и јавни претпријатија. Милионски износи на долгови пријавиле и јавните здравствени установи. „Порталб“ ги рангира и анализира субјектите со најголеми износи на доспеани, а неплатени обврски

 

Долгови на општините

За само три месеци доспеаните а неплатени обврски на општините се набилдаа за нови 6,1 милиони евра. На крајот од декември 2021 година, вкупниот долг на општините достигна 68,9 милиони евра, додека на крајот од септември (трет квартал) тој изнесувал 62,8 милиони евра.

Инфографик – Порталб

Три општини се во топ 10 субјекти со највисоки износи на долгови. Конкретно, општина Тетово со вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од 13,5 милиони евра се искачи на високото трето место, општина Охрид со долг од 8,5 милиони евра е на петто место, а општина Гостивар со долг од 5,9 милиони евра е на десетто место на новата севкупна должничка листа.

Меѓу општините со повисок износ на долгови се и општина Струга со долг од 3,4 милиони евра, општина Карпош 3,3 милиони евра, општина Делчево со долг 3,1 милиони евра, општина Кичево со 1,8 милиони евра и општина Сарај со пријавени а неплатени обврски во износ од 1,7 милиони евра. Останатите општини имаат долгови пониски од 1,5 милиони евра.

 

Долгови на јавни претпријатија и државни фирми

Освен општините, со вкупен долг од 179,2 милиони евра се јавните претпријатија и државните фирми, додека општинските јавни претпријатија пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 58,4 милиони евра.

Така од државните фирми и јавни претпријатија, највисоки износи на доспеани а неплатени обрски имаат АД „Македонски енергетски ресурси“ со пријавени 82,6 милиони евра, АД МЖ „Транспорт“ со долг од 64,9 милиони евраЈП Колекторски систем Скопје со 8,6 милиони евра, ЈП Водовод Куманово со  8,1 милиони евра, ЈП водовод и канализација –Скопје со пријавени 7,3 милиони евра долг и АД „ЕЛЕМ“ – Скопје со износ од 7,3 милиони евра – сите вброени во првите десет субјекти со највисоки износи на доспеани а неплатени обврски.

Со поголеми износи на долг се и следните државни акционерски друштва и јавни претпријатија:  АД “Водостопанство“ Скопје со долг од 5,5 милиони евра, ЈКП Тетово со 4,9 милиони евра, ЈП Водовод  Охрид со 4,8 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со пријавени 4,2 милиони евра, ЈП За комунални дејности Ц.О. Струмица со 4,1 милиони евра, JП „МРТ“ – Скопје со пријавени неплатени обврски во износ од 3,7 милиони евра. Останатите јавни претријатија имаат долг помал од 3 милиони евра.

 

Долгови на здравството

Долговите на јавните здравствени установи на крајот од минатата година достигнаа 67,8 милиони евра – доспеани а неплатени обврски по различни основи пријавиле болници, клиники, институти. На должничката листа се голем број на општи болници речиси од сите градови.

Според износот, највисок долг од скоро 6,4 милиони евра пријавила Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, долг од 4,3 милиони евра имала ГОБ “8 ми Септември“, следуваат Институт за трансфузиона медицина со долг од 4,3 милиони евра, скопската Клиника за трауматологија, ортопедски лекување, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар-Скопје должат 3,8 милиони евра, Општа болница-Кичево 3,7 милиони евра, Општа болница-Куманово должи 3,3 милиони евра а Општа болница-Охрид 3,2 милиони евра, додека ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство пријавила неплатени сметки во износ од 2,9 милиони евра. Останатите јавни здравствени институции имаат долг понизок од 2,8 милиони евра.

Со оглед на финансиско-енергетската криза и неможноста на општините и на јавните претпријатија навреме и во целост да ги платат сметките за електрична енергија, се очекува долговите на овие субјекти да се зголемат во првиот квартал од годинава. Но, конечната состојба со обврските, сепак ќе зависи од тоа дали општините ќе добијат финансиска инјекција од централната власт за да можат да ги подмират тековните обврски, а со тоа да не создаваат нови.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција