АНАЛИЗА: Општините ќе добијат поголема „комоција“ за трошење – дали ќе се зголеми и одговорноста и отчетноста?

 

Ниту ги реализирале планираните приходи, ниту ги оствариле планираните трошења. Најновите податоци за финансиите на општините покажуваат дека вкупно сите единици на локалната самоуправа прикажале значително помали расход и приходи во 2020-та, пишува „Порталб“. Со законски измени власта планира да ја зголеми „комоцијата“ на општините за трошење.  Дали ќе се зголеми и одговорноста како ќе се троашт парите?

 

„Поголеми “ буџети за 50% – кој ќе го контролира  трошењето?

Во предворјето на локалните избори, со законски измени Владата ја зголемува комоцијата на општините да може да планираат повисоки приходи во локалните буџети – што подразбира и зголемување на трошењата. Дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа веќе се во собраниска процедура.

Сопствените приходи на основниот буџет на општината може да се планираат со пораст од најмногу 50% од просечно остварените приходи во последните три години, според податоците од трезорската евиденција – се наведува во предложените законски дополнувања.

Според власта, на ваков начин ќе им се помогне на општините да ја „преживеат“ економската криза. 

Измената се прави со цел да се олесни работењето на општините во време на КОВИД-19, токму и затоа предвидено е одредбите од членот 22-а од овој закон да се применуваат во периодот од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година – образложуваат од Владата.

За опозицијата овој потег е предизборно мотивиран и претставува закана за нови идни задолжувања на општините кои нема да можат да ги сервисираат.

Сложеноста ја гледам во немањето принципиелност за овој предлог закон, а ова е заради следново. 13 ноември 2018 година носите ваков закон каде го лимитирате максималниот износ на планираниот пораст од најмногу 10% на сопствените приходи на основниот буџет во однос на просечно остварените приходи во последните три години. Во време кога нема ковид криза на која се повикувате во образложението на 20 ноември 2019 години, една година подоцна носите нов закон каде го лимитирате максималниот закон на планиран износ во пораст од најмногу 30%, и сега доспатувате дополнување за пораст од 50% – изјави Бети Стаменковска Трајкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ

Досегашните „лимитирања“ за зголемување на општинските буџети требаше да ја зголемат дисциплината во трошење на локлано ниво и да ги намалат долговите на општините, а како дел од овој пакет беа и десетиици милиони евра од државниот Буџет со кои се “покриваа“ долговите на општините.

 

Повеќе од 87% од општините – пријавиле доспеани а не платени долгови

Најновите податоци од Министерствот за финансии покажуваат дека општините во земјава и натаму пријавуваат милионски долгови – доспеани а неплатени обрврски. На крајот од 2020 та година вкупно сите општини имаат доспеани а неплатени обврски во износ од 60.133 000 евра. Доспеани долгови пријавиле и јавните пртпријатија основани и менаџирани од локалните власти.

                               Доспеани неплатени долгови                    Недоспеани долгови 

Општини                      60.133 450 евра                                        7.800 000 евра

Општински ЈП              48.50 000 евра                                        4.400 000 евра

И натаму меѓу најголемите должници на „Должничката листа“ се токму општините – дел од нив во однос на 2019-та сепак успеал да го намалат долгот, не само со поддршка на парите од државниот буџет туку и како резултат на договорите со доверителите за исплата на главница на долг а со намалување или отпис на каматите за долгот.

Во првите десет најголеми должници и натаму се трите општини – Тетово со долг од 9,8 милиони евра, Охрид со доспеани а неплатени обврски во износ од 6,9 милиони евра и Карпош со пријавени неподмирени обврски од 4,9 милиони евра  на крајот од 2020-та.

                                      Доспеани а неплатени обврски 2020-та

Тетово                                    9,8 милиони евра

Охрид                                     6,9 милиони евра

Карпош                                  4,9 милиони евра

Гостивар                                3,5 милиони евра

Струга                                    3,4 милиони евра

Делчево                               3,1 милион евра

Освен што се предлага општините да можат да ги зголемат приходите и расходите, во игра е и решение за „отпис“ на долгови на Јавните претпријатија основани од општините. Од Министерството за локална самоуправа најавуваат дека процеост на децентрализација ќе продлжи и ќе засили за да се овозможи што поголема финансиска независнот на општините.

Првата насока во децентрализацијата ќе биде обезбедување на поголема финансиска независност на локалната власт. Јасно беше порачано дека општините нема да прифатат нови надлежности доколку не се обезбеди стабилизирање на финансиското работење на локалната власт и нејзините институции и дека нема да бидат прифатени нови надлежности без обезбедување на адекватни финансиски средства за нивна реализација. Вториот пакет ќе биде насочен кон утврдување на можностите за преземање на нови надлежности и третиот пакет би се однесувал на организациската поставеност на работењето на локалната власт – посочил министерот Милевски на средбата со градоначлниците во рамките на ЗЕЛС.

Сепак – останува отворено прашањето дали ќе треба и ќе мора да се зајакне контролата врз трошењата на локално ниво со оглед на тоа што дел од нив ќе раполагаат со повисоки износи на средства и ќе имаат можност за нови задолжувања.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција