АНАЛИЗА: Општините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг од скоро 65 милиони евра

Фото: Мета.мк

Локалните избори распишани, локалните власти на терен „работат“ со парите од унгарскиот кредит. На локалните избори 2025 година „општинарите“ ќе настапат со вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 65 милиони евра. Споредбената анализа на „Порталб“ покажа дека долгот е зголемен и на квартално и на годишно ниво

Локалните избори распишани, локалните власти на терен „работат“ со парите од унгарскиот кредит. На локалните избори 2025 година „општинарите“ ќе настапат со вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 65 милиони евра. Споредбената анализа на „Порталб“ покажа дека долгот е зголемен и на квартално и на годишно ниво

 

10 општини со највисок доспеан а неплатен долг 

На новата должничка листа на Министерството за финансии, Општина Гостивар е прва од групата на општини со највисок износ на долг од скоро 11,3 милиони евра, следна е Општина Тетово со доспеани, а неплатени обврски од 9,5 милиони евра, а на трето место со долг од 5,5 милиони евра е Град Скопје.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

На крајот од вториот квартал Општина Кавадарци пријавила долг во износ од 3,7 милиони евра, Општина Делчево – 3,1 милион евра,  Општина Желино – 2,9 милиони евра, Општина Василево, Општина Струмица и Општина Струга пријавиле долгови по околу 1,8 милиони евра, а десетта најзадолжена е Општина Карпош со 1,6 милиони евра. Останатите општини имаат помал долг од 1,4 милиони евра. 

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Вкупниот долг на општините на крајот од јуни изнесувал 64,7 милиони евра и тој е зголемен и на квартално ниво, во споредба со март годинава и на годишно, во споредба со состојбата во јуни, лани.

 

И локалните ЈП со милионски долгови

Заклучно со првата половина од годинава долгот на oпштинските јавни претпријатија изнесувал 107.601.000 евра и во однос на лани истиот период е забележено позначајно намалување. Сепак ЈП формирани од општините и натаму котираат високо на должничката листа, вбројувајќи се во групата на субјекти со највисоки доспеани а неплатени обврски.

Со должнички износ од 14,5 милиони евра, ЈП Водовод и канализација – Скопје кое е „лидер“ во групата на најзадолжени јавни претпријатија. На второ место е П Водовод Куманово со Ц.О.Куманово со доспеан, а неплатен долг во износ од скоро 12 милиони евра, а на трето место е ЈСП Скопје со пријавен долг во износ од 9,9 милиони евра.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Речиси да не постои општинско јавно претпријатие кое не прикажало доспеан, а неплатен долг кој во голем број случаи се брои во милиони евра. Така, според висината на долговите на должничката листа високо котираат и ЈКП Тетово со доспеани, а неплатени обврски во износ од 6,8 милиони евра, ЈП Водовод Охрид со 5,7 милиони евра, ЈП Комунална хигиена Скопје со должнички износ од 5,6 милиони евра,  ЈП Комуналец ЦО Струмица со 5,5 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со долг од 4,2 милиони евра, ЈП Водовод и канализација Струга должи 4 милиони евра, а ЈП Комуналец ЦО Гостивар 3,7 милиони евра. Сите овие ЈП се рангирани во првите 30 најзадолжени субјекти од вкупно 900 кои се опфатени со новата должничка листа.

Општините и ЈП на локално ниво освен што имаат актуелни долгови, на врата веќе им „тропаат“ нови милионски обврски кои допрва ќе доспеат. Во пресрет на локалните избори локалните власти веќе ја започнаа „неформалната“ кампања, а неретко при промоција на проекти,  во присуство на градоначалниците се и претставници на извршната власт. Главните проекти во пресрет на локалните избори ќе се потпираат на парите од унгарскиот кредит за кои имаше огласи за аплицирање во два навратa. 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција