АНАЛИЗА: Општински буџети: Наплата на данок на имот, високи трошоци за комуналии

Чаир - Фото:portalb.mk

Дел од општините за половина година потрошиле позначајна сума на пари за комунални сметки.  На приходната страна, пак, процентот на наплата на данокот на имот варира, ретки се општините кои за шест месеци собрале половина од планираниот износ за целата година, пишува „Порталб“ во својата анализа во којашто се прикажани податоците за општинските каси на Липково, Тетово , Сарај, Чаир, Струга, Студеничани

Дел од општините за половина година потрошиле позначајна сума на пари за комунални сметки.  На приходната страна, пак, процентот на наплата на данокот на имот варира, ретки се општините кои за шест месеци собрале половина од планираниот износ за целата година, пишува „Порталб“ во својата анализа во којашто се прикажани податоците за општинските каси на Липково, Тетово , Сарај, Чаир, Струга, Студеничани

 

Општина Липково во првата половина од годинава по сите основи на државни трансфери добила износ од 2,7 милиони евра. Оваа општина по основ на данок на имот остварила приход од 81.850 евра што претставува 48 отсто во однос на планираните средства по овој основ за целата година. На расходната страна највисок трошок се платите и придонесите, така само за плати за половина година се потрошени 1,3 милион евра и уште 532.000 евра за придонеси и надоместоци. Оваа општина повисока сума  од 600.000 евра одвоила  за „други градежни работи“ а за „купување возила“ се потрошиле 61.000 евра.

И во општина Струга најголем удел во приходите имаат трансферите од сите нивоа на власт, за шест месеци легнале скоро 5,4 милион евра. Од данок на имот за половина година општината наплатила само 455.000 евра што е 36,3 отсто во однос на планот за целата година. Општина Струга во првата половина од годинава за исплата на плати потрошила 3,5 милион евра и уште 1.4 милиони евра за придонеси и надоместоци. Високи износи има кај ставките „други градежни работи“ со износ од 605.000 евра и за „разни трансфери“  износ од 445.000 евра. За патни и дневни трошоци за половина година се потрошиле 25.000 евра што би значело дека месечно во просек се трошеле по 6.000 евра. По основ на  „договорни услуги“ за половина година од општинската каса се одлеале 250.000 евра.

Општина Студеничани  во првите шест месеци од годинава преку трансфери од сите нивоа на власт имала приход од 1,4 милион евра. Од данок на имот оваа општина од Скопскиот регион, наплатила 56.600 евра што претставува 38 отсто во однос на планот за цела 2022 година. На расходната страна за плати се одвоиле 860.000 евра и уште 350.000 за придонеси и надоместоци. Поголем износ од 180.000 евра се потрошил за „други градежни работи“ додека  комуналните сметки за половина година чинеле 100.000 евра.

Општина Тетово во првите шест месеци од годинава по осонов на трансфери добила 9 милиони евра. Оваа општина  е една од најзадолжените во земјава, за истиот период имала доспеани, а неплатени обврски во износ од 14,1 милион евра. За шест месеци од данок на имот општинската власт наплатила 1 милион евра што претставува 50 отсто во однос на планираните приходи по овој основ за целата календарска година. На општинската сметка по основ „донации од странство“ се слеале 400.000 евра, а од такси и надоместоци општината наплатила 205.000 евра. Само за исплата на плати во првите шест месеци се потрошиле 5,6 милион евра и уште 2,4 милион евра за придонеси и надоместоци.  Комуналните сметки чинеле 435.000 евра, за патни и дневни расходи се потрошиле  151.000 евра, а за договорни услуги скоро 700.000 евра. За купување возила се потрошиле речиси 270.000 евра. По основ на „други градежни работи“ од општинската каса се одлеале 450.000 евра.

Скопската општина Сарај  по основ на трансфери од нивоата на власт добила износ од речиси 2,6 милион евра. Од наплата на данок на имот за шест месеци оваа општина наплатила 195.000 евра што претставува реализација од  62,6 отсто во однос на планот за целата година. На расходната страна за плати се потрошиле 1,5 милион евра а за придонеси и надоместоци се одлеале 624.000 евра. За плаќање на комунални сметки се потрошиле 388.000 евра а за договорни услуги 105.000 евра.

Општина Чаир од трансфери од  власта  добила 4,2 милион евра. Од наплата на данок на имот за шест месеци во општинската каса се слеале 581 000 евра што претставува 49 отсто во однос на планот за 2022 година. За исплата на основни плати се потрошиле 2,7 милиони евра а за придонеси и надоместоци 1,1 милион евра. Општина Чаир за комунални услуги потрошила повисок износ од 730.000 евра, за договорни услуги 471.000 евра и уште 87.000 евра за привремени вработувања.   

Анализата на податоците за буџетските трошења на локално ниво од Министерството за финансии покажуваат дека наголем удел на приходната страна имаат државните трансфери, а највисок износ на расходната страна се троши за плати, придонеси и надоместоци, дел од општините покрај давачките за редовно вработените имаат ангажирано и привремени вработени.   

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција