АНАЛИЗА: Партиите повикуваат на излезност – граѓаните во апатија, каква порака пратија над 53.000 гласачи
Во пресрет на вториот круг од локалните избори – в недела на 2 ноември, познавачите велат дека не е исклучено да се случи уште пониска излезност во однос на првиот круг. Дополнителен феномен на изборите се и неважечките ливчиња – дури 53.713, тоа е кампус на гласови поголем од оној што го освоија некои од партиите, пишува Порталб. На овие избори бројот на неважечки ливчиња беше за трипати поголем од оној на локалните избори во 2021 година
Во пресрет на вториот круг од локалните избори – в недела на 2 ноември, познавачите велат дека не е исклучено да се случи уште пониска излезност во однос на првиот круг. Дополнителен феномен на изборите се и неважечките ливчиња – дури 53.713, тоа е кампус на гласови поголем од оној што го освоија некои од партиите, пишува Порталб. На овие избори бројот на неважечки ливчиња беше за трипати поголем од оној на локалните избори во 2021 година
Очекувања: Послаба излезност на македонскиот електорат, без промена во албанскиот
Во четири општини Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа, меѓу нив за првпат и една поголема, Гостивар, не беше исполнет минималниот цензус од 33,3 отсто излезност за успешен изборен ден. Излезноста на ниво на државата 46,48 отсто. Изборните резултати од првиот круг на локалните избори 2025 година кријат два феномени – историски најниска излезност и висок број на неважечки ливчиња. Според ДИК, секое 16 гласачко ливче било неважечко, а само во Град Скопје биле регистрирани скоро 12.300 неважечки ливчиња.
Имаме рекордна ниска излезност, првпат таа е под 50 отсто, втор момент важен за првиот круг, а ја потврдува разочараноста на електоратот, се над 53.000 неважечки ливчиња. Мислам дека има уште еден феномен, а тоа е дека првпат кај етничките Македонци е забележана помала излезност во однос на одзивот на етничките Албанци. Има повеќе причини за ваквите трендови – прво изборната битка во условно речено албанскиот блок беше поинтересна и подинамична, за разлика од македонскиот. Од друга страна ниската излезност и неважечките ливчиња покажуваат дека граѓаните се презаситени од избори кои ги имаме нонстоп изминатата повеќе од една деценија. Потоа тука е и недовербата на граѓаните во институциите и во политичките партии – вели за Порталб Џелал Хоџиќ претседател на СДА.
Политичките партии чии кандидати ќе излезат на изборниот мегдан и во вториот круг веќе ги повикуваат граѓаните да излезат и да гласаат.
СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка на нашите кандидати. Тоа се луѓе кои ќе работат во интерес на сите граѓани, кои им служат пред сè на граѓаните, нивните интереси и барања – велат од опозициската СДСМ.
Во пресрет на вториот круг веќе се во тек и меѓупартиските преговори за тоа кој кому ќе ги „отстапи“ освоените гласови во првиот круг. И покрај ваквата вообичаена „прагма“ во државата, тоа не значи и дека граѓаните ќе го слушнат гласот на политичарите, особено што повеќе од половина од гласачите останаа дома уште во првиот круг.
Јасно е дека има апатија, тоа е многу негативна појава за вкупната демократија, но причините мора да се анализираат. Очекувам дека во вториот круг ќе има уште пониска излезност, помал број на кандидати, помал број на општини… Граѓаните пратија порака дека не веруваат во политичарите и дека не веруваат оти нивниот глас ќе смени нешто – вели Хоџиќ.
Порталб уште во пресрет на првиот круг од гласањето ја отвори темата за излезноста и нејзината важност за легитимитетот на идните градоначалници и советници. На првиот круг од локалните избори 2021г. излезноста изнесуваше 50,57 отсто со само 19.127 неважечки ливчиња, што е за скоро 3 пати помалку во однос на бројот на неважечки ливчиња на првиот круг од годинешните локални избори.
На вториот круг од локалните избори 2021 г. одзивот изнесуваше 50,69 отсто со само 2.069 неважечки ливчиња. Историски, ова се првите избори на кои одзивот на гласачите бил помал од 50 отсто. Според Изборниот законик за успешност на првиот круг е потребен цензус од 33,3 отсто, но за вториот нема минимална граница, што значи дека општините ќе добијат градоначалник без разлика на бројот на граѓани кои ќе излезат да го дадат својот глас.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар