АНАЛИЗА: „Попис“ – статистичка операција под политички притисок!

Фото: portalb.mk

Последен пат попис на населението, на домаќинствата и на становите во земјава е направен во далечната 2002 година. Тогаш во земјава биле регистрирани 2.022.547 граѓани и 564.296 домаќинства. На официјалната страна на Државниот завод за статистика, заклучно со крајот на 2019 година се наведува дека во Македонија живеат 2.076.255 граѓани, што е за речиси 54.000 повеќе во однос на 2002-та, пишува „Порталб.мк“

 

 

Но, оваа бројка е направена врз основа на методот „процена на население“.  Во средината на овој месец, новиот Закон за попис се очекува да ги помине собраниските филтри, но засега без поддршка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Без попис – статистичките мерења, стратегии и проекции се под знак „прашалник”  

Законот за попис, кој треба да биде база за Методологијата за спроведување на пописот во Македонија, во Собранието ќе се гласа под “европско знаменце“. Власта е со конечен став – пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Досега сите рокови беа пробиени, законското решение требаше да биде усвоено уште во октомври лани, но не се постигна политички консензус. Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски уверува дека подготовките се во тек, дел од оперативните работи се завршени, но има и отворени прашања за кои смета дека ќе се решат и дека оваа статистичка операција сепак ќе биде возможно да се спроведе.

За оваа операција се предвидени средства од буџетот. Набавена е целата опрема, исто како и софтверското решение. Нам најважно ни е спроведувањето на терен. Колку подобра обука за оние кои ќе го спроведуваат пописот, толку поквалитетен попис. Често пати се сака вината да се префрли на политиката. Јас велам дека сите ние сме виновни бидејќи ние дадовме шанса политиката да ни го политизира пописот и тој да не успее. Сметам дека и покрај пробиените рокови и политизација ќе можеме да ја спроведеме оваа операција и да го „испереме“ името на Заводот за статистика, вели директорот Симовски.

Објаснува дека со Методологијата за спроведување на попис ќе ги има графите за “етничка” и “верска” припадност, нешто за што обвинуваше опозицијата дека Власта сака да го изостави. Исто така објаснува дека со законот се регулира бројот на „државјани” – што е според европските стандарди.

На почетокот од годинава, претседателот Ставо Пендаровски и директорот Симовски се сратнаа на финална консултација. Шефот на државата очекува попис кој ќе биде спроведен по стандардите на Еуростат. Сепак – проблем останува отсуството на поддршка од страна на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, од каде остануваат на ставот дека власата подготвува терен за „фалсификат попис”.

Каков е тој инклузивен попис за кој говори Заев во кој власта не прифати ниту еден амандман на опозицијата. Илузорно е да се верува дека една Германија, Шкотска и Ирска кои го одложија пописот поради корона кризата се помалку спремни од најнеспособната влада на Зоран Заев. Тоа јасно говори дека Заев е подготвен за нов фалсификат кој нема да биде признаен од ВМРО-ДПМНЕ јасно посочувајќи дека доколку Заев еднострано продолжи да го турка овој фалсификат се што е во надлежност и на располагање на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи да го девалвира овој политички попис, велат од опозициската партија.

Според последните најави, опозицискиот албански блок, Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе даде поддршка на законското решение.

Пописот треба да се спроведе затоа што е обврска и заради тоа што сме единствена држава во Европа која нема направено попис, заедно со Сомалија и не знам кои други држави. Срамота е после 18 години уште да правиме експеримент дали треба да има попис во државата или не. Пописот не е за да се попишат политичките партии или политичарите во државата, туку е заради граѓаните, изјави неодамна премиерот Зоран Заев.

Експертите алармираат дека без попис скоро две децении, во земјава под знак прашалник се доведени статистички мерења. Во отсуство на официјални податоци за население и домаќинства не може да прават веродостојни анализи и прогнози, да се градат национални стратегии во сите сектори, економија, социјална политика, земјоделство. Последниот обид за спроведување на попис беше направен во 2011 година.

Тогашното СЈО најави истрага за предметот „Попис“ но, при крајот на 2020 година предметот беше затворен со образложение дека нема доволно докази за кривично гонење на осомничените Али Ахмети и Никола Грувески. Новиот Закон за попис ќе се најде на пленарна седница на 18 јануари. Со годинашниот Буџет, за спроведување на пописот се предвидени 4,3 милиони евра.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција