АНАЛИЗА: Повеќе од 88.500 невработени, најбројни Албанците, над 60% од работодавачите имаат потреба од работници
За една година поднесени биле 10.143 барања за работни дозволи за странци. Додека повеќе од 60 отсто од работодавачите во земјава изјавиле дека имаат потреба од нови вработувања, во Агенцијата за вработување во јуни регистриран е месечен пораст на бројот на невработени. На пазарот на труд, според официјалните податоци, бројот на слободни работни места надмина 10.000, пишува Порталб
За една година поднесени биле 10.143 барања за работни дозволи за странци. Додека повеќе од 60 отсто од работодавачите во земјава изјавиле дека имаат потреба од нови вработувања, во Агенцијата за вработување во јуни регистриран е месечен пораст на бројот на невработени. На пазарот на труд, според официјалните податоци, бројот на слободни работни места надмина 10.000, пишува Порталб
83% од вкупниот број на невработени се без образование, со основно или со средно
За првпат од почетокот на оваа година, во јуни, според податоците од АВРМ, на месечно ниво е регистриран пораст на бројот на невработени. Во седмиот месец од годинава, како активни баратели на работа биле евидентирани 88.541 луѓе што е за 2.425 повеќе во однос на мај. Во исто време регистрирани се уште 41.281 невработени со статус пасивни баратели на работа.
Од вкупниот број на невработени – активни баратели на работа, според пресметката на Порталб врз основа на официјалните податоци, најголем број или 35.757 се етнички Албанци со удел од 40,3 отсто, 33.679 или 38 отсто се етнички Македонци, а трети по бројност на невработени се Ромите, 10.008 што претставува 11,3 отсто од вкупниот број на невработени, по што следуваат Турците со 6.564 невработени или удел од 7,4 отсто. Останатите етнички заедници или оние кои не се изјасниле според етнички клуч, учествуваа со помалку од 1,8 отсто во вкупниот број на невработени.

Според образованието, повеќе од половина од невработените или 51.390 што претставува 58 отсто се без образование или со основно образование, а 22.195 или 25 отсто од вкупниот број на активни баратели на работа се лицата со средно образование. Ова значи дека 83 отсто од вкупниот број на невработени се без образование, со основно или со средно образование.
Работни дозволи за странци и слободни работни места
Според анкетното истражување на работодавачите спроведено од АВРМ, годинава во приватниот сектор ќе има 14.498 нови вработувања во различни индустрии и со различен степен на образование. Според работодавачите, најголем дел од вработувањата се очекуваат во преработувачката индустрија, којашто високо котира според дефицит на работна сила .
Најголем број вработувања се очекуваат во преработувачката индустрија, 5.328 или 36,8 отсто, во трговијата на големо и трговијата на мало, каде се очекуваат 2.342 вработувања или 16,2 отсто од планираните вработувања, во градежништвото 1.437 вработувања или 9,9 отсто, како и во дејноста сместување и послужување на храна, каде се очекуваат 958 вработувања или 6,6 отсто од планираните вработувања – се наведува во новиот годишен Извештај на АВРМ.
Додека од една страна евиденцијата регистрира повеќе од 88.500 невработени кои активно бараат работа, приватниот сектор и натаму алармира дека недостигот на работа сила станува сè поголем проблем.
Во однос на потребата од работна сила, речиси 62 отсто од анкетираните работодавачи, се изјасниле дека имаат потреба од вработување на нови лица од различни занимања – се наведува во Извештајот.
Само лани, според официјалните податоци, обработени се вкупно 10.143 барања за издавање на работни дозволи за странци, од кои 836 барања за издавање на работни дозволи и 9.307 барања од МВР за давање на мислење за искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд.
Бројот на слободни работни места на ниво на државата варира и надмина тој е 10.100, а најмногу слободни места или повеќе од 1.670 има во преработувачката индустрија, следува угостителско-хотелиерскиот сектор со 1.644 слободни места, а на трето место со 1.483 е трговијата, додека секторот административни и помошни дејности има потреба од 1.411 вработени. И секторите градежништвото и транспорт се во потрага по вработени, во градежништвото има 910, а во транспортот 740 слободни работни места.

Во останатите дејности бројот на слободни работни места е помал од 400. На барање на работодавачите, а со намера да се задоволат потребите за работна сила на домашниот пазар на труд, на почетокот од оваа година Владата донесе одлука за зголемување на квотите на 10.000 работни дозволи за странци.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар