АНАЛИЗА: Раст на долговите на општините, општинските ЈП и здравството
И во третиот квартал од годинава се „набилда“ внатрешниот долг на дел од јавниот сектор, а најголем пораст на доспеаните, а неплатени обврски има кај општинските јавни претпријатија. Во апсолутен износ највисок долг од 263.700.000 и натаму имаат јавните претпријатија и фирмите менаџирани од државата, но кај оваа група на субјекти на квартално ниво има намалување на должничката сума, пишува Порталб. Само кон приватниот сектор долгот на државата изнесува скоро 245 милиони евра
И во третиот квартал од годинава се „набилда“ внатрешниот долг на дел од јавниот сектор, а најголем пораст на доспеаните, а неплатени обврски има кај општинските јавни претпријатија. Во апсолутен износ највисок долг од 263.700.000 и натаму имаат јавните претпријатија и фирмите менаџирани од државата, но кај оваа група на субјекти на квартално ниво има намалување на должничката сума, пишува Порталб. Само кон приватниот сектор долгот на државата изнесува скоро 245 милиони евра
Општините, здравството, ЈП на локално ниво и натаму „тонат“ во долгови
Пресметката што ја направи „Порталб“, споредувајќи ги податоците на квартално ниво покажува дека долгот на општинските јавни претпријатија за три месеци се зголемил за 22.351.000 евра, односно од 107,4 милиони на крајот од јуни се зголемил на 129,7 милиони евра на крајот од септември.

Вкупните доспеани, а неплатени обврски на jавните здравствени установи на крајот на вториот квартал изнесувале 72 милиони евра и за три месеци се зголемиле за 7,7 милиони евра во третиот квартал достигнувајќи износ од скоро 80 милиони евра. Општините во вториот квартал пријавиле доспеан, а неплатен долг во износ од 64,6 милиони евра додека во третиот квартал долгот надминал 68 милиони евра што претставува раст за 3,6 милиони евра. Намалување на доспеаните, а неплатени обврски за скоро 105.000.000 евра има кај ЈП формирани од државата и на фирмите во државна сопственост и токму ова е причината за кварталното намалување на вкупниот „внатрешен долг“ на државата. Одредено намалување има и на доспеаните обврски на буџетските корисници од прва и од втора линија (министерства, агенции, инспекторати).
Највисок внатрешно – должнички износ од 297,3 милиони евра прикажал jавниот сектор, а втори на листата се долговите кон приватниот сектор, здруженијата на граѓани и други непрофитни организации со износ од 244,8 милиони евра при што оваа сума во однос на вториот квартал е намалена за 7,3 милиони евра. Долгот на државата кон физички лица изнесува 2,7 милиони евра. Пораст има на доспеаните а неплатени обврски кон странство при што на крајот на септември износот достигна 57,1 милион евра.
Најголем долг за комунални услуги
Државата најмногу или скоро 110 милиони евра должи за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт и оваа сума во однос на вториот квартал бележи намалување за околу 14,4 милиони евра. На крајот на септември доспеаните, а неплатени обврски по основ на „материјали и ситен инвентар изнесувале 82,6 милиони евра должи, за „други тековни расходи“ долгот изнесува 74,3 милиони евра, доспеаните, а неплатени обврски за „други градежни објекти“ изнесуваат 64,5 милиони евра. Доспеаниот долг по основ на главнина од заеми земени од странски кредитори изнесува речиси 56,8 милиони евра.

На „водечките“ позиции, според износот на долговите и натаму се државните компании од енергетиката и транспортот, МЖ Транспорт со долг од 78,5 милиони евра, МЖ Инфраструктура со должнички износ од 69,2 милиони евра, на трета позиција е ЕСМ производство со скоро 61,3 милиони евра, на четврто место е ЈП Водовод и канализација Скопје со доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 39 милиони евра, а на петто е ЕСМ дистрибуција на топлина која пријавила доспеани, а неплатени сметки во износ од 32 милиони евра. Вкупниот „внатрешен“ долг на државата на крајот на септември изнесувал 602 милиони евра и на квартално ниво е намален за 87 милиони евра.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар