АНАЛИЗА: Развоен дел од Буџетот 2026 – каде се скратија, а каде се зголемија парите за капитални инвестиции?
Следната година за развојните потпрограми на Буџетот 2026 година, кои опфаќаат најголем дел од капиталните расходи во сите сектори, се наменети 607.203.000 евра и оваа сума во однос на годинашната во ребалансираниот Буџет, која изнесува 676.578.051, е намалена за 70 милиони евра. „Порталб“ споредувајќи ги податоците од новиот во однос на сегашниот буџет, анализира кои министерствата колку пари ќе добијат за јавни инвестиции
Следната година за развојните потпрограми на Буџетот 2026 година, кои опфаќаат најголем дел од капиталните расходи во сите сектори, се наменети 607.203.000 евра и оваа сума во однос на годинашната во ребалансираниот Буџет, која изнесува 676.578.051, е намалена за 70 милиони евра. „Порталб“ споредувајќи ги податоците од новиот во однос на сегашниот буџет, анализира кои министерствата колку пари ќе добијат за јавни инвестиции
Кратење во поголем дел од ресорите кои се надлежни за стратешки капитални расходи
Позначајно намалување на средствата преку развојните потпрограми на Буџетот 2026 г. има во Министерството за транспорт. Следната година овој ресор за капитални вложувања преку оваа „ставка” ќе има на располагање 199,2 милиони евра што е за 70,3 милиони евра помалку во однос на износот од годинава кој е позициониран на скоро 270 милиони евра. Намалување на средствата преку основниот буџет има за инвестиции во патната и железничката инфраструктура, а се намалуваат и средствата за железничката инфраструктура планирани преку заеми и дотации. Преку овој ресор планирана е набавка на автобуси за јавен градски превоз за што се планирани 5,1 милиони евра.
Министерството за образование следната година за јавни инвестиции преку развојните потпрограми ќе добие 31 милион евра и оваа сума во однос на годинава е намалена за 5,4 милиони евра. Споредбата на новиот во однос на сегашниот буџет покажува дека намалување на средствата има за инфраструктурни објекти во општините, изградба на основни и на средни училишта, за енергетско обновување на студентските домови додека незначително се зголемуваат средствата за изградба на училишни спортски сали во основните училишта.
Министерството за финансии – функции на држава следната година ќе располага со 37,1 милион евра наменети за развој преку претпристапната помош ИПА и оваа сума во однос на годинава е намалена за речиси 19 милиони евра.
Позначајно намалување на средствата за јавни инвестиции преку развојниот дел на Буџетот 2026 година има и во Министерството за внатрешни работи, од годинашните 32,8 милиони евра на 23,3 милиони евра и оваа сума се однесува на реформи во полиција и за реконструкција и опремување на згради, при што „кратењето“ е во ставката за реформи во полицијата.

Во Министерството за здравство најголем дел од сумата од 5,1 милион евра следната година ќе се троши за реконструкција и доградба на јавноздравствени установи и за набавка на медицинска опрема и во однос на годинава износот е скоро преполовен. За новата Општа болница Кичево резервирани се само 58.000 евра, а ист износ е планиран и за изградба на двата клинички центра во Скопје и во Штип. Во однос на сегашниот ребалансиран буџет парите за реконструкција на јавните здравствени установи се преполовени додека сумата за медицинска опрема е зголемена .
Значајно намалување преку Развојниот дел на буџетот има во Министерството за култура – догодина за финансирање на инфраструктурни проекти во општините од областа на културата се планирани 1 милион евра, што е за скоро 4.500.000 помалку во однос на годинава.
Позначајно намалување на средствата има и во Министерството за труд и социјална политика – следната година за изградба, одржување, опремување на објекти за детска заштита, објекти за социјална заштита, домови за стари лица, инфраструктурни проекти од социјалната заштита во општините, се планирани 4,3 милиони евра и во однос на годинава оваа вкупна сума е намалена за речиси 3 милиони евра.
Намалување на средствата за капитални вложувања преку развојните потпрограми на Буџетот има и во Министерството за дигитална трансформација – годинава 5,3 милион евра, а следната година 4,1 милион евра.
Повеќе пари во однос на годинава преку развојниот дел од Буџетот 2026 г. ќе добијат Министерството за економија, Министерството за енергетика, Министерство за правда. Вкупните капитални расходи следната година се позиционирани на 640 милиони евра и тие се намалени во однос на оваа економска година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар