АНАЛИЗА: Се намалува бројот на студенти – за пет години бројот на „бруцоши“ намален за 5.600 !

Фото: Порталб

Пет академски години по ред има намалување на бројот на студенти во Македонија. Анализата на податоците што ја направи „Порталб“ покажува дека последен пат незначителен пораст на вкупниот број на студенти имало во академската 2014/2015 година, оттогаш има  намалување, пишува „Порталб“. Но, статистиките укажуваат  и на друг негативен тренд – се намалува бројот на дипломирани студенти, но и на дипломци со повисоки образовни титули

Пет академски години по ред има намалување на бројот на студенти во Македонија. Анализата на податоците што ја направи „Порталб“ покажува дека последен пат незначителен пораст на вкупниот број на студенти имало во академската 2014/2015 година, оттогаш има  намалување, пишува Порталб“. Но, статистиките укажуваат  и на друг негативен тренд – се намалува бројот на дипломирани студенти, но и на дипломци со повисоки образовни титули


 Пад на бројот на студенти, дипломци, доктори на науки

Да, точно е дека изминатите години се намалува бројот на студенти во земјава. Причината секако не е намалениот интерес за надоградување на образованието туку „белата чума “ која веќе го зарази и високото образование. Сè почесто се соочуваме со ситуации кога студентите во текот на студирањето ја напуштаат земјава и образованието, воопшто живото го продолжуваат во странство.  Не се намалува само бројот на запишани студенти туку веќе се соочуваме и со намалување на бројот на новозапишани студенти  – обајснува  универзитетски професор на еден од факултетите по природни науки, дециден дека намалувањето на бројот на студенти е директна последица на „одливот на мозоци“. 

Ланската академска 2020/2021 ва година во земјава на сите високообразовни институции имало  50.881 студент што е за 1,7 отсто помалку во однос на бројот на запишаните студенти во 2019/2020 та.

                                Број на студенти             процент во однос на претходна година

2020/2021                      50.881                                               -1,7%

2019/2020                      51.734                                               –3.6 %

2018/2019                      53.677                                               –5.7 %

2017/2018                      56.941                                                -2,0%

2016/2015                      58.083                                               -3,0%

2015/2016                      59.865                                                 +0,9%                      

Од вкупниот број на студенти во академската 2021/2021 година 42.631 студирале на државните високообразовни институции додека 7.905 студирале на приватните високообразовни институции. Најголем број или 22.489 студирале на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје3.485 на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола307 на Универзитет за ИТ – Охрид7.631 на Универзитет во Тетово и 60 студенти на Верски факултет.

Во академската 2020/2021 во однос на 2019/2020 не е регистран само пад на вкупниот број на студенти, туку и намалување на бројот на запишани студенти во прва година на студии за скоро 1.400.  Компаративната анализа покажува дека од академската 2015/2016 година бројот на запишани студенти во прва година ( вклучени и студентите кои по втор,  трет и повеќе пати запишуваат прва година) е намален за 5.587.

                                     Број на студенти запишани во прва година

2020/2021                                                     12.365

2019/2020                                                     13.701

2018/2017                                                     13.931

2017//2018                                                    15.094

2016/2017                                                     16.710

2015/2016                                                     17.952

Медицинските , економските и правните науки и натаму остануваат најатрактивни научни сфери за новите студенти – со најголем број на запишани „бруцоши“.                                     

Се намалува бројот на запишани студенти – се намалува борјот на дипломирани.  Лани во земјава на сите високообразовни институции, и државни и приватни, дипломирале 6.907 што е за дури 12,3 отсто помалку во однос на 2019 година.  Во 2019, пак, во споредба со 2018 година бројот на дипломци е зголемен за 2,2 отсто.

Во 2020 намалување има и на бројот на магистри и специјалисти – лани со оваа титула се стекнале 1.758 лица што е за 8,2 отсто помалку во споредба со 2019 година. По регистрираниот тренд на намалување на бројот на студенти, на магистри, специјалисти, статистиката очекувано регистрираше и значајно намалување и на бројот на „доктори на науки“. Во 2020 година оваа престижна тутула ја стекнале 174 лица што е за 14,7 отсто помалку во однос на 2019 година. Сите овие трендови се последица на демографскиот проблем со кој се соочуваме повеќе од една деценија – иселувањето, особено на младите луѓе кои личната и професионална перспективата ја гледаат и ја бараат надовор од земјава 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција