АНАЛИЗА: Внатрешниот долг на државата се доближи до 700 милиони евра
И на квартално и на годишно ниво, пораст на „внатрешниот“ долг на државата. На крајот на првото економско полугодие доспеаните, а неплатени обврски на државата, на централно и на локално ниво, се приближија до 700.000.000 еврa, пишува Порталб.мк. Според податоците од новата „должничка“ листа на Министерството за финансии, државните железнички компании го зголемиле, а државните енергетски компании го намалиле долгот
И на квартално и на годишно ниво, пораст на „внатрешниот“ долг на државата. На крајот на првото економско полугодие доспеаните, а неплатени обврски на државата, на централно и на локално ниво, се приближија до 700.000.000 еврa, пишува Порталб.мк. Според податоците од новата „должничка“ листа на Министерството за финансии, државните железнички компании го зголемиле, а државните енергетски компании го намалиле долгот
Долгот кон приватниот сектор, невладините и граѓанските организации надмина 315.000.000 евра
Пораст на доспеаните, а неплатени обврски кон јавниот и кон приватниот сектор, здруженијата на граѓани и невладините организации, новите податоци за состојбата со внатрешните обврски покажуваат дека на крајот од јуни годинава се тие се зголемени и во однос на првиот квартал и во однос на истиот период лани. Намалување на должничкиот износ има кон странство и кон физички лица.
На крајот од јуни доспеаните обврски достигнаа 692.523.113 евра и според пресметката на Порталб, за шест месеци или во однос на крајот на декември 2025 г., тие се зголемени за 26.370.000 евра. Пораст на доспеаните, а неплатени обврски има и на квартално ниво, за дури 17.550.000 евра, додека пак, во однос на лани истиот период долговите се зголемени за скоро 3.000.000 евра.

Доспеаните, а неплатени обврски кон јавниот сектор достигнаа 344.502.000 евра и во однос на состојбата со крајот на минатата година, тие се зголемени за околу 15.000.000 евра. На второ место се обврските кон приватниот сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации, во износ од речиси 315.200.000 евра и овој долг за шест месеци е зголемен за 20.300.000 евра.

Долговите на државата кон физички лица на крајот од вториот квартал изнесувале нешто над 3.000.000 евра и во однос на крајот на декември има намалување. Во анализираниот период, намалување има и на доспеаните, а неплатени обврски кон странство, кои на крајот на јуни изнесувале скоро 30.000. 000 евра.
На новата должничка писта и натаму првите пет места се „резервирани“ за двете железнички компании, за двете енергетски државни фирми и за ЈУ од областа на здравството за потребите на здравствените институции. Споредбената анализа на Порталб покажува дека на квартално ниво државните железнички компании го набилдале долгот, додека доспеаните, а неплатени обврски на енергетските фирми се намалени.

Конкретно, на прво место со долг кој достигна скоро 91.400.000 евра е МЖ Инфраструктура, а на второ е МЖ Транспорт со доспеани, а неплатени обврски во износ од речиси 80.000.000 евра, или долгот само на овие две фирми под државна контрола надмина 171.000.000 евра. На трето место со доспеани, а неплатени обврски е ЈУ од областа на здравството (заедничката служба за потребите на здравствените институции) со долг од скоро 35.000.000 евра. ЕСМ – за производство на струја има обврски во износ од 33.900.000 евра, а ЕСМ – дистрибуција скоро 30.000.000 евра. На новата листа на Министерството за финансии се наоѓаат 903 државни институции, агенции, комисии, општини, државни фирми, локални и градски јавни претпријатија, училишта, болници, институции од социјалната заштита и културата, судови, факултети, обвинителства, министерства, кои пријавиле дека имаат доспеани, а неплатени обврски.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар