АНАЛИЗА: Внатрешниот долг надмина 441 милион евра

Фото: portalb.mk

Само за три месеци, внатрешниот долг – односно доспеани, а неплатени обврски на државни институции, министерства, училишта, судови, клиники, јавни претпријатија – е зголемен за 22,7 милиони евра. Во првиот квартал од оваа година, државните долгови достигнаа 441 милион евра, пишува Порталб.мк.

Само за три месеци, внатрешниот долг – односно доспеани, а неплатени обврски на државни институции, министерства, училишта, судови, клиники, јавни претпријатија – е зголемен за 22,7 милиони евра. Во првиот квартал од оваа година, државните долгови достигнаа 441 милион евра, пишува Порталб.мк.

 

 

Здравството, државните јавни претпријатија, училиштата, се со „надградени“ долгови. Во првиот квартал од годинава, во споредба со состојбата на крајот на минатата година, ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски, покажуваат новите податоци од Министерството за финансии. На новата должничка листа, има доспеани, а неплатени долгови од 944 институции од судството, извршната и законодавната власт. Вкупниот внатрешен долг достигна 441,3 милиони евра.

Ако се анализира според видот на државните субјекти, за три месеци долговите се зголемени во здравството и на крајот од март тие достигнаа 91,3 милиони евра, значајно се зголемени и доспеаните обврски на буџетски корисници од втора линија (образование, социјална заштита, институции за култура) и тие изнесуваат скоро 4,4 милиони евра, а раст има и на долговите на државните фирми и јавни претпријатија кои на крајот од март изнесувале 173 милиони евра.

Токму државните јавни претпријатија и фирми и здравството се на првите две места на должничката листа според вкупниот износ на долгот, а зад нив се општинските јавни претпријатија со неплатени сметки во износ од 72 милиони евра и општините со долг во износ од 64,1 милиони евра. МЖ Транспорт и МЖ инфраструктура се „лидери“ според висината на долгот.

На првите пет должнички позиции се наоѓаат четири државни/јавни претпријатија, а на петто место се јавни установи од здравството – за потребите на болниците, клиниките и Ургентниот центар. Конкретно, највисок износ на долг од 68,7 милиони евра пријавиле АД МЖ Транспорт, на второ место со доспеани, а неплатени обврски во износ од 29,3 милиони евра е ЈП МЖ Инфраструктура – овие две државни фирми со години котираат високо според износот на доспеани, а неплатени обврски.

На трето место со долг од 26,6 милиони евра е државното АД „Номагас“ кое беше формирано лани преку спојување на АД НЕР (Национални енергетски ресурси) и АД ГА-МА. Со доспеани, а неплатени сметки во износ од 22,4 милиони евра на четврто место е новоформираната ЕСМ – Дистрибуција на топлина, а јавни установи од областа на здравството се на петто место, со приближно ист долг во износ од 22,4 милиони евра.

Податоците покажуваат дека државните институции, агенции, болници, училишта, културни установи, судство, најмногу должат за комунални услуги, греење, транспорт и овие обврски надминаа 78,6 милиони евра, а приближно иста сума се должи за набавка на материјали и ситен инвентар.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција