Анализа: Во јавната администрација работат речиси 130.000 лица

Фото: portalb.mk

Во јавниот сектор во државата во 2022 година биле вработени 129.374 луѓе. Во споредба со 2021, бројот се намалил за 1.809, пишува Порталб.мк. Но, вкупниот број на вработените во јавниот сектор не соодветствува со вкупниот број пополнети работни места, од причина што има вработени пред сѐ во областа на образованието и во здравството, коишто пополнуваат работни места во две или повеќе институции на јавниот сектор.

Во јавниот сектор во државата во 2022 година биле вработени 129.374 луѓе. Во споредба со 2021, бројот се намалил за 1.809, пишува Порталб.мк. Но, вкупниот број на вработените во јавниот сектор не соодветствува со вкупниот број пополнети работни места, од причина што има вработени пред сѐ во областа на образованието и во здравството, коишто пополнуваат работни места во две или повеќе институции на јавниот сектор

 

Вработени во министерства, агенции, инспекторати

Еден од ресорите со најголем број вработени е Министерството за внатрешни работи (МВР) со 11.694 лица. Во образованието се вработени 37.231 лица, додека во самото Министерство за образование 234. И здравството апсорбира голем број вработени, 19.428 вработени додека во Министерството за здравство, во државна служба, се вработени 118 лица.

Број на вработени по сектори:

  • Образование: 37.231
  • Здравство: 19.428
  • МВР: 11.694
  • Труд и социјала:7.041
  • Правда: 931

Министерството за култура вработува 132 административци, додека секторот култура опфаќа 3.409 вработени, а во Министерството за труд и социјална политика лани работеле 243 лица, додека во јавните установи под овој ресор се 7.041. Во Министерството за правда работат 205 луѓе, додека во секторот правда се вработени 931 лице. Министерството за земјоделство вработува 1.005 лица, Министерството за одбрана 687, Министерството за финансии 575, а во Министерството за политички систем се вработени 390 лица. Во МНР работат 258 луѓе, а останатите ресори се со помалку од 250 вработени.

Вработени во министерства:

  • Министерство за земјоделство: 1.005
  • Министерство за одбрана: 687
  • Министерство за финансии: 575
  • Министерство за политички систем: 390
  • МНР: 258

Во инспекторатите, заедно со даночните и царинските службеници и инспектори (органи во состав на министерства) вработени се 4.284 лица. Од нив 1.223 се вработени во Царинската управа, 1.008 во УЈП, во Управата за водење на матични книги работат 466 луѓе а во Државниот пазарен инспекторат лани работеле 262 инспектори, додека во државниот инспекторат за труд 203.

Во агенциите и дирекциите основани од државата со статус на самостојни органи се вработени 3.360 луѓе. Најголем број – 785, работат во Агенцијата за катастар, во Агенцијата за храна има 362, во Центарот за управување со кризи има 342 вработени, во Државниот архив 275, а во Дирекцијата за спасување 255 вработени. Во останатите институции од оваа група има помалку од 230 вработени.

Вработени во правосудството

Во правосудните институции во земјава лани имало 2.613 вработени. Од нив, 2.182 се вработени во судовите, 390 во јавните обвинителства, 8 во Советот на јавни обвинители и 33 во Судскиот совет.

Правосудни институции

  • Судови: 2.182
  • Јавни обвинителства: 390
  • Судски совет: 33
  • Совет на јавни обвинители: 8

Новиот Извештај од регистарот на вработени во јавниот сектор за 2022 година покажува дека само во судовите во земјава се вработени 2.182 лица, а најголем број вработени имал скопскиот Основен граѓански суд 249 и Основниот кривичен суд со 290 вработени, следуваат Основниот суд Тетово со 124, Апелациониот суд со 120 вработени и основниот суд Куманово со 114 вработени. Останатите судови се со помалку од 100 вработени. Во сите обвинителства лани биле вработени 390 лица.

Во следното тематско продолжение „Порталб“ ќе објави податоци за структурата на вработените според етнички клуч и според степен на образование.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција