АНАЛИЗА: За 4 месеци истрошени над 72 отсто од буџетскиот дефицит, се крои ребаланс на Буџетот

Фото: Мета.мк

Со буџетски приходи пониски од планот  а  буџетски трошења  во рамки на планираното, завршија првите три месеци од оваа економска година. Од Владата веќе најавија дека ќе има ребаланс на Буџетот 2026 година. Според економистите и досегашните статистички мерења, веќе под знак прашалник се сегашните проценки за инфлација од 2,5 отсто и раст на БДП од 3,9 отсто , пишува Порталб.  За четири месеци се потрошени над 72 отсто од планираниот буџетскиот дефицит за целата 2026 година

Со буџетски приходи пониски од планот, а буџетски трошења во рамки на планираното, завршија првите три месеци од оваа економска година. Од Владата веќе најавија дека ќе има ребаланс на Буџетот за 2026 година. Според економистите и досегашните статистички мерења, веќе под знак прашалник се сегашните проценки за инфлација од 2,5 отсто и раст на БДП од 3,9 отсто , пишува Порталб.  За четири месеци се потрошени над 72 отсто од планираниот буџетскиот дефицит за целата 2026 година

 

Новиот ребаланс ќе донесе повисока инфлација, а понизок раст на БДП?

Мартовската економска криза поради новиот воен фронт на Блискиот Исток се прелеа и во вториот квартал од годинава. И месец мај започнува со ризиците од ценовни притисоци. Според аналитичарите, веќе е извесно дека ова прво економско полугодие ќе биде „промашено“ во однос на планираната инфлација и на економскиот раст, кој според нив ќе биде поблиску до 3 отсто, а не до 4 отсто. 

Се очекува економски раст од 3,3 отсто за оваа година (3,6 отсто во претходната анкета) и 3,5 отсто за 2027 година (3,8 отсто во претходната анкета). За 2028 година се очекува натамошно забрзување на растот, којшто би достигнал 3,7 отсто – оценуваат економистите во Анкетата на НБМ.

И од Владата најавија прекројување на државната каса, со оценка дека тоа е вообичаена постапка во летниот период. Според потврдени информации, ребалансот на Буџетот е во завршна фаза и се очекува оваа недела да започне владината процедура за усвојување, по што ќе биде адресиран до Собранието.

Најновите трезорски податоци покажуваат дека на квартално ниво има потфрлување на буџетските приходи, додека расходите се движат во планираната тримесечна рамка. Буџетскиот дефицит за само четири месеци изнесува 469.707.800 евра или за овој период се „потрошени“  повеќе од 72 отсто од планираниот годишен дефицит. Според Владата даночните приходи во однос на лани се проектирани на повисоко ниво, а стапката на реализација на тримесечно ниво била вообичаена за овој период од годината.

Сега засега немаме простор за паника. Граѓаните да бидат сигурни и безбедни, има кој да размислува и да води стабилни политики. Во овој момент Македонија не е држава што повеќе коленичи, туку рефлектира стабилност во регионот и така ќе продолжиме – изјави премерот Христијан Мицкоски.

Според податоците од Министерството за финансии, на крајот на првиот квартал вкупните буџетски приходи изнесувале 1.318.900.000 евра или за три месеци реализација од 21,67 отсто, ниво кое е пониско за околу 4 отсто во однос на тримесечната рамка од 25 отсто остварување. На приходната страна, најниско ниво од 18,55 отсто остварување има кај акцизата, додека од наплата на ДДВ во буџетската каса се слеале 304.707.800 евра што претставува реализација од 20,29 отсто, а реализацијата кај данокот на личен доход изнесува 21,16 отсто или 133.247.000 евра. Остварувањето на приходите од данок на добивка изнесува 25,39 отсто.

 

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

За три месеци трошоците на државата изнесувале скоро 1.727.000.000 евра или реализација од 25,68 отсто. Буџетскиот дефицит во анализираниот период изнесувал 308.100.700 евра или 64,07 отсто од планот за целата економска година. Но, според податоците од „Отворени финансии“, минусот во буџетската каса се зголеми и во текот на април, па така до крајот на четвртиот месец тој достигна 469.707.800 или над 72 отсто во однос на годишниот план.

Според опозициската СДСМ, државната каса се соочува со проблем, а недостигот на пари ќе се премостува со нови задолжувања.

Власта не само што не успева да обезбеди повеќе приходи, туку и одбива да ги поддржи граѓаните во време на криза, нема покачување на платите и пензиите, не прифаќа покачување на минимална плата од 600 евра и нема никакви мерки за заштита на животниот стандард – сметаат од СДСМ.

По ММФ и Светска Банка ги намали прогнозите за економскиот раст на нашата економија на 2,9 отсто. 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција