АНАЛИЗА : За греење, парно, транспорт, институциите должат над 81 милион евра , милионски долгови и за инвентар
Од вкупните внатрешни долгови на државно и на локално ниво во износ од скоро 400 милиони евра, дури 20 отсто се само по основ на неплатени сметки за комуналии, струја, греење, транспорт, а скоро 22 отсто од долгот е за неплатени материјали и ситен инвентар, пишува Порталб
Од вкупните внатрешни долгови на државно и на локално ниво во износ од скоро 400 милиони евра, дури 20 отсто се само по основ на неплатени сметки за комуналии, струја, греење, транспорт, а скоро 22 отсто од долгот е за неплатени материјали и ситен инвентар, пишува Порталб
Здравството, општинските и државните јавни претпријатија со најголем долг
Највисоки милионски износи на долгови пријавиле здравствените институции,болници, клиники, институти, потоа општинските јавни претпријатија, јавните претпријатија во државна сопственост и државни фирми. “Порталб“ направи компаративна анализа за состојбата на долговите на годишно ниво. На крајот од третиот квартал јавните здравствени установи пријавиле долг во износ од 104 милиони евра – со раст од скоро 42 милиони евра во однос на третиот квартал од 2021 година.
Доспеани, а неплатени обврски
септември 2022 септември 2021
Јавни здравствени установи 103.810.000 евра 62.100.000 евра
Државни фирми и ЈП 126.000.000 евра 124.660.000 евра
Општински ЈП 70.800.000 евра 52.300.000 евра
Раст на долговите во септември 2022 во однос на истиот период лани има и кај јавните претпријатија во државна сопственост и државните фирми – доспеаните, а неплатени обврски изнесуваат 126 милиони евра, а долговите на општинските јавни претпријатија се во износ од 70,8 милиони евра, што е раст за 18,5 милиони евра.
Над 40 отсто од долговите за комуналии, инвентар , материјали
За комуналии, струја, вода, транспорт, телефони, интернет, мебел и и инвентар – по овој основ се најголемите долгови на државните институции, јавни претпријатија, општини, здравство, образование. На крајот од третиот квартал од годинава само по основ на комунални сметки ( струја, вода, комуникации) доспеаните а неплатени обврски на институциите на државно и на локално ниво изнесувале фантастични 81,3 милиони евра и во однос на истиот период лани се зголемени за цели 35,5 милиони евра.
Доспеани, а неплатени сметки
септември 2022 септември 2021
комунални сметки 81.300.000 евра 45.780.000 евра
материјали и ситен инвентар 84.755.000 евра 45.056.000 евра
договорни услуги 42.933.000 евра 33.100.000 евра
патни и дневни расходи 161.000 евра 253.500 евра
Милионски износи на долгови и по основ на набавени а неплатени материјали и ситен инвентар, долг од скоро 85 милиони евра со зголемување за драматични 40 милиони евра во однос на истиот период лани. Високи износи на неплатени обврски има и за „договорни услуги“, на крајот од септемрви 2022 година долгот бил скоро 43 милиони евра додека во истиот период лани изнесувал 33 милион евра. На годишно ниво раст има и кај долговите за патни и дневни расходи, од 161.000 евра во септември 2021 се зголемиле на 253.500 евра.
На новата должничка листа што ја објавува Министерството за финансии долгови пријавиле 864 институции на државно и на локално ниво – министерства, болници, училишта, судови, факултети, општини, јавни претпријатија, институции од културата. Од министерствата највисок износ на долг од 1,5 милион евра пријавило Министерство за образование, Министерството за култура должело 860.000 евра а трето по висина на долгот е Министерството за правда со износ од 611.000 евра.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар