АНАЛИЗА: Заострени услови за кредитирање за фирмите и за граѓаните

Фото: portalb.mk

Заострената монетарна политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија, што е еден од факторите за заострување на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб

Заострената монетарна политика се одрази врз каматите на кредитите – банките ги зголемија, што е еден од факторите за заострување на условите за кредитирање. Банкарите очекуваат дека овој тренд ќе се одржи до крајот на оваа година. На 31 октомври вкупната кредитна задолженост на граѓаните и на фирмите надмина 6,7 милијарди евра, пишува Порталб

 

 

Кредитирање на фирмите

Компаниите во банките на основа на кредити се задолжени со 3,2 милијарди евра, сума која постојано расте и на месечно и на годишно ниво. Во октомври кредитната задолженост на фирмите на месечно ниво се зголемила за еден отсто, додека на годишно за 12,9 отсто.

            Кредити на фирми

Кредити во денари                             1.915.300.000  евра

Кредити во странска валута              1.330.050.000 евра

Вкупно                                                 3.245.350.000 евра

Речиси 70 отсто од кредитите се денарски, а останатите 30 отсто во странска валута. Банкарите во последната анкета на Народната банка оценуваат дека побарувачката за кредити од страна на фирмите се зголемена, но дека условите за кредитирање се заострени поради повеќе причини, а една од нив е и растот на каматите, како последица на затегнатата монетарна политика.

Банките укажуваат дека каматната стапка, барањата за обезбедување и некаматните приходи, предизвикуваат нето-заострување на кредитните услови, посилно во споредба со претходната анкета, се наведува во анкетата.

Поголема побарувачка за кредити има од страна на малите и среди фирми, и тоа во најголем дел за краткорочни кредити, додека кај големите фирми побарувачката е насочена кон долгорочни кредити.

 

Кредити за граѓаните

Се зголемува и кредитната задолженост на граѓаните. На крајот од октомври, домаќинствата во банките должеле 3,2 милијарди евра. На годишно ниво растот изнесува 7,5 отсто додека на месечно 0,5 отсто, што покажува тренд на забавување на кредитната изложенст на граѓаните. Сепак, од почетокот на годинава до крајот на октомври, кредитната задолженост на домаќинствата е зголемена за скоро 209 милиони евра.

 Кредити на домаќинства

                     Кредити во денари                          1.837.000 000 евра                   

Кредити во странска валута     1.409.000.000 евра

Вкупно                                              3 .246.000.000 евра

Граѓаните најмногу должат за потрошувачки кредити – износ од 1,8 милијарди евра,  и за станбени кредити – износ од 1,2 милијарди евра. По подолг период на олеснети услови за кредитирање, по одлуката на НБРСМ за затегнување на монетарната политика и банките ги заострија условите за кредитирање на населението и очекуваат овој тренд да продоложи до крајот на оваа банкарска година – пред сѐ, преку повисоки камати, но и провизии. Дел од банките веќе соопштија дека ги зголемуваат провизиите.

За четвртиот квартал од 2022 година, банките очекуваат изразено нето – заострување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата. Кај каматната стапка и на станбените кредити и на потрошувачките кредити, се забележува заострување, за разлика од подолгиот период на нето-олеснување. Исто така, провизиите (кај станбените кредити) укажуваат на умерено нето-заострување, се наведува во Анкетата на НБРСМ.

 

Раст на каматите

По зголемувањето на каматите, забележано е намалување на побарувачката на кредити – тренд кој банкарите очекуваат да продолжи и во ова, последно, тромесечје од годинава.

  Просечна камата на кредити

Вкупни кредити                                   4,40 отсто

Новоодобрени кредити                      4,44 отсто

-фирми                                                4,36 отсто

-домаќинства                                      4,58 отсто

Во четвртиот квартал од 2022 година, банките очекуваат натамошно нето-намалување на побарувачката на кредити од страна на домаќинствата, соопштува Народната банка.

Каматите на вкупните новоодобрени кредити се зголемија на 4,44 отсто, за фирмите достигнаа 4,36 отсто,то е највисока стапка од октомври 2021 година. На каматите за кредитите за домаќинствата во октомври во однос на септември има мало намалување, со што каматната стапка на новоодобрените кредити беше на ниво од 4,58 отсто.

Токму во октомври годинава е регистрирана и највисоката преосечна камата на вкупните кредити во однос на изминатата година (од октомври 2021), која достигна 4,40 отсто.

На крајот на октомври, вкупната кредитна задолженост и на граѓаните и на фирмите изнесува 6.734.000.000 евра.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција